Варово Легло PDF Печати Е-пошта
Ниво на корисникот: / 9
НајлошоНајдобро 
Значајни теми - Болести кај пчелините
Петок, 10 Април 2009 22:53

 Варово легло е болест на пчелиното легло предизвикано од габата  (Ascosphaera apis)

Предизвикувачот создава отпорни спори кои во угинатите личенки и во земјата можат да преживеат и до 15 години.
Поради што е потребно отпадоците од подниците да се спалат а просторот пред пчелите да се полие со гасена вар.

Предизвикувачот на болеста најчесто е постојно присутен во пчелиното семејство, меѓутоа доколку тоа е силно се создава содветна рамнотежа меѓу присутните бактерии и габи . Тоа е посебно изразено во активната сезона во пчелиното легло. Доколку рамнотежата меѓу бактериите и габите се наруши пред се со неконтролирана употреба на антибиотици кои делуваат на намалување на позитивните бактерии се  создаваат услови за развој на габичните спори кои доколку  влезат во цревото на личенката изникнуваат и створениот мицелиум продира низ ѕидот на цревата и целото тело до површината на личенката .Белите влакненца од габата го обвиваат телото на ларвата и таа умира веднаш по затворањето на леглото. Зафатените личенки се со  бела боја  и имаат  изглед на парченца од вар,кои посилните пчелини семејстава ги исфрлаат и истите можат да се забележат на подницата или на летото. Во подоцнежната фаза зафатените личенки со кречното легло добиваат форма на зрно од пченка кој на поширокит крај има црна боја. Тоа всушност се создадените спори кои во вид на прав се разнесуваат низ воздухот а со помош на пчелите , пчеларскиот прибор и ветерот можат да стигнат во секоја кошница. За да се развие спората на варовото  легло потребни се и други предуслови
Наследен фактор - слаба и стра матица
Слаба вентилација
Влажност во кошницата
Стари сатини во кошницата (во келиите од старите сатини  има голем број на останати кошулици или обвивки од претходно изведените пчели  и тука се здава многу поголема можност за развој на бактериите и габите)
Слаба несоодветна  исхрана
Слабото греење  на личенките ( во услови на големи температрурни промени но и дневни и ноќни осцилации на температурите често се случува дел од пчелиното легло да остане недоволно загреано изложено на кондензација и поголеми количини на влага што овозможува да се развие габичната спора)
Ова упатува на тоа дека слабите пчелини заедници не се во состојба да ја одржат микро климата во пчелиното гнездо поради што доаѓа до развој на спорите и габата почнува да се развива хранејки се од пчелината ларва.
Сузбивање на болеста Варовито легло!
Доколку е во почетна фаза (мал број на рамки се зафатени со оваа габично заболување) Се припрема нова дезинфицирана кошница и во неа се ставаат рамките што не се зафатени со кречното легло.
Се префрлаат онолку рамки колку што пчелите покриваат во целост и се преградува со преградна даска.
Добро се затоплува и се прихранува со шекерен сируп збогатен со ц - витамин за да се зголеми отпорноста на личенката.
Матицата да се замени со матици произведени од материјал земен од здрави пчелини семејства кои имаат изразен инстикт за хигиенско  однесување.
Да се обезбеди добра локација каде кошинците  се сместени на присојна сончева страна, на исцеден и сув терен. Треба да се подобри вентилацијата и да се стави во функција горното лето.

Треба да  се отстранат и заменат сите рамки со саќе постаро од 2 години . Стимулативно прихранување за да се поттикние нагонот за чистење.
Подницата постојано треба да  се одржува чиста и да се дезинфицира со лет лампа.
Порано се користеше Нистатинот во шекерен сируп ,две таблети во два килограми шекерен сируп, кој се дава 7 дена по 2 децилитра.
Исто така се користеше Јапонскиот препарат Yukoluk на база на хлор се раствора во 100 грама вода 2 грама и се остава да испарува. Се става во пластична чаша над сатоносите.
На интернет од некои форуми може да се прочита  и за користење на варова вода за лечење на оваа габично заболување, поточно , се става одредено количина на вар се гаси а откако водата ќе се избистри се упоребува за подготовка на сируп во однос 1:1. За дизинфицирање на рамките се користеше и хидроген.
Нашите иускуства покажуваат дека најдобро може да се справиме со оваа болест доколку ја замениме матицата и ги исполниме горе споменатите услови а пред се одгледување на силни  пчелини заедници кои имаат висок инстикт за хигиенско однесување. Искуството зборува дека нова млада селектирана матица , добра вентилација и затоплување со стеснување на пчелиното семејство на онолку рамки колку што целосно се покриени од пчелите, прихрана со шекерен сируп збогатен со Ц витамин и редовно чистење на подницата и дезинфекција со лет лампа, во најголем број случаи пчелиното семејство може да ја совлада болеста.

 
Коментари (5)
5 Понеделник, 01 Јуни 2009 16:33
Jovan
Jas na edno drustvo imav varovo leglo i go izleciv na sledniot nacin i toa momentalno mi e najako . Prvo go pregledav celo drustvo i najdov edna ramka crna so preseceno sake . Ja izvadiv i vo sirupot mu dodadov 5 pati luk sega da ne go pocudam e G R O M . Pozdrav
4 Недела, 17 Мај 2009 21:40
Teovski Aleksandar
dali moze na dobro razvieno drustvo vo ekot na bagremot da se stavi tret nastavak so satni osnovi bidejki e momentalno dobra pasata i za kolku vreme bi gi izgradile ramkite.
3 Вторник, 12 Мај 2009 21:19
Администратор
Кречно легло по неколку години пак Годинава се појави иако во две три заедници на пчеларникот.Пред се како главна причина сметаме дека е влажното и студено време недоволната вентилација несодветна старосна структура кај пчелите и староста на саќето.По затоплувањето ќе ја пратиме состојбата и ќе известуваме.
2 Петок, 01 Мај 2009 23:14
Администратор
Пчеларникот треба да биде изложен на сонце цел ден се додека температурт се движи до 30 Ц0 на сонце. На тмпртура над 30 Ц0 на сонце се препорачува пчеларникот да биде засенет во пладневните и попладневните часови кога и температурите се највисоки.Во овој (01/05/2009) период кога сончевите денови се ретки а температурите се релативно ниски најдобро е пчеларникот цел ден да биде изложен на сонце.Токму поради тоа пчеларниците се лоцираат покрај багреми бидејки тие најдоцна се развиваат и ги засенуваат кога температурите се веќе високи.
1 Петок, 01 Мај 2009 21:27
Teovski Aleksandar
Dali smeta ako vo ovoj period pcelarnikot da go pokriva senka polovina od denot.

Додади го твојот коментар

Вашето име:
Наслов:
Коментар (тука може да се користат HTML tags):