Пчеларникот во фебруари PDF Печати Е-пошта
Ниво на корисникот: / 13
НајлошоНајдобро 
Актуелно - Пчеларски календар
Сабота, 07 Февруари 2009 21:37

05/02/2011 Кратово с. Филиповц fotoA.T.

На пчеларникот во фебруари
Фебруари е првиот месец од перодот кога пчелината заедница е во фаза на развој.
Развојот се одвива во тримесечниот период (фебруари, март и април) токму кога се буди и развива  природата со се побујната вегетација и пообилно цветање на билките.

 

Ова е период кога на пчелината заедница и е најпотребна помош од пчеларот,кога интервенцијата на пчеларот дирекно во кошницата е најголема.

Многу знаење,многу практични искуства и многу работа е потребна  на пчеларникот во овој период.Извршените работи на пчеларникот во Фебруари,март и април дирекно влијаат на  медоберот во тековната година.

Фебруари е месец во кој температурите полека се покачуваат а во одделни години во некои сончеви денови достигнуваат  и до +18 степени.Овој месец изобилува и со температурни разлики што негативно се одразуваат  врз развојот на пчелината заедница.

Колку можат да бидат нагли промените во овој период посебно денес кога сме сведоци и на глобалните климатски промен укажуваат случубањата на 08/02/2009 годин (недела).Утрешните температури беа над 140 ,со јужен ветер и променлива облачност која ненадејно се зголеми и околу 11 Ч беше пропратена со силни грмежи и врнежи од град во големина на зрно грав.Врнежите траеа околу 15 минути .Пота дојде до разведрување и сончев период со релативно високи темератури. Ваква појава во овој период од годината не се паметат во Кратово . До 18 фебруари беше студено и релативно топло на 18/02/2009 пофторно  падна снег околу 30 цм.А температурите се спуштија  6 степени под нулата.   foto A.T.

Во Фебруари и покрај снежната покривка првите весници на пролета полека расцутуваат тоа е кокичето од кое пчелите го добиваат првиот нектар и цветен прашок .Тука е и каќумката  и  леската чии ресасти цветови изобилуваат со цветен прав. Оваа година цветот на лескат која беше почнала да се расцветува беше прекинато цветањето од изразено ниските температури. 
Како што се буди природата и пчелината заедница иако сеуште е во клубе полека ја покачува температурата и во средиштето таа изнесува околу 31 степен.Матицата полека почнува да лежи јајца и пчелината заедница влегува во активна фаза.Веќе се повеќе се чистат келиите се припремат за легло и доколку надворешната температурата дозволи леглото брзу се шири.   Но иако ќе звучи изненадувачки:
прва задача на пчеларот  е да го забави развојот на леглото во февруари недозволувајки тоа да се развие во многу поголем обем отколку тоа е нормално за овој период од годината.Ова се постигнува со намалување на температурата во кошницата проширувајки ги летата,намалувајки го утоплувачкиот материјал но и зголемувајки ја вентилацијата.
чистењето на подницата и летата е исто така важна работа .При чистењето на подницата многу е значајна анализата на отпадниот материјал кој укажува на тоа како зимувала пчелината заедница каква е состојбата со храната ,како функционирала вентилацијата и т.н. Доколку на подницата има двеста до триста мртви пчели тоа зборува дека заедницата добро презимила,доколку има само ситни отпадоци од восок без мешавина на кристали од мед,дека се е во ред со квалитетот на медот ит.н.за ова зборувавме во претходните месеци.
Детална контрола на состојбата на резервната храна,посебно на  цветниот прав во кошницата.Во фебруари посебно во фтората половина од месецот потребата на пчелината заедница за цветен прашок значително расте што најчесто се надополнува со специјално подготвени медно шекерни погачи во кои се додава беланчевинеста храна како   што е сојата,млечнопто брашно,пивскиот деактивиран квасец,пекарскиот квасец,несолена урда и т.н.Меѓуто додавањето на гореспоменатите состојки е дискутабилно од повеќе причини:Сите гореспоменати состојки се од потекло кое пчелината заедница воопшто не го користи во природата и за нивно искористување се потребни големи напори од пчелината заедница да се разложат и истата да ги искористи за своите потреби.
Преглед на материјалот за затоплување ,доколку е влажен  задолжително да се замени Влажностана на материјалот за затоплување при добра вентилација и силни друштва доаѓа од ослободената влага при трошењето на медот.Влажниот затоплувачки материјал ја губи својата функција и само повеќе ја разладува кошницата наместо да ја топли.Затоа на место влажниот материјал треба да се стават суви хартии ткеенини и сл.
Прихранување на пчелината заедница, само ако е тоа неопходно.
Во горекажаното ја споменуваме прихраната како важен фактор за развојот ,но и нагласивме дека преголемо дозирање со беланчевинаста храна е непрепорачливо,бидеки тоа го оптеретува пчелиниот абдомен и често доаѓа до појава на цревни заболувања кај пчелите ноземоза,паратиф,септикемија и др.

5 килограми мед

20 килограми шекер во прав

1 килограм полен

1 пакување нозецид.

 

 
Коментари (4)
4 Сабота, 18 Февруари 2012 03:41
Dimko
jas sum vo sad vo novembar mesec naidov na eden roj na edno drvo kupiv sandak igo smestiv vo sandakot so7-8 ramki nadrvoto imase samo 2 piti od vosok dodeka po zemjata imase ispadnati izakisnati piti od leglo na mladi larvi.posto nemase nikakov med odma pocnav damu davam hrana vo novembaro so seker 1/1 a vo dekemvri mu naprajv 3 pogaci po 3 kila so prav seker socesnak luk somelen iso kupen med gi izmesiv vo vid na testo taka kegi hranam do 15 mart,neznam kolkue dobro postapeno drustvoto e dobro vo potopli denovi ima letovi,neznam kogae pogodno za davajne na lekovi i protiv sto ve molam dokolku mozi nekoj dami odgovori iobjasni dali postapiv dobro kevi bidab blagodaren.petok 17 februar 2012god.
3 Среда, 02 Февруари 2011 22:13
Nikola
Od receptov kolku pogaci izleguvaat i ako moze da se dade recept za edna ili za 10 pogaci

Pozdrav
2 Четврток, 18 Февруари 2010 19:47
Zoki
Zdravo administratore sakam da kupam pcelni semejstva,.Bidejki sum mlad i ne mnogu iskusen pcelar bi te zamolil da mi preporacas nekoj renomiran pcelar koj ke mi garantira za nivnata zdravstvena sostojba.Mojot mail za kontakt e zoranmanasiev@yahoo.com.Fala odnapred
1 Понеделник, 08 Февруари 2010 22:11
Славчо
Прекрасно објаснување.Од 46-47кг храна ,колку погачи излегуваат?Колку се делотворни оние народски дотатоци против ноземоза во погачите како на пример лук,мелени пиперки и слично?

Додади го твојот коментар

Вашето име:
Наслов:
Коментар (тука може да се користат HTML tags):