Пчелино семејство -еволуција PDF Печати Е-пошта
Ниво на корисникот: / 2
НајлошоНајдобро 
Значајни теми - Пчелино семејство
Сабота, 18 Април 2009 08:43

Пчелиното семејство потекнува од врста на оси. живее во саќе . Саќето  го граделе само од една страна и градела само еден сот. Женката живеала одделно од мажјакот и по оплодувањето носела јајца и го одгледувала подмладокот од кој се веделе нови женки кои се спарувале со мажјаците и одгледувале нов подмладок. Но трошејки се во обезбедувањето на храна умирале пред да се изведат младите инсекти.

Еволуирајки гурпата на изведените женки одбирала една женка мајка*матица  која ја хранела , овозможувајки и неколкугодишен живот. Кај тие женки не се развивале јајниците во целост и истите под влијание  на феромоните кои почнала да ги лачи матицата останувале непотполно развиени женки кои постојано работеле и го хранеле леглото и матицата. Познати се како пчели работнички. Медоносните пчели работнички имаат  голем нагон за собирање на полен (преработен во пергла служи во исхраната на пчелините ларви ) и нектар кој го преработуваат во мед кој е  основна храна на пчелите. Медот во поволни и медоносни години го складираат над пчелиното легло. Големи количини мед  можат да се јават како вишок кој може да се движи од 10 до 100 кг по пчелина заедница, Еволуцијата отишла до таму што матицата почнала да несе неоплодени јајца од кои се веделе машките членови на заедницата  трутовите. Појава позната како партоногенеза или девичанско раѓање.
Саќето почнале да го градат од двете страни. Во шуплините на дрвјата и карпите граделе повеќе сатини зависно од просторот но во просек околу 7-8 сатови со што почнале да ја зачувуваат топлината и овозможиле побрз и поинтензивен развој на заедницата. Која во поволни услови во периодот на изобилна паша се развивале од неколку стотици до неколку илјади пчели во една заедница.
На сатините се наоѓаат два вида на ќелии работнички и трутовски. Работничките келии се помали од трутовскиите. Поради тоа  матицата кога ги залежува работничките келии притиска со задникот на келијата и од семената кесица истиснува сперма со што го оплодува јајцето од кое се изведуваа пчела работничка Во трутовскиите келии поради нивната ширината тоа не се случува ,матицата снесува неоплодено јајце од кое се изведуваат машките членови во пчелината заедница -трутови. Работничкото саќе е широко од 21,5 - 25,5мм .
Од снесеното оплодено јајце по три дена  излегува ларва и тоа е таканаречено отворено легло, десетиот ден пчелите ги поклопуваат ларвите (затворено легло). Ларвата поминува низ стадиум на испружена ларва ,кокона,кукла и 21 ден се излегува пчелата работничка. Младите пчели работнички по излегувањето до старост од три дена ги прополизираат келиите за матицата пак да несе јајца. Од третиот до петтиот ден го хранат старото легло и матицата.Од осмиот до десетиот ден го преработуваат нектарот. Од десетиот до 15 ден градат саќе. Од петнаесетиот до осумнаесетиот ден стражарат и од 18 ден па понатаму стануваат собирачки на полен пеополис и мед. Трба да се нагласи дека пчелите собирачки во екот на многу интензивна паша живеат до  петнаесетина дена. Зимските пчели поточно пчелите изведени од августовското легло живеат и до шест месеци .Трутот има малку подолг период на развој трутовското легло е поиспакнато и лесно се уочува а трутовите се  излежуваат  24 ден по снесувањето на јајцето од матицата.Трутовите служат за оплодување на матицата , а во одредени услови можат да го греат и леглото.Полова зрелост постигнуваат по десетина ??? дена од излегувањето.

 

Додади го твојот коментар

Вашето име:
Наслов:
Коментар (тука може да се користат HTML tags):