Дистрибуција амбалажирање и промоција на пчелините производи PDF Печати Е-пошта
Ниво на корисникот: / 4
НајлошоНајдобро 
Економија и пчеларство - Маркетинг во пчеларството
Среда, 15 Април 2009 21:07

Дистрибуцијата на пчелините производи е многу значајна пред се поради се поголемата заситеност на локалните пазари со пчелини производи а пред се со мед.Транспортните трошоци завземаат значајна ставка во цената на чинење на пчелините производи.

А доколку се дистрибуира во поголемата трговска мрежа, колонијали или маркети цената се оптеретува со дополнителни трошоци за продажба.Висината на трошоците за дистрибуција и користењето на дистрибутивните канали како трговиските на големо и мало зависат од количините на дистрибуираните производи. Колку поголеми количини толку пониски трошоци на дистрибуција по единица производ.

Амбалажирањето на пчелините производи не се сведува на формалност како кога се продаваат на своите блиски и пријатели. Дизајнот на амбалажата ,етикетирањето, цената на амбалажата исто така се висока ставка во цената на чинење на крајниот пчеларски производ пласиран на пазарот. Тоа се многу важни елементи со што пчелините производи ќе се препознават на пазарот и ќе бидат конкурентни во однос на другите производи.
Промоцијата на пчелините производи  опфаќа повеќе активности пред се економската пропаганда , пропагандата може да биде индивидуална, но може да биде организирана и од пчеларски здруженија и да биде многу помасовна и со поголеми ефекти. Пчеларските производи од одредени подрачја според нивната специфичност можат да се промовираат и во меѓународни рамки преку саеми изложби.
Денешните глобални комуникации а пред се интернетот дава нови можности во сверата на промоцијата на оделни производи преку определени веб сајтови пчеларските производи да се најдат на глобалниот светски пазар. Интернетот освен можноста за комерцијализација на пчеларството овозможува и негов побрз развој . Лесно се доѓа до голем број информации за сите проблеми на современото пчеларство. Може да се пристапи до одредени веб страни на одредени институти кои се бават со истражување и лекување на одредени болести кај пчелите. Може да се пристапи до интернет пчеларски списанија во кои можат да се најдат најразлични содржини што се од интерес на пчеларите.Многу индивидуални пчелари имаат свои веб страини на кои можат да се најдат голем број слики и информации за здравствената состојба на пчелите ,пашните услови на одредени подрачја интересни слики и иноваци во пчеларската опрема и др.
Веб страни имаат и национални и државни пчеларски сојузи и индивидуални здруженија каде можеме да добиеме исцрпни информации од најзначајните свери на пчеларството.
Исто така на интернет се формираат портали и дискусиони групи каде може да се разменуваат мислења за одредени теми од пчеларството а може да се дојде и до  содветна литературе за пчеларство, да се посетат мултимедијални енциклопедии каде се третираат теми од оваа област и т.н.

 

Додади го твојот коментар

Вашето име:
Наслов:
Коментар (тука може да се користат HTML tags):