Пчелините семејства ги бркаат трутовите |
![]() |
![]() |
![]() |
Значајни теми - Пчелино семејство | |
Петок, 05 Јуни 2009 21:08 | |
И покрај дождовите што паднаа последниве денови сепак пчелите упорно ги бркаат трутовите.По посетата на пчеларникот на 05 /06/2009 е забележано интезивно бркање на трутовите во заедниците каде имаше залежано повеќе трутовско легло.Ова упатува на исклучително нероевска година.Треба да се има во предвид оваа појава при формирањето на роевите бидејки може да се случи да нема доволно квалитетни трутови за оплодување на матиците. 31/05/2009 с.Филиповци Кратово Исто така оваа појава упатува на можноста да имаме исклучително сушна година што треба да се има во предвид при одземањето и центрифугирањето на медот.На пчелините семејства треба да им се остави доволно количини на мед и полен. Да се надеваме дека пчелите ќе погрешат во предвидувањата инаку ќе имаме уште една лоша пчеларска година.
|
Инаку годината не е толку лоша.
(8 километри северно од Крива Паланка)