Прополис PDF Печати Е-пошта
Ниво на корисникот: / 24
НајлошоНајдобро 
Актуелно - Пчелите и здравјето
Вторник, 09 Јуни 2009 21:03

Прополис

Прополис е смеса на смоласти супстанци која пчелите ја собираат од цветовите на различни билки.

Тоа е смоласта материја  добиена со делување на секретните жлезди богати со ферменти.Прополисот е со специфичен изглед  горчлив вкус, со карактеристичен и ароматичен мирис.

Со интензивно проучување утврдено е дека тој е природен, бактерицид, анестетик, антиоксидант, антисептик, антибиотик, дека делува против голем број вируси вклучувајкиго и вирусот на грипот и дека е одличен во борба против габи и паразити. Пчелите го собираат билниот материјал за производство на прополис кога се појавува оштетување на (пукнатитини ,отвори) на кошницата,но и појава на натрапници ги поттикнува на произведување на прополис. Пчелите во кошниците секој простор поголем од 7 мм го исполнуваат (градат со восок ) а секој простор потесен од 8 мм го лепат со прополис. Тоа е поради неможноста на пчелата да навлезе во овие пукнатини и да ги отстрани нечистотиите и отпадот од восок  и доколку не ги потполнат со прополис може да се јави восочниот молец и други паразити.

Остатоци од непожелни гости во кошницата (инсекти,полжави,глувци,жаби и др.) наоѓани се обложени со прополис и изолирани , а нивното ткиво кое не е иструлено ги поттикна научниците да се заинтересираат за неговиот состав. Така е утврдено дека прополисот е материја која пчелите го собираат од билен материјал и со посебен начин на преработка создаваат супстанца со карактеристичен изглед ,боја и мирис.
Составот и бојата на прополисот зависат од билните врсти од кои пчелите го собираат материјалот но и од годишното доба. Составен е од 50% смола,30% восок,10% етерични масла,5% цветен прав и 5% други супстанци .Флавоноидите во најголема мера влијаат на дејството на прополисот . Со лабораториски испитувања  е докажано антифламаторното , антимикробно, антивирусно, имуностимулативно делување  на прополисот.
Зборот прополис доаѓа од грчките  зборови: про (пред) и полис (град) и тоа име веројатно е дојдено поради тоа што пчелите ја користат оваа смола да ги намалат влезовите во кошниците.
Пчеларите не ги сакаат пчелите кои обилно лепат со прополис поради тешката манипулација со залепените рамки ,бидекјки кога е многу топол се лeпи на прстите а кога е ладен тешко се одвојува и пука со што дополнително ги вознемируваме пчелите.
Често се случува рамките помеѓу плодиштата на ланструт или помеѓу плодиштата и медиштата да се залепени со прополис па доколку времето е студено тешко се одвојуваат спратовите без пчелите значајно да се вознемират. Ова најчесто се јавува поради непрецизната изработка на кошницата и несоодветното растојание помеѓу рамките кое е помало од 7 милиметри. Растојанието доколку е поголемо од 7 мм ќе биде изградено со восок со што пак се создават проблеми при манипулацијата со спратовите. Во поглед на хемискиот состав прополисот е многу комплексна материја и поради тоа постојат големи разлики во примероците. Составот на некој репрезентативен примерок би изгледал вака: восоци 30%, смоли и балсами 55%, етерични масла 10% и околу 10 % полен.Во прополисот има доста флавонски компоненти чиј хемиски состав е многу компликуван. Бојата на прополисот варира од зелена до браункасто  - црвена.
И покрај тоа што  на обична температура прополисот е мек а на висока температура леплив , прополисот станува цврст и кршлив кога е ладен.Доколку се замрзнe може со мелење да се претвори во прав.
Прополисот -пчелината смола - е симбол на снага и острина. Тој е еден од оние мудри лекови на природата кои убиваат све што смета на здравиот организам. Истовремено го чува здравото и лечи болното ткиво. Чистиот прополис сам по себе веќе е балсам : тоа е смола со различни етерични масла и други биолошки активни компоненти. Има остар вкус кој пече на јазикот и карактеристичен мирис кој варира зависно од потеклото но секогаш е пријатен.
Кај нас прополисот може да се добие како смола, но и како веќе припремен раствор, најчесто алкохолен или во масло пред се наменет за децата. Постојат и прополисни масти за надворешна употреба .Во алкохол најдобро се раствараат сите компоненти на прополисот , а тоа се : Етерските масти, комплекс на флавоноидите, микроелементите и витамините..., Од сите пчелини еликсири, прополисот е најиздржлив и најстабилен. Биолошките својства на прополисот се разнолики. Науката потврди дека прополисот ги убива микроорганизмите , вирусите, габите намалувајки ја нивната животна способност. Делува локално анестетски, го сопира јадежот и делува смирувачки, доволно е да ги намажеме градите пред спиење со прополисна алкохолатура за да се смири кашлицата и да се обезбеди длабок мирен сон.
Прополисните масти се одлични за раните кои тешко зараснуваат, како и за многу кожни заболувања: опагање на косата во вид на печат, запаление на кожата настаната од надворешни дразби, габични заболувања на кожата и косата, пиодермија, екцем, себореја, епидемофитија (габични заболувања на кожата и ноктиите)...
Прополисот  има својство да го кочи ненормалното размножување на ќелите (цитостатичко делување) и лечи тумури. Познати се регенеративните , епителизирачките и дерматолошките својства на овој балсам. Тој брзо ги обновува повредените ткива  и го забрзува нивното зараснување. Неговото делување против микроорганизмите, крварење, опекотини и запаленија исклучително е ефикасно кај сите видиви рани,чиреви,опекотини и др.

Имајки ја во предвид актуелната состојба со пандемскиот грип на вирусот - A(Н1N1) кој застрашувачки се шири и на балканот  заканувајки  се  да прерасне во епидемија во Македонија (12/11/2009) сметаме дека треба да се потсетиме на лековитите својства на прополисот.

 
Коментари (8)
8 Вторник, 29 Декември 2020 13:13
Коле
Дали некој има конкретни искуства со Еводија, дали кај нас навистина многу меди како што е наведено (до 500 кг, од хектар)???
7 Вторник, 18 Март 2014 11:10
лиле
дали дете алергично на полен може да прима прополис зошто докторите не препорачуваат бидејќи пчелата зима полен и го преработува Ве молам да ми одговорите
6 Вторник, 09 Јули 2013 03:16
kiril
Bsakal da prasam ?Dali nekoj otkupuva propolis?
5 Недела, 11 Декември 2011 18:20
Коста
Здраво, сакам да прашам од 1 кг суров прополис колку се добива растворен прополис и начинот на неговата подготовка? ОДНАПРЕД БЛАГОДАРАМ...
4 Среда, 12 Мај 2010 13:27
Ана
Би сакала да прашам дали прополисот може да се откупи суров и која е цената на чинење на суров прополис по килограм?
3 Понеделник, 13 Јули 2009 13:17
vesna
sakam da kazam deka propolisot e nesto mnogu korisno
2 Недела, 21 Јуни 2009 10:30
Администратор
Ви благодариме за јавувањето и уште еднаш Ќе нагласиме дека сајтот е интерактивен и постојано ќе се надополнува секоја отворена тема. За сите пчелини производи ќе има уште многу текстови нови сознанија ваши согледувања ,ваши рецепти доколку знаете... тоа е целта на сајтот.Ве молиме оценувајте ги рубликите и статиите имате можност на секоја статија на почетокот да оцените од најлошо до најдобро со пет оцени.Коментирајте и дополнувајте делови за кои имате повеќе сознанија ,практични искуства ,научни испитувања Сајтот е во формирање и развој ние се надеваме на ваша соработка.Поздрав
Pcelar.mk
1 Сабота, 20 Јуни 2009 20:18
gokosoft
Најпрво да ве поздравам и да ни се множат ваквите сајтови за пчели и пчелите.Но конкретно за овој текст ,а и општо за другите е што немаш конкретен начин на припрема на лек од прополис и конкретни терапии со него.

Додади го твојот коментар

Вашето име:
Наслов:
Коментар (тука може да се користат HTML tags):