Пчелино семејство - Матица PDF Печати Е-пошта
Ниво на корисникот: / 1
НајлошоНајдобро 
Значајни теми - Пчелино семејство
Понеделник, 20 Април 2009 17:39

Матиците излегуваат од посебни келии  наречени матичници кои се со посебен облик и за разлика од останатите сатни келии кои се хоризонтални ,матичниците  се свртени вертикално и  потсетуваат на кожурка од кикиритки.
Кога пчелината заедница врши тивка замена или ќе создаде нагон за роење таа најпрвин гради  матични чаури кои матицата ги залежува.

Обвивката на јајцето после третиот ден пука а пчелите почнуваат изобилно да ја хранат штотуку изведената ларва најпрвин со бистра состојка а потоа со млечно бела состојка матичен млеч (од квалитетот и количината на матичниот млеч ке зависи квалитетот на матицата.)

Петиот ден од изведување на ларвата или 8 ден од занесувањето на матичната чаура пчелите го затвораат матичњакот.Тој уште осум дена грижливо е чуван и топлен од голем број пчели и шеснаесетиот ден матицата го гриза врвот на матичникот во правилен кружен отвор и излегува од него. Доколку сеуште не е доволно зрела таа и по прегризувањето на дел од поклопецот  останува во матичникот а го испружува само рилцето за пчелте работнички да можат да ја хранат.

На овој начин матицата потполно созрева во матичникот а потоа излегува. Доколку на матичникот му е ставен кафез,или се наога во инкубатор ,тогаш често од матичникот може да се изведе и недоволно зрела матица која подоцна дозрева во пчелината заедница . Ваквите матици најчесто се со посветла боја.
Се смета дека храната со која се храни младата ларва одредува дали ќе се излеже матица или пчела.
Во одредени случаи од разни причини пчелината заедница може да остане без матица. Тогаш доколку има легло пчелината заедница ќе одбере ларва ќе ја трансформира работничката ќелија во матична чаура  и ќе почне да ја храни со матична млеч со цел да произведе матица. Доколку пчелината заедница одбере ларва стара 2-3 часа тогаш може да се очекува квалитена матица. Меѓутоа таа најчесто започнува да храни неколку пчелини ларви при што најстарата ларва која претходно е хранета со млеч со кој се хранат пчелите работнички  најпрво ќе биде поклопена и од неа ќе се излеже првата матица која ќе биде со слаб квалитет но која ќе ги уништи сите остнати матичници кои можат да бидат многу поквалитетни.
Излежените матици во нормални услови после 3-4 дена постигнуваат полова зрелост. Доколку матиците се од матичници во кафез или инкубатор во тој случј овој рок е подолг .Кај роевските матици кои поради лошо време или некои други причини пчелите ги држат подого време во матичниците , половата зрелост е речиси постигната и веднаш по излегувањето на матицата . Затоа роевските матици веднаш по ведењето можат да летаат и се многу понемирни од матиците при тиха замена ,присилните, или произведените матици со посебна производна постапка.
Матиците кои постигнале полова зрелос во тихи и сончеви денови околу 13 часот  излегуваат најпрвин на орентациони летови а потоа и на парење. Матицата се пари во лет повеќе пати со повеќе трутови. Трутовите најчесто се наогаат на одредени места трутовски собиралишта од каде полетуваат кога ќе ги почуствуваат феромоните на младата матица и најбрзите и најсилните трутови ќе успејат да ја стигнат и да ја оплодат по што се свртуваат во воздухот и паѓаат мртви на земјата. Оплодените матици пронесуваат 3-4 дена по оплодувањето. Циклусот од залежувањето на матичната чаура до пронесувањето трае од 25-30 дена. Во слуичаи кога временските услови не дозволуваат излетување на матицата на парење периодот може да се продолжи.Нодоколку младата матица не се оплоди во период од 20 дена таа ќе почне со несење на трутовски јајца и истата ќе треба веднас да се замени.

 

Додади го твојот коментар

Вашето име:
Наслов:
Коментар (тука може да се користат HTML tags):