Липа PDF Печати Е-пошта
Ниво на корисникот: / 14
НајлошоНајдобро 
Значајни теми - Медоносни лековити растенија и Фенолошки календар
Понеделник, 01 Јуни 2009 19:26

Липа  има повеќе врсти од кои најзначајни се сребрено лисната, крупно лисната и ситнолисната  липа. Дрвајата од липа се среќаваат во шуми но и како поединечни стебла  покрај меѓите . Во поволни услови кога има влага во воздухот и нема ветер може добро да замеди , но топлите  и суви ветрови можат да го прекинат медењето.

Тихте летни дождови можат да го зголемат медењето но доколку дојде до заладување медењето брзо прекинува.Дава и одредени количини на полен што е значајно во овој дел од годината. Меѓуто поради големата чуствителност на промените на температурата и климатските услови приносите од липата се несигурни и поради тоа се смета за помалку значајна за пчеларството.

Медот од липа е светло жолт со остар вкус. Кристализира во ситни кристали и добар е за зазимување на пчелина заедница.

Живеалиште: Липата расте во планините, а луѓето често ја садат  покрај патиштата.

Лековити делови од  растението: како лековит дел на билката се собира цветот со лисјата (ако има убава зелена боја) Инаку се бере само цветот, веднас по расцутувањето. Се сушат во сенка, во чиста просторија во која има провев Цветовите по сушењето треба да ја задржат својата природна боја и  пријатен мирис.

Лековити својства
: Цветовите од липата  се користат за лечење на настинки и респираторни нарушувања. Стимулира пот и урина. Како чај се користи најчесто , при потење, грчеви и против смирување болка . Се користи против настинки, кашлица и хронична дијареа, како и за лекување изгореници и рани. Чајот од липа се препорачува во третман на  хронична кашлица, болка при мокрењето, замор и нервна напнатост .Исто така ја ја чисти крвта.
 
Коментари (5)
5 Вторник, 07 Јуни 2016 16:15
Јане
над 80% треба да е поклопен медот за да се врца
4 Сабота, 28 Ноември 2009 14:38
Marjan
Prethodnata godina barav strana koja obrabotuva ili dava informacii za
pcelarstvoto. Ne uspeav da najdam lani, a sega se iznenadiv prijatno deka ima
vakva strana . Ako ste vo moznost da mi odgovorite na edno prasawe.
KAKO E TOCNIOT NAZIV NA TREVATA KOJA SE SADI PRED PCELARNICITE -(fascilija,
fascelija li e) DALI JA IMA VO MAKEDONIJA I OD KADE MOZAM DA JA NABAVAM.
ODNAPRED VI BLAGODARAM
3 Петок, 30 Октомври 2009 19:21
Виктор
http://pcelar.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=266:2009-06-13-08-29-36&catid=36:konvencijalnoproizvodstvo&Itemid=59

МОЖЕТЕ УСПЕШНО ДА ГО КОРИСТИТЕ ПРЕБАРУВАЊЕТО. АКО Е ВОЗМОЖНО ПРОБАЈТЕ СО 1 ЗБОР ДА ПРЕБАРУВАТЕ, ТАКА РЕЗУЛТАТИТЕ СЕ НАЈДОБРИ.
ЗБОРОВИТЕ МОРА ДА СЕ ВНЕСЕНИ СО КИРИЛИЧНА ПОДДРШКА (Alt+Shift на Windows за оние кои имаат кирилична поддршка).
2 Недела, 21 Јуни 2009 10:41
Администратор
Кратово
Медење липа 25/06/04,22/06/05,25/06/06,20/06/07,20/06/08,
1 Петок, 12 Јуни 2009 22:07
Aleksandar
kolku posto otprilika treba da bide zapecaten medot na edna ramka za da moze da se vrca

Додади го твојот коментар

Вашето име:
Наслов:
Коментар (тука може да се користат HTML tags):