Почетници во пчеларството PDF Печати Е-пошта
Ниво на корисникот: / 36
НајлошоНајдобро 
Пчеларење - Почетници
Понеделник, 30 Март 2009 23:31

Добредојдовте !

 
Коментари (19)
19 Среда, 21 Септември 2016 22:46
Mirce
Slusam deka pobaruvackata na med ide vo nagorna linija,pa sum zainteresiran za investiranje!Kolku med se dobiva od edno semejstvo,i dali postojat luge ili kompanii sto prodavaat po 100,200 sandaci?
Kakvi subvencii moze da se zemat od m.za zemjodelie,i dali postojat pcelari sto bi rabotele za plata/honorar?
18 Среда, 15 Април 2015 10:55
petar popovski
imam pcelno semejstvo so dve race pceli
dali i do koga ke se razvie ako gi ima site hranlivi materii
kako polen med sirup itn
17 Понеделник, 24 Мај 2010 16:49
jovica krstevski
здраво на сите, јас сум нов пчелар! започнав со два сандака ЛР-10 сакам да ги ројам сега ми се на три спрата и се полни со пчелки едниот има над 15 затворени матичњаци а другиот исто така но нема ниту еден затворен. Колку можам да изројам и како?
16 Сабота, 22 Мај 2010 09:51
Dzoko
Kade moze da nabavam centrifuga
15 Петок, 21 Мај 2010 18:23
sek
ve kontaktirav pred 2 meseca koga vi kazav deka sakam da pocnam so pcelarstvo i ve prasuvav za soveti...epa sega i ke mi trebaat...zedov 4 db sandaci so izroeni pcelni semejstva....kako da gi pojacam ....dali treba da mu davam prihrana(serbet) i kolku vreme....sandacite imat 2 poluspatcinja...dali treba da im skratam po edno na site 4 sandaci...dali moze da ve najdam na fb?
blagodaram
14 Вторник, 05 Јануари 2010 17:47
sekrevski
veke edna godina se spremam da pocnam so pcelarstvo....veke imam 6 sandaci....5 gi napraviv sam a eden mi e poklon od star pcelar koj nema veke pceli i 10 god sandagot mu bese vo magacin...toj sto mi go poklonaa so sto mozam da go desinficiram najdobro i kako...?
preku razgovori so treti lica me poucuvaat da pobaram subvencii...sto mozam da pobaram od drzavata i kako???
i najvazno vo koj mesec da gi zemam rojcinjata....ili da zemam matici od apicentarot ??????
mislam sto e podobro...???
13 Вторник, 22 Декември 2009 17:04
Администратор
Голем поздрав до Јаким и благодариме на активното учество и поставеното прашање.За да се овозможи дискусија за одредено прашање на сајтот после секој коментар постои опција Одговор . Кликнувате на Одговор и го давате вашето мислење или одговор со што се формираат повеќе коментари по одрдено прашање. На пр.Коментари(1),Коментари (2)..Конкретно на вашето прашање веднаш е одговорено и тоа од Администраторот. Веднаш под вашето прашање во десниот агол стои Коментари(2) со притисканје на Коментари (2)Ќе можете да го видите одговорот на вашето прашање.Истото можете да го видите и со кликнување на Коментари во топ менито. Поздрав пчелар.мк
Многу добра страна!
11 Среда, 23 Септември 2009 17:58
Администратор
Постојат повеќе фактори кои влијаат на развојот и одржувањето на силни пчелини семејства. Еден од нив се климатските фактори за кои пишуваме а тоа се температурата ,релативната влажност на воздухот,распоредот и квалитетот на врнежите, сончевиот сјај,степенот на ултравиолетовото зрачање и др.
Сите овие фактори влијаат на медењето,обилноста на полен кај билкитеа од што зависи обемот и квалитетот на пчелиното легло.Освен тоа во перодот јули септеври развојот на Вароата е во голем пораст што дополнително ја ослабува пчелината заедница.Освен тоа пчелите работнички живет пократко на многу интензивна паша.
10 Среда, 23 Септември 2009 13:42
Zlatko
Imam 13 drustva LR gi odnesov na pasa na kosten ama so zakasnuvanje. Prvata nedela polnea a ponataka nisto i sega drustvata se mnogu slabi prepoloveni vo odnos pred pasata(slabi).
Ke bide tesko da prezimat.
Zosto se slucuva vaka.
9 Четврток, 18 Јуни 2009 18:41
Администратор
Нема рокови при центрифугирањето на медот.Медот треба да се центрифугира кога во рамките од медиштето ќе биде целосно поклопен или најмалку 2/3 од внесениот мед .Кога има силна паша и медиштата брзо се полнат и заклопуваат се практикува цедење на медот од соодветнта силна паша,како после багремот,ливадата ,липата, со што се добива багремов,ливадски,липов мед и тн.
8 Четврток, 18 Јуни 2009 18:27
Администратор
Кај нас најчесто се користат пчелини сандуци од типот Дадан Блат,Ланстрот Рут и Фарар.Во трговијата ДБ сандуците имаат едно плодиште со 2 полумедишта со 12 медишни рамки кои имаат висина од 170мм.ЛР има три еднакви десеторамни спратови од кои два за плодиште и еден за медиште сите рамки имаат внатрешна висина на рамката од 202 мм. и Фарар има повеќе спратови со висина на полуспратовите од ДБ со висина на рамот од 170 мм.и можат да се ставаат повеќе според потребата најчесто долните две се плодиште а останатите се медишта.И на ЛР сандукот над втрориот спрат можат да се додаваат полумедишта со висина 170 мм.
7 Среда, 17 Јуни 2009 21:24
игор здравески
кој тип на сандук е најдобар за медиште?и кој е последен рок за второ цедење на мед?
6 Четврток, 04 Јуни 2009 20:57
Администратор
Доколку правите вештачки роеви најповолно е времето после цветањето на багремот. Најдобро е новоформираниот рој (кој треба да има две рамки со мед и полен и три со затворено легло од кој се ведат пчели) да се спои со трирамен оплодник во кој има млада селектирана оплодена матица што веќе интензивно лежи. Доколку има можност тоа да се направи 4-6км од пчеларникот каде е формиран ројот.Над новоформираниот петрамен рој се става мрежа со лето на предната страна а над неа сандукот со трирамниот оплодник. По 24 часа се вади мрежата а по 2-3 дена рамките од оплодникот се ставаат во спратот со ројот и се додават сатни основи за спратот да се исполни.
5 Четврток, 04 Јуни 2009 11:37
martin
jas sum od palanka .imam 7-8 sem. sakam da napravam uste 3, od koj datum da pocnam so pravenje ,fala
4 Понеделник, 25 Мај 2009 21:54
Администратор
Почетниците во пчеларството мора многу да научат.Пчеларството е знаење,наука и пракса.Доколку сакате да бидете добар пчелар мора да вложите многу труд.Денеска е многу полесно да дојдете до многу информации за пчеларството.Има и видеа каде визуелно може да се видат многу работи за кои пред дваесетина години требаше со години да се експериментира за да се дојде до одредени најдобри технолошки постапки.
Пчелар.мк отвори рублика за почетници (во припрема) каде ќе можат да се поставуваат конкретни прашања и да се одговара на истите.
Поздрав Пчелар.мк
3 Понеделник, 25 Мај 2009 21:09
kocev sane
zosto nemozam da najdam na video za pocetnici od postavuvanja na pcelnite semejstva i site raboti koj treba a gi znae een pocetnik dodavanje na ramki so sake i se so treba da nauci een pocetnik
2 Понеделник, 25 Мај 2009 21:03
kocev sane
Jas pocnav so cetiri pcelni semejstva za tri godini imam edinaeset. sekoj pcelar pocetnik treba da se slepa so iskusen pcelar i da go krade znaeneto. koga ke nauci obavezno treba da go prenesuva na drug pocetnik nikako ne smee da bide sebicen
1 Петок, 03 Април 2009 19:12
Слаѓан
Најдобро за секој почетник е да знае дека не е алергичен на пчелини убоди, кога почетникот ќе го констатира тоа (најсигурно е со алерго тест во мед. установа)тогаш треба да консултира стручна литература но најважно од се е праксата и љубовта кон пчелите. Праксата може да ја добие кај некој поискусен пчелар, а љубовта ја стекнува со раѓање. Добро е почетникот да почне со помал број пчелни семејства (3-5), а потоа да ги зголемува и да не се откажува.

Додади го твојот коментар

Вашето име:
Наслов:
Коментар (тука може да се користат HTML tags):