Драка |
![]() |
![]() |
![]() |
Значајни теми - Медоносни лековити растенија и Фенолошки календар | |||
Понеделник, 01 Јуни 2009 19:15 | |||
Драка Цветовите се ситни во гроздови со светло жолта боја а кога се поволни временските прилики изобилно медат. Поради тоа што цветовите на драката се плитки , изложени се на секоја најмала промена, така што топлите суви ветрови можат да го запрат медењето. Во топли и спарни денови без ветер изобилно меди и може да даде добри приноси.Медот од драката е жолт но брзо кристализира во крупни кристали и се вбројува во послабите врсти на мед. Расте скоро на секакви терени. Како лековити се собираат дозреаните плодовите - мали кругови"Колачињата" со пречник 2-3 см, кои дозрејуваат во август. Лековити својства : Драката е одамна познат како антисептик како средство кое успешно се користи при дијареја, дизентерија , воспаление на дебелото црево и во третманот на нервни и ревматични болести ..
|