Super strips PDF Печати Е-пошта
Ниво на корисникот: / 7
НајлошоНајдобро 
Значајни теми - Контрола на болести и штетници kaj пчелите
Сабота, 26 Септември 2009 12:23

 Оваа година против вароата користевме Супер стрипс дрвени лентички произведени од  Апи вед  Нови сад. Резултатите од третманот  ги објавуваме на страницата.

Супер стрипс 2 дрвени лентички беа поставени во пчелинио семејство зазимено во едно тело од ЛР кошница и тоа мегу 3 и 4 рам и  помеѓу 7 и 8 рам во средината на пчелиното семејство.

Беа поставени на 01/09/2009 година Имаше повеќе контролни заедници но во една од  нив падна енормно голем број варои кој изнесуваше над 2500 .По поставувањето на лентичките пчелиното семејство беше вознемирено и активно се чистеше од вароите.Првите 6 часа имаше паднати околу 500 варои кои беа мртви.Наредните денови се до 16 ден пагаа приближно околу 150 до 200 варои  од кои некои беа живи и интензивно се движеа,за потоа бројот на отпаднати варои е под 10.Иако третманот не е завршен денес е 26 ден паднатите варои не се повеќе од 3-5 дневно.Денес изброени се 4 отпаднати варои и сите се живи и се движат.

Во другите контролни пчелини семејства бројот на отпаднатите варои е многу помал со тоа што првите 6 часа бројот на вароите беше околу 250-300 а пота бројот на паднати варои дневно изнесуваше од 10 до 20 варои дневно се до 8 ден а пото се намали на 2-3 варои дневно.На 23/09/2009 имаше паднато само 1 вароа. Вака големите разлики во  изброените варои се должи пред се на различната старост на пчелините заедници ,како и резистентноста на вароата на ,,амитразот,, со кој беше третирано високо заразеното семејство претходните 3 години.Тоа значи дека и покрај редовното третирање со ,,амитраз,, минатата година останало многу  варои кои оваа година се развиле во вака голрм број.

Супер стрипсот кој содржи нова супстанца на која вароа деструктор не е резистентна веројатно сега ќе уништи  голм процент од овој опасен паразит .

Интересно да ја погледаме ефикасноста на лековите при големите степени на заразеност на пчелините семејства со вароа деструктор.

Доколку во високо заразено пчелино семејство има паднато околу 2500 варои а ефикасноста на лекот е 98% во заедницата останале 50 варои што е доволен број во идната година да развие висок степен на заразеност на пчелината заедница.

Доколку користиме лек со ефикасноста од  80 до 90 %,тогаш може да се очекува да останатод 500-250 варои,што веќе е прмногу и во идната година пчелината заедница може целосно да биде уништена од овој паразит.

Во друштвата каде што паднаа околу 250 варои доколку лекот е со ефикасност од 98% остануваат , 5 варои што е 10 пати помалку од високо заразената заедница и со правилно третирање во пролет оваа заедница нема да има проблеми со презаразеност со овој опасен унистувач на пчелините семејства.

Поради тоа високо заразените заедници треба повторно да се третираат во ноеври со друг лек тоа може да биде оксалната киселина и доколку нејзината ефикасност во уништувањето на вароата е 80% тогаш во пчелиното семејство од првиот случај  ќе останат уште 10 варои а тоа веќе не е опасно за пчелиното семејство во наредната година.

Во 2 случај кога има паднато од 100 до 50 варои  значи дека ќе треба уште едно третирање со лек со поголема ефикасност во рана пролет.

Некои истражувања покажале дека пчелината заедница може да живее без да се приметат големи нарушувања кај пчелите и леглото доколку бројот на варои во пчелиното семејство се одржува под  1000 варои. Но тоа значи дека вака заразените пчелини семејства несмеат да формираат ново легло кое доколку го има во најдобар случај трипати ќе ја зголеми заразеноста на пчелиното семејсто што во целост ќе го уништи. Затоа биолошките методи кај вака високо заразените пчелини семејства ,посебно рамот градежник во екот на пашата може да даде добри резултати.

 
Коментари (2)
2 Вторник, 26 Јуни 2012 22:01
Димитрија
На 19.06.2012 режев трутовско легло во магацин на Д/Б кошница,најдов поприлично голем број на варои,бидеќи е ек на паша која метода е најдобро и безбедно да се примени за уништување на Вароата притоа да не се доведи во прашање квалитетот на медот.
1 Понеделник, 11 Јули 2011 20:28
Milance
Jas ova godina ke koristam varolik ,Minatata godina imav dobri rezultai.

Додади го твојот коментар

Вашето име:
Наслов:
Коментар (тука може да се користат HTML tags):