Кога и како да направите силни роеви
Ниво на корисникот: / 1
НајлошоНајдобро 
Коментари - Сите коментари
Четврток, 04 Јуни 2009 20:57
Доколку правите вештачки роеви најповолно е времето после цветањето на багремот. Најдобро е новоформираниот рој (кој треба да има две рамки со мед и полен и три со затворено легло од кој се ведат пчели) да се спои со трирамен оплодник во кој има млада селектирана оплодена матица што веќе интензивно лежи. Доколку има можност тоа да се направи 4-6км од пчеларникот каде е формиран ројот.Над новоформираниот петрамен рој се става мрежа со лето на предната страна а над неа сандукот со трирамниот оплодник. По 24 часа се вади мрежата а по 2-3 дена рамките од оплодникот се ставаат во спратот со ројот и се додават сатни основи за спратот да се исполни.
 
Ова е коментар на "Почетници во пчеларството"

Додади го твојот коментар

Вашето име:
Наслов:
Коментар (тука може да се користат HTML tags):