Восочни сатни основи PDF Печати Е-пошта
Ниво на корисникот: / 6
НајлошоНајдобро 
Значајни теми - Пчелино семејство
Среда, 13 Мај 2009 22:18

Восочни сатни основи


Пчелиното семејство живее во саќе.Саќето го гради со восок кој го лачи од восочните жлезди кои се наоѓаат на долната страна од абдоменот.При градењето на сатината пчелте се во форма на грозд фатени една за друга со нозете.

Пчелите кои лачат восок од под хитинските прстени формираат ситни лушпести восочни плочки кои други пчели ги превземаат и ги лепат формирајки основа од правилни шестоаголници ,сатината всушност и не е ништо друго освен голем број ќелии поредени една до друга.

Во средината на шестоаголникот од едната страна на саќето се соединуваат три страни од другата страна на сќето ,така тоа добива на цврстина за да може во него да се складираат медот и поленот но и да се одгледува пчелино и трутовско легло.Во природата пчелиното семејство гради неколку сатини ,а нивната големина зависи од просторот во кој се наоѓа пчелиното семејство од неговата големина и т.н.Современото пчеларство не може да се замисли без подвижни сатини (рамки) меѓутоа ниту рамките можат да се користат доколку во нив не се вградени сатни основи (основа на која пчелите ѓи надоградуваат ќелиите на саќето). Откривањето на сатните основи е исто толку значајно како и на подвижните рамки и современите кошници. Сатните основи ги има изработено Германецот  Mehring1857 год.Основите имале само дно без почетоци на ќелиите ,нив ги додава 1861год. Американецот S.Wagner.

 

Така е настаната денешната сатна основа која се користи во современото пчеларство.Денес се изработуваат и пластични сатни основи но нашата тема се Восочните сатни  основи.
Долг е патот до современите машини кои можат дневно да произведат и по неколку стотици кгр. сатни основи. Во почетокот сатните основи се правеле со преса ( се полева долната плоча со стопен восок на температура меѓу 80 и 90 Ц0 и се притиска со горната плоча а потоа се вадела отпечатената сатна основа) а подоцна со валци ,пропуштајки рамна восочна плоча преку изгравирани метални валци кои ги втиснуваат основите и почетоците на ќелиите од саќето притоа водејки сметка за правилната градба на сатната основа. Денес постојат современи машини за производство на сатни основи каде е поврзан производниот процес од казани за топење на восокот до казанче од каде тече топен восок и истиот поминува низ метални валци се лади и сатните основи минуваат низ ножеви кои ги кројат сатните основи на потребната големина а пота ги сечат на потребната должина.
Она што е значајно е:

Дали восокот е чист пчелин восок без примеси на парафин или други слични супстанци.

Дале е здравствено исправен (доволно дезинфециран со загревање на високи температури за да се уништат спорите од америчката трулеж.

Што е користено како течност за спречување на лепењето на восокот за пресата или валците.

Дали ќелиите се правилно втиснати во сатната основа .

Сето ова треба да се провери пред да се купат сатни основи.
Може да пoлимизираме!

 
Коментари (2)
2 Вторник, 08 Јануари 2013 23:30
D u s a n M a r i c
To je opasan period za varou.
Iako se za varou smatra da može da pliva u pčelinjem mleču, osećam da bi pokušaj da prođe između larve i zida ćelije mogao biti učinjen tamo gde su uslovi najpovoljniji, naime, gde je suvo i pritisak najmanji. Pritisak između larve i zida ćelije je najveći na dnu ćelije zbog gravitacije i težine larve. Pritisak je najmanji na vrhu.
Kod horizontalnog saća sa vrhom na gore, pojavljuje se mali trougaoni prostor iznad larve i krpelj tu može da dobije lak pristup. Takođe, tu je suvo. Kod vertikalnog saća gde je prema gore okrenut ravni deo šestougla ta lakoća pristupa ne postoji.
Pogledati dijagram.

Što je duže vreme kako varoa nastoji da se sakrije, veća je verovatnoća da pčela hraniteljica istraži ćeliju i ukloni krpelja.
Zanimljivo je primetiti da pritisak između zida ćelije i larve takođe može da se poveća, i bez sumnje, da uzrokuje sličan efekat, ako se umanji veličina ćelija, ili uvede matica, oplođena ili poreklom od nekoj soja malo krupnijih pčela.
U svetu insekata postoje brojni primeri gde je parazit svestan položaja svog domaćina, što bi ako koristimo naša čula izgledalo nemoguće.
1 Сабота, 29 Декември 2012 11:00
petar popovski
vo vrska so dimenziite za vosocnite osnovi od prethodniot oglas vi dostavuvam kontakt telefon 076828064

Додади го твојот коментар

Вашето име:
Наслов:
Коментар (тука може да се користат HTML tags):