Вароа Деструктор - лекување PDF Печати Е-пошта
Ниво на корисникот: / 9
НајлошоНајдобро 
Значајни теми - Контрола на болести и штетници kaj пчелите
Четврток, 27 Август 2009 19:25

Еден од најопасните паразити кои нанесуваат огромни штети кај медоносните пчели е крлежот Вароа Деструктор.

Дерматофагоиди Варроа Јакобсони се најде во азиските пчели на островот Јава, и до неодамна се мислеше дека тоа е истиот тип како деструктор Варроа (Андерсон и Труеман, 2000). За разлика од Варроа деструктор(уништувач), Варроа јакобсони е ограничена само на азиски пчели , како единствен домаќин.

Само два вида на паразити во групата Вароа  се јавуваат кај Европската медоносна пчела, а подоцна се прошири низ целиот свет. Двата типа припаѓаат на Варроа крлежот. Варроа јакобсони е различна во различни органи на репродукција и на нивните карактеристики и на структурата на ДНК (МтДНА). Варроа јакобсони е помала од Варроа деструктор (уништувач).

Варроа јаkобсони за разлика од Варроа деструктор не предизвикува преголема штета на пчелите, а помалку штети и на  леглото.

За овој паразит многу е пишувано , а и признати институти се занимаваат со проблемот на изнаоѓање соодветен третман или лек кој би ја ослободил пчелината заедница од овој опасен паразит , но сеуште не е дојдено до соодветно решение.

Во основа се користат две методи за намалување на присуството на крлежот во пчелината заедница и тоа биолошки и хемиски.

Во биолошките методи се користи метода на одземање на трутовско легло залежано во рам таканаречен градежник кој пчелите го градат без сатна основа и најчесто со трутовки келии,матицата го залежува и по неговото поклопување се вади се отлопува леглото и се стресуваат трутовските ларви заедно со варота.Во фтората половина на септеври и првиот дел од октоври се вадат рамките со легло на пчели работнички и истиоте се уништуваат а со нив и голм дел од вароата се прават вештачки голи роеви кои првин се третираат против вароата а потоа се ставаат во кошници со сатни основи или новоизградено саќе без легло и т.н.

Од хемиски средстав се користат голем број препарати но во основа со различни имиња, додека активната супстанца  која влијае на вароата е амитраз , флувалинат или некој друг акарицид.

Амитразот најчесто се аплицира со зачадување или прскање со водена емулзија ,а флувалинатот се нанесува на пластични ленти (као што е лекот Апистан) или на дрвени ленти како што се Апихелт - произведен Апивед Нови Сад содржи флувалинат proizvodot Super strips dietilhlormetilkumariniltiofosdfat, или Варостоп од Примавет- Софија koj содржи flumethrinum.

Во една ваква рзноликос и недоволна истраженост на ефектите од употребуваните супстанци навистна е тешко да се препорача лек или за него да се даде соодветно мислење.

За секоја употраба на нова супстанца при третирањето на вароата значи најпрвин треба да се утврди која е активната супстанца која влијае на вароата , но и како таа влојае врз пчелите ,нејзиното легло , на резистенцијата на варота, резуидите што ги создава во медот и восокот и уште многу прашања на кој треба да се одговори пред примената на овие лекови.

Меѓутоа се повикуваме на решенијата за производство и регистрацијата на лековите сметајки дека тие се издадени после долготрајни испитувања и анализи (во што  се сомневаме).

Сепак можеме од лично искуство да потврдиме дека пчелите се вознемируваат од дрвените лентити произведени од Апивед - Нови Сад. Додека тоа не е случај со дрвените ленти од Примавед - Софија.

Треба да се напомене дека во борбата против овој опасен парази се користи и тимолот како и киселини  како што се Оксалната,млечната,мравјата и др.

Во борбата со вароата се користат и средства на база на природни сировини како  што е ,, КАС 81,, и др.

Ве повикуваме да ги опишете вашите искуства во борба со овој опасен паразит.

 
Коментари (8)
8 Понеделник, 24 Јануари 2011 13:27
Blagoja
KAS-81 или чај од пелин.
Потребни состојки: 50 гр борови пупки (не подолги од 3,5-4 см)
50 гр пелин (Artemisija absinthium), берен во
време на бујна вегетација (мај, кога стеблото
е високо околу 20 см).
900 гр пелин берен во време на цветање
Начин на припрема: Сите состојки се ставаат во емајлиран сад во кој претходно сне загреале 10 л вода. Садот се поклопува и чајот се вари на тивок оган 2,5 - 3 часа. Чајот се процедува и чува во стаклени шишиња на ладно место.
Начин на употреба: На еден литар шеќерен сируп се додава 30-40 мл чај.Додавањето на сирупот вршете го доцна навечер, бидејќи пчелите на тоа бурно реагираат.
7 Понеделник, 24 Јануари 2011 13:06
Blagoja
KAS-81 или чај од пелин. Го користам неколку години со додавање во шербетот при есенското прихранување на пчелите. На пролет користам различни препарати во вид на ленти (поради резистентноста). Досега сум немал некои поголеми проблеми со вароата.
Припрема на чајот од пелин: Препаратот се припрема непосредно пред
неговата употреба.
Потребни состојки: 50 грама борови пупки (не подолги од 3,5-4 см)
6 Среда, 27 Октомври 2010 20:39
ICE Prilep
Dve godini so red na esen pred zazimuvajne vrsam cadejne so VAROLIK tri do cetiri pati a so zazimuvajneto mu klavam po edna drvena lenta preku ramkite.Lentata ostanuva preku zimata okolu dvameseci.Na prolet pred pasata pak so VARLIK mislam deka ima uspeh.ZOKI napisi ja dzata za priprema na cajot od PELIN i dozirajneto koga vejke ti e probano FALA POZDRV:
5 Четврток, 23 Септември 2010 13:34
petar popovskimavri
pred 10 godini vo makedonia nemase maverik a sega nosat votoa sredstvo ima 24 posto cist fluvalinat i se razreduva 5 voda 1 mavrik
kapace od sredstvoto i se kapi na ramkite prikvecer a naj efikasno e
vo zima koga se vo klube
4 Четврток, 10 Јуни 2010 13:25
DIMCE
JAS KOLEGI PRED EDNA GODINA KORISTEV DRVENI LENTI ZA PREVENCIJA A OVAA GODINA SEKER VO PRAV,KE PRASATE ZAKO E MOZNO? MONO E ZATOA STO PKRAJ PCELARNIKOT IMA NA GOLEMA POVRSINA MAJCINA DUSICA,A TOA E SMRT ZA VAROATA.
3 Четврток, 24 Септември 2009 19:27
Администратор
Mavrik нуди одлична контрола на голем број инсекти и штетници на нежните растенија и цвекиња, но нема да им наштети на пчелите. Медоносните пчели се важни за комерцијалните производители на лекови на база на оваа супстанца. Тестовите покажаа дека дури и во доза стапки меѓу 14 и 60 пати повисоки од оние што се користат комерцијално, нема забележлива штета од Mavrik при третирање на пчелите.Податоците се од интернет и нетреба да се експериментира со дозирањето.Инаку лично го немам користено Маврик за лечење на пчелите од Вароа.
2 Четврток, 24 Септември 2009 18:45
sarko
Neka pise nekoi,dali go upotrebuva "Mavrikot" kako sredstvo protiv Varoa-ta!
1 Сабота, 29 Август 2009 12:19
zoki
Od iskustvo mozam da potvrdam deka cajot od pelin e priroden lek protiv vaoata!probano-videno.

Додади го твојот коментар

Вашето име:
Наслов:
Коментар (тука може да се користат HTML tags):