Значајни теми -
Пчелино семејство
|
Сабота, 25 Април 2009 13:24 |
Одгледување на матици! Современото пчеларење не може да се замисли без редовна замена на стрите 1до 2 годишни матици со нови млади матици. Пчелините семејства кои вршат тиха замена сами го прават тоа но многу често тој неконтролиран процес може да биде неуспешен .Тоа доведува до стагнација на семејствата кои менуваат матици а медоберот изостанува-. Понекогаш доколку навремено не се регира пчелината заедница изумира.
Освен тоа тихата замена на матицата настанува во семејства кои имаат слаби матици или матици со лоши генетски особености.Тие особености се пренесуваат на младите матици па тaка во долг период заедниците кои вршат честа тиха замена се непродуктивни затоа не се препорачуива замена на матиците во продуктивните заедници со вакви матици.. Во случаи кога пчелината заедница од било кои причини остане без матица а има јајца или ларви,таа од нив ќе повлече матичници и ќе произведе матица. Како што споменавме предмалку присилните матичници најчесто се со слаб квалитет Доколку тој процес не се контолира истите нетреба да се употребуваат за замена на матиците во продуктивните заедници. Роевските матичници Пчелите ги градат во најповолни услови и најчесто во најсилните пчелини заедници.Тие се квалитетни доколку друштвото кое ги гради има добри генетски особености, но самиот факт што се од семејство што создава нагон за роење не се препорачува да се користат при замена на матиците во продуктивните задници. Освен тоа сите овие матичници што предмалку ги споменавме пчелините заеднци ги градат зависно од состојбата во задницата и неможеме да ја знаеме точната нивна старост со што се отежнува нивното користење. Поради сето ова се наметнува потреба од организирано и контролирано одгледување - производство на млади селектирани матици .Најдобрите матици кои ќе ги задоволат сите критериуми на квалитетни матици со добри генетски особености ќе бидат користени за замена на старите матици во продуктивните пчелини заедници. За да произведеме млади селектирани продуктивни мтици најважен е генетскиот материјал поточно јајцето кое треба да биде снесено од матица која ги задоволува сите барани критриуми за да биде матица родоначалничка. Производството на матици треба да биде во такви услови кои се најблиску до условите кои се создаваат кога Пчелината заедница природно гради матичници а тоа е роевото расположение кај пчелината заедница. Меѓутоа производството на матици се заснива на технолошка постапка која најчесто е прецизно утврдена. Во случај на масовно производство на матици во повеќе турнуси во основа се користат пет пчелини заедници но и пчелини заедници од кои ќе се зема легло полен и мед за да се засилат основните заедници кои учествуваат во производството и заедниците кои ќе дадат доволно пчели за полнење на оплодниците. -Родоначалничката заедница од која се зема материјалот за производство на матици. -заедница во која ќе се ведат трутовите за кои сметаме дека матицата ќе се пари. -заедница која ќе ги започне матичниците -заедница која ќе ги затвори матичниците -заедница која ќе ги чува матичниците додека да се префрлат во оплодниците. Сите горе спменат пчелини заедници треба добро да се припремат да се прихранат и да бидат исклучитено јаки и задолжително здрави со два до три сота полни со полен и доволни количини на мед. Најпрвин се припрема заедницата која ќе го прифати материјалот од родоначалничката. Постојат повеќе начини на кој одгледувачкиот материјал се пренесува од родоначалничката во одгледувачката заедница. Во основа се сведува на: · директно пренесување на рамка со саќе на која има младо легло јајца или ларви не постари од 6 часа. · Сечење на ленти или единечни келии од саќето во кој има 3 дневни јајца или ларви не постари од 6 часа. Лентите или поединечните келии се лепат на летвички кои се наогаат на рамката за одгледување на матичници и се внесува во заедницата за прифаќање на материјалот. · Пресадување на ларви не постари до 6 часа во вештачки матични чаури . Матичните восочни чаури претходно се ставени на уредување на стартната пчелината заедница 2-3 часа. · Пренесување најчесто на тродневно јајце во матични чаури со помош на Јентеровиот апарат. Продолжува*
|
cinat od kilogram