Слезови PDF Печати Е-пошта
Ниво на корисникот: / 6
НајлошоНајдобро 
Значајни теми - Медоносни лековити растенија и Фенолошки календар
Вторник, 26 Мај 2009 19:51

Слезови (malvaceae) слезовите се зељасти или дрвенасти билки со различни листови и цветови.Најзначајни се Белиот и Црниот слез.
Белиот слез (althaea officinalis) Тоа е билка со разгранет корен со бела боја . Има зелени влакнести и округли листови и неколку стебленца кои можат да достигнат и до 2 м.височина. Цветовите се бели, цвета од јуни до крај на август.Расте покрај реки, на влажни ливади а се одгледува и во бавчите. Значаен е за пчеларството иако собраниот нектар најчесто оди на развој на леглото.

Лековити својства:Лековити делови се корени, што се ископува во пролет или есен, по цветањето. Цветовите се берат во текот на цутење а листовите во есен (не во пролет!), По цветањето. Коренот на белиот слез, се лупи  надворешниот слој, надолжно се сече, и се суши. Кога е скоро сув, се сече на мали парчиња кои мора да бидат целосно бели.  Од целото растение корен е најлековитi. ..
Лековити својства: Во стариот век, корениот на белиот слез е високо ценет. Чајот од белиот слез има  корисен ефект на кашлица, бронхитис и пнеумонија. Се препорачува како лек за астма и бронхитис првичната белодробната туберкулоза,  болно уринирање или тешкотии при задржување на урината. Тој, исто така, е корисен во третманот на болести на целиот дигестивен тракт , особено воспаление на дебелото црево (колит),  со дијареа, повраќање кај доенчиња и други. Кога се меша со други лековити растенија  се користат во третман на другиболести.Денес сепак ретко се користи чајот од белиот слез. Обично  се  корист само за чаеви при кашлица.

 Кога пообилно меди најчесто е измешан со нектар од други ливадски билки. Медот е со бела и прозирна боја.

Црниот слез (malva silvestris) е едногоднишна или повекегодишна билка која има полегнати стебленца и достигнува околу 80 цм.висина. Има округли листови. Цветовите се со двојна чашка а цветните листови имаат 3 до 5 долги линии. Бојата на цветовите зависи од врстата на слезот а се движи од плавкаста до розово црвена. Расте на влажни ливади и покрај реки и други влажни терени. Доколку го има на големи површини значајна е за пчеларството бидејки дава и полен и нектар. Меди на сончево и топло време кое изобилува со висока влажност на воздухот.Медот е безбоен но најчесто е помешан со други ливадски билки.

Лековити делови од билката  пред сè се лисјата, цветот. Понекогаш се собираат корените и семиња. Цветовите се собираат, кога цветот е целосно отворен,се сушат во сенката. 
 Се користат за отстранување на дигестивни нарушувања . Чајот се изготвува на пропишан начин, се користи за лечење на кашлица, Катар, Бронхитис, сипкавост, воспаление на грлото, надутост белите дробови (емфизем) и  белите дробови. Се препорачува за третман пред јадење, кога има грчеви во желудникот и цревата, болови при уринирање.

 
Коментари (3)
3 Среда, 20 Март 2013 10:43
ангела
ако може една кратка песна за кокиче ве молам
2 Четврток, 29 Декември 2011 10:07
ангела
супер е написано
1 Сабота, 14 Ноември 2009 13:29
Александра
многу корисно!

Додади го твојот коментар

Вашето име:
Наслов:
Коментар (тука може да се користат HTML tags):