Коментари -
Сите коментари
|
Сабота, 21 Март 2009 15:47 |
Пчелиниот восок е производ на пчелите работнички кои го лачат од восочните жлезди и е сто посто природен производ.Парафинот пак е произведен по хемиски пат од нафтата и има хемиски состав С18Н38 до С35Н72.
Иако пчелиниот восок на пониски температури е кршлив на температура од 30 степени е доволно еластичен и сатните основи произведени од чист восок пчелите извонредно ги прифаќаат.Доколку додадениот парафин во голем процент е присутен или доминира во составот на сатната основа тогаш при сечењето на сатната основа може да се забележи светол сјај,додека на сатна основа од чист восок пресекот нема сјај.
|