Апитерапија PDF Печати Е-пошта
Ниво на корисникот: / 8
НајлошоНајдобро 
Актуелно - Пчелите и здравјето
Понеделник, 30 Март 2009 23:25

Апитерапија
Медот во животот на луѓето секогаш претставувал здрава и достапна храна која успеала да се одржи и покрај појавата на ефтиниот индустриски шекер.Во сите народни медицини  на сите страни од светот бележиме бројни рецепти со повеќе или помалку мед во нив.

Генетски модифицирана модерна храна ,пушењето,стресот,загаденост на водата и некои лекови создаваат натрупување на штетни состојки во организмот но медот успешно ја спречува појавата на болест.

Неговата лековитост одамна е позната и во народната медицина медот се користел за освежување на организмот,пред се на децата и старите луѓе. И научниците му препишуваат антибактериски ,антисептички и антиоксидациски својства. Медот неспорно е користен за здравјето ,а ја зајакнува функцијата при работата на срцето и крвотокот. Колку е лековит научниците уште истражуваат но сите се согласуваат дека медот има лековити својства.

Историјата на Апитерапијата е неколку векови наназад, 20 века во Кина ,многу помалку во Источна Европа, и уште помалку во САД.Мед,прополис,пчелин отров ,матичен млеч ,восок се препознатливи како природни производи со лековити својства. Во Кина веќе долго време е позната апиакупунтура каде се работи со пчелин убод во акупунтурните точки. Кинезите го користат матичниот млеч како подлога заедно со пчелиниот отров. Сите земји веќе со векови ја применуваат апитерапијата,како еден од облиците на лечење но независно од другите облици или со сосема малку заеднички допирни точки. Медот може да се користи и како лек за заздравување на длабоки рани , единствено е важно длабоко да се стави во раната. Во почетокот на овој век пчелините производи се проучувани  од многу лекари и научници од Европа и САД.Овие истражување траеле се до појавата на антибиотиците. Тогаш вниманието се посветувало се повеќе на борбата против микробите , а не повеќе на нивниот домаќин и состојбата на неговиот имунолошки состав. Почетноит голем успех на антибиотиците потикна начин на размислување кој е раширен во САД и кој е поскулат на модерната медицина . Денеска потполно се игнорира мислата на големиот француски филозоф Клауде Бернард кој вели ,,Микробот не е важен!Важна е состојбата на неговиот домаќан.,,


Главни правци за развој на апитерапијата се:
Остварување на стандардните мерила за производство,манипулација и продажба на пчелините производи кои имаат лековити својства.
Создавање на листа на стандардни индикации на болести кои можат успешно да се лечат со пчелините производи
Утврдување на главните правци на развојот на апитерапијата во светот
Прилагодување на пчелините производи со ситуациите во различни држави

 

Додади го твојот коментар

Вашето име:
Наслов:
Коментар (тука може да се користат HTML tags):