Цена на пчелините производи PDF Печати Е-пошта
Ниво на корисникот: / 5
НајлошоНајдобро 
Економија и пчеларство - Маркетинг во пчеларството
Вторник, 14 Април 2009 21:53

Пчелините производи имаат соодветна пазарна цена. Пазарната цена е диктирана пред се од понудата и побарувачката но и од квалиеттот на производот , амбалажирањето, рекламирањето  и т.н. Пчеларот треба да настојува цената на производство по единица производ на одреден пчелин производ да биде што пониска.

Доколку цената на чинење по единица производ е пониска од пазарната цена, пчеларот ќе остварува профит, ако е еднаква со пазарната цена ќе ги покрива само трошоците, а доколку цената на чинење на производот е повисока од пазарната цена тогаш пчеларот ќе работи со загуба. Обично во нашата практиката во цената на чинењето на производот не се калкулира цената на трудот што е сосема погрешно. Бидејки доколку се работи со загуби а вложениот труд не е вкалкулиран, значи дека освен материјални средста неповратно се губи времето и енергијата кои доколку се насочат во некоја друга дејност би дале позитвни економски ефекти.
Меѓутоа доколку се сака да се остане во пчеларството треба да се утврдат причините поради кои се јавува загубата и со соодветни активности и мерки да се влијае на продуктивноста ,економичноста и рентабилноста на пчеларското производство со што би се остварил профит.

 
Коментари (1)
1 Понеделник, 25 Јули 2011 11:20
dusan maric
pocituvani
morame da najdeme resenie okolu cenata na priroden i nepriroden med
cenata na cis priroden med ne smee da e poniska cena od 350 - 410 den / kg.
mora da se ima drasticna razlika okolu cenata so nekvaliteten med
rigorozna kontrola i inspekcija za kvalitet
ova e mal del od predlozi
pozdrav,
pcelar dusan

Додади го твојот коментар

Вашето име:
Наслов:
Коментар (тука може да се користат HTML tags):