На пчеларникот во Септември |
Актуелно - Пчеларски календар | |||
Понеделник, 31 Август 2009 18:24 | |||
На пчеларникот во Септември Не се ретки и врнежите.Температурите се околу 20 степени целзиусови. Паша за пчелите има се помалку, а пчелината заедница веќе го стеснила леглото на просторот каде ќе го формира зимското клубе. Дебели медни венци со поклопен мед се над стеснетите кругови со легло. Спратови после вадењето на медот ставени на чистење на пчелите. Во третата декада леглото сосема се намалува а понекогаш матиците и престануваат да лежат. Прихраната треба да заврши најкасно до 20 септеври поради фактот што храната треба да ја преработат јулските пчели, така да новоизведените пчели што ќе зимуваат, не се трошат на преработка на шеќерниот сируп. Шеќерниот сируп треба да биде во однос 2:1 шекер:вода,од шекер кој одговара на меѓународните стандарди и е дозволен да се користи во прихрана .Најголемите количини со храна треба да бидат над пчелината заедница во нивните горни спратови. Ланструтовата кошница треба да се зазими на два спрата и тоа така да пчелината заедница е сместена во долниот спрат зафаќајки ги средните рамки од горниот спрат во кој останатите рамови се полни со мед. Задимувањето на пчелите исто така е една од задачите во септеври. Всушност тоа е второ задимување во серија од три задимувања. Првото беше извршено при крај на јуни или во почетокот на јули така да во леглото има мал број варои и квалитетот на излежаните пчели е поголем. Се употребуваат и дрвени лентички кои се користат по упатство на производителот, но и мравјата и оксалната киселина. Старите и лоши матици задолжително треба да се заменат со нови селектирани матици. Треба да се има во предвид дека кај пчелините заедници со тригодишни матици загубите се многу поголеми. Слабите пчелини заедници никако не треба да се зазимуваат, туку доколку се здрави да се спојат со средно јаките заедници. Слабите заедници носители на заразни болести треба да се уништат со спалување, а приборот и кошницата треба да се дезинфецираат по меѓународните прописи и закони. Заштитата од грабеж во овој месец е многу важна и од фактот што слабите пчелини заедници не можат навреме да го преработат шеќерниот сируп и стануваат лесен плен на посилните пчелини заедници, но и на осите и стршлените.Затоа летата на послабите пчелини заедници задолжително треба да се стеснат. Но, доколку се појави грабеж неговото спречување е многу тешко. Во најтешки случаи треба летото да се стесни на ниво на една пчела, а сандукот и летото да се попрскаат со нафта. Преку сандукот треба да се стави картони или гранки како би се замаскирала кошницата и пчелите крадачки би се одбиле од мирисот на нафтата. Доколку дојде до заладување во кошницата можат да се вовлечат глувци или кртови поради тоа летата треба да бидат во зимна позиција или да се стават чешелите. Септември е месец во кој всушност треба полека да се привршува со активната сезона и полека пчелите да се припремаат за суровите зимски услови. Активностите околу средување на кошницата обезбедување на храна и квалитено саќе, третирањето против болестите на пчелите и леглото, спојувањата, замените на матиците треба да се завршат во овој месец. Секогаш треба да имаме во предвид дека нагли заладувања во овој месец се можни затоа треба што понавремено да ги обавиме поставените задачи.
|