Клима - ветер PDF Печати Е-пошта
Ниво на корисникот: / 9
НајлошоНајдобро 
Значајни теми - Климатски промени
Недела, 29 Март 2009 00:59
Индекс на артиклот
Клима - ветер
Ветровите во Македонија
Сите страни

Ветровите имаат големо влијание на лачењето нектар од растенијата . Топлите  и суви ветрови само за миг можат да го запрат обилното медење на одредени билки и да  го забрзаат нивното прецветување.

 

Ладните и силни ветрови ја успоруваат работата на пчелите што исто така ги намалува приносите на мед и влијае на другите активности на пчеларникот.Во студените зими,  северни ветрови се вистинската опасност за пчелините семејстава бидејки температурата миожат да ја симнат и под -20 степени целзиусови кога и масовно страдаат пчелите кои се на периферијата на пчелиното клубе.Поради тоа пчеларниците треба да се лоцираат во заветрини, посебно заштитени од северниот ветер. Најчесто пчелите се лоцираат покрај меѓи багреми и каде природни препреки го намалуваат  дејството на ветерот на пчелините семејстава . Меѓутоа во одредени случаи пчелите се заштитуваат и со поставуванје не вискоки дрвени огради околу пчеларникот за да штитат од северните и западните студени ветрови.Пчелините сандуци можат да бидат поставени и под настршници , во колиби и камиони како што е случај со АЖ кошниците каде влијанието на неповолните ветрови значително е намалено.Пчелините сандуци  од ветровите можат да се заштитат и со обвивање со хартија или специјални пластични обвивки .

Во последните неколку години Кратовскиот регион е изложен на ладни пролетни ветрови посебно во март, април и мај што го забавува развојот на пчелината заедница, зголемувајки ја смртноста кај пчелите излетнички посебно кај слабите заедници кои имаат потреба од општење со околината и во многу неповолни услови.
29/03/2009 недела, Кратовскиот регион е зафатен со силен јужен ветар ,кој го спречува излетувањето на пчелите,облачното време и релативно ниската температура донесе уште еден лош ден за пчелие и нивниот пролетен развој. Опасноста од големи губитоци на пчелините семејства се зголемува имајки ја во предвид замената на пчелите што треба да се изврши во април старите пчели ќе изумираат а млади пчели речиси и да нема излежани.



 
Коментари (1)
1 Недела, 16 Април 2017 20:06
Mama Mia Piceria
Mi se dopagja ova

Додади го твојот коментар

Вашето име:
Наслов:
Коментар (тука може да се користат HTML tags):