Производство на матична млеч |
![]() |
![]() |
![]() |
Значајни теми - Tехнологии на пчеларење | |||
Недела, 15 Март 2009 20:20 | |||
Добивање на матична млеч Поради тоа што тогаш во матичникот има најповеќе млеч и со најдобар квалитет. Матичната ларва стара 3 дена внимателно се вади од матичникот се става на парче хартија и се спалува, поради зачувување на хигиената и спречување појава на заразни заболувања кај пчелите. Потоа со дрвено лажиче матичната млеч потполно се вади од матичната чаура се процедува преку свилена ткаенина и се става во шишенца ,најдобро темно обоени а потоа во фрижидер за длабоко замрзнување со што се зачувува квалитетот на млечот за подолг период. Иако количините на вака добиениот матичен млеч се мали сепак тој е со најдобар квалитет,затоа што квалитетот на матичната млеч зависи од јачината на пчелиното семејство, од обемот и квалитетот на пчелината паша како и од старосната структура во пчелиното семејство(треба да има млади пчели кои лачат матична млеч).
Тогаш над првиот кат се става матична решетка со предно лето,кое пчелите леталки ќе навикнат да го користат. По девет дена се вадат две рамки од долниот спрат . Се стресуваат пчели од отвореното легло од горниот спрат,кој заедно со матицата се става на подницата ,над него метичната решетка се заменува со лесонитна подница со предно лето(која целосно ги предвојува пчелите и тие немаат меѓусебен контакт) а над лесонитната подница се става првиот спрат во кој нема матица но има многу млади пчели и пчели летаталки кои се привикнале на горното лето.
За полесна манипулација може да се користи лесонитна поклопна даска над која ке се става лесонитната подница. По три дена (60-65 часа)се вадат рамките на кои се наоѓаат започнатите и прифатени матичњаци. Од нив се вадат тридневните ларви и се вади матичната млеч. Во фториот случај постапката е иста со таа разлика што после 24 часа откако се ставени рамките со пресадените ларви се вади лесонитната подница и на нејзиното место се враќа матичната решетка. По три дена се вадат рамките со пресадениот материјал на кој се наоѓаат започнатите матичњаци.Постапката може да се повторува зависно од условите во природата и јачината на пчелината заедница.Успехот во фториот случај е добар само во сезоната на роење кога пчелиното семејсто е исклучително силно и има од 60 до 80 000 пчели а пчелина паша има во изобилство. При оптимални услови за производство на матичен млеч од 1000 матичњака се добива 350 грама матична млеч. Во едена пчелина заедница можат да се вметнат 2 рама со по 32 матични основи со пресадени ларви. Пресадувањето и внесувањето на пресадените еднодневните ларви е исто како и при производство на матици. Попширно за пресадување на ларвите со користење на Јентеровиот апарат во идните статии.
|
Сега да те прасам несто друго се разбира ако сакас одговорими. Јас поцнав ланската година и имам 9 семејств ланструт .Купив нови косници и сакам да ги напрам до 40 .Казими ти кој е најдобар нацин на роене по твое и најбезболен П О З Д Р А В