Клима - врнежи |
Значајни теми - Климатски промени | |||
Петок, 13 Март 2009 17:31 | |||
Врнежите се една од метеоролошки појави кои се од пресудно значење за медењето. Влагата во воздухот и почвата е основен фактор кој овозможува обилно медење на медоносните билки. Кратово,обилни врнежи во третата декада од јуни 2009 ќе бидат добредојдени посебно за ливадската паша. Во Македонија распоредот на врнежите е многу неправилен. Поради планинскиот карактер близината на Јадранското море и влијанието на западните воздушни маси најмногу врнежи пагаат во западниот планински дел на Македонија. Најмалку врнежи има во централниот дел, додека во источниот планински дел на Македонија пак се зголемуваат.На просечно 100м надморска височина врнежите се зголемуваат за околу 56мм. Така годишно на Кораб, Деша, Јабланица, Бистра, Стогово и Маврово годишно паѓаат повеќе од 1000мм воден талог а има просечно 96 врнежливи денови.Во котлините просечните врнежи се од 500 до 1000 мм. Во Полошката и Кичевската Котлина, струшкото поле, Преспа и Гевгелиско валандовската Котлина имаме просечни врнежи од околу 700 до 1000 мм воден талог. Додека пак во Пелагонија, Охритската и Струмичката котлина, Малешевијата, Осоговијата, Кривопаланечкиот регион, Кумановско, Скопската Котлина и дел од повардарјето има врнежи од 500 до 700 мм, воден талог. Најсушни простори со врнежи под 500мм се Средното повардарје,(Велес,Тиквеш) и Овчеполието.Врнежи од град 8 ми февруари 2009 Кратово Најмногу врнжи во Македонија има во есен зима и пролет. Во годишното учество врнежи големо учество завзема снегот, чие количество се зголемува со надморската височина. На Шар Планина, Бистра, Кораб и др. планини снежната покривка е поголема од 2 метра и се задржува повеќе месеци (пчелината заедница добро зимува под снежната покривка, меѓутоа треба постојано да се проверува да не се заледат отворените простори на летата , со што ќе се оневозможи циркулација на воздухот во кошницата и може да дојде до гушење на пчелината заедница.Пчелините семејстава најчесто се сместени на пчеларници каде се задоволени основните услови и каде што е возможно нивно контролирање. Искуството од зимата 1985 година покажа дека пчелините заедница која беше целосно под снежна покривка а имаше доволно храна немаше никакви последици од зимувањето.Се случи затоплување а потоа големо заладување.Снежната покривка замрзна по целата површина и тогаш мораше да се отстрани замарзнатиот дел на површината и да се исчисти пред летата.Опасноста од изумирање е токму во тоа заледување на површината на снежната покривка со што е намалена или оневозможена циркулација на воздухот.Во години со просечни врнежи од снег пчелините сандуци се делимично покриени со снег што многу добро ги штити пчелините семејства од енормно ниските температури и студрните ветрови ) Во Гевгелиско - валандовската котлина и тиквешката котлина дебелината на снегот изнесува неколку сантиметри, а снегот се топи за 8 до 10 дена.Максимум на воден талог е забележан 1962 во Жировница 2.792 мм.А најмалку врнежи во Гратско 1948/49 година со само 163 мм.Неправилниот распоред на врнежите може да предизва повеќе метеоролошки - климатски појави како што се : Една од најдолгите суши со траење околу 200 дена е забележана во Тиквешката котлина 1985 година .Но како сушни се бележат и годините од 1997 -до 2000 година .
|
Иако пчелиниот восок на пониски температури е кршлив на температура од 30 степени е доволно еластичен и сатните основи произведени од чист восок пчелите извонредно ги прифаќаат.Доколку додадениот парафин во голем процент е присутен или доминира во составот на сатната основа тогаш при сечењето на сатната основа може да се забележи светол сјај,додека на сатна основа од чист восок пресекот нема сјај.
Od iskustvo?
Od kniga?
Od rekla-kazala?