На пчеларникот во Октомври PDF Печати Е-пошта
Ниво на корисникот: / 45
НајлошоНајдобро 
Актуелно - Пчеларски календар
Вторник, 06 Октомври 2009 17:35

Октоври е месец во кој температурите значително се намалуваат. Врнежите се се почести.

Во некои години можат да не изненадат и првите мразови проследени со слаби  врнежи од снег.Паша веќе нема или таа е потполно незначајна. Пчелинаат заедница полека го формира свото зимско клубе.

Месец октоври е последниот месец од периодот на зазимување на пчелината заедница.

 

Тоа значи дека пчелината заедница веќе потполно е спреман за зимување .

Матицата веќе престанала да залежува јајца ,се ведат последните пчели или веќе нема легло,крајните рамќи се полни со мед и полен а над веќе формираното клубе,иако е во пораширена форма ,има дебели венци со поклопен мед и полен.Сите келии не се полни со мед, тука во тој простор ќе се наога дел од пчелиното клубе и првото пролетно легло.

Рамките ,подницата, Ѕидовите на кошницата, поклопната штица сите непотребни или преголеми отвори (нешто повеќе за отворите на кошницата и нивното прополисување и неретко оставање на мали отвори на горниот дел од сандукот од самата пчелина заедница самите заедници бараат горни лета)  се прополисани а пчелината заедница е спремана да ја поднесе суровата зимска клима.

Во врска со формирањето на зимското клубе би требало да се имаат во предвид неки сознанија за положбата во која се зазимуваат пчелините заедници во одредени типови на пчелини живеалишта . Секако дека горните слики ни даваат само шематски приказ.

Но лесно може да се види дека пчелината заедница зазимена во кошарата има најдобри изгледи добро да презими бидејки едноставно пчелиното клубе се наога во природна положба елипсоидна клупка затворајки ги сите сатини не дозволува губење на топлината а влагата едноставно се впива во порозната подлога.

Заедницата зазимена во ДБ кошницата има голем простор за покривање а најчесто послабите заедници неможат да покријат ни половина од просторот со што останива огромен простор низ кој се губи топлинат и влагат но доколку на горниот дел нема отвор за вентилација влагата се кондензира на поклопната даска која најчесто е од лесонит(а знаеме дека лесонитот е многу поладен од дрвото) и така кондензирана во вид на роса од капќи паѓа на пчелиното клубе нанесувајки огромна штета.Неприродната форма на сандукот воопшто не соодветува на формата на пчелиното клубе и тоа со сета своја површина е изложено на надворешните влијанија.Поради тоа и зимските загуби на пчели во сандуците се многу поголеми отколку во кошарите.

ЛР кошницата исто така има низа негативности во однос на поставеноста на зимското клубе .Во случај на јаки пчелини заедници  кои зафаќаат најмалку една третина и од горниот сандук зимувањето може да биде добро имајки во предвид дека во периодот на најниските температури и пролетното легло заедницата ќе се наога во горниот спрат опколена со доволно храна а топлината која се задржува во горниот кат ќе овозмжи непречено зимување и пролетен развој.Влагата секако дека мора да има вентилационен отвор кој најдобро е да се наога на задната старана на поклопната даска. Долниот, сега празен спрат, служи како многу добра изолација од надворешните промени и влијанија.

Но доколку сме зазимиле слаба пчелина заедница(такви нетреба да зазимуваме) која обично зазимува во долниот спрат горниот спрат останува полн со мед .Доколку зимата биде со континуирано ниски температури мала е можноста пчелината заедница да се префрли на горните рамки и најчесто се истоштува и уште повеќе слабее губејки ја топлината во горниот спрат изложена на надворешните влијанија и промени а понекогаш и загинува и покрај полниот горен спрат со мед.

Целта на претходно напишаното не беше да ви препорачаме пчеларење во кошари туку да ви укажаме на факторите на доброто зазимување на пчелиното клубе и создавање на услови да се задржи топлината а ослободи влагата од кошницата,овозможувајки што поприродна положба на клубето во однос на кошницата.

Околу положбата на клубето во кошницата би погледнале уште неколку интересни шематски прикази:
На првата слика гледаме клубе кое  е зазимено во средината а над него и од старните е полно со мед.
На фтората слика имаме клубе во вид на брада каде медот се наога во најголеми венци над средните рамки а крајните рамки се полупразни или празни.
Трета слика покажува зазимување на пчелина заедница на левата страна од сандукот а останатите рамки се полми со мед.


Секако дека ќе се запрашаме од што зависи вака различната поставенос на пчелиното клубе во кошницата и која положба е најдобра.

Од некои сопствени согледувања би рекол дека пчелината заедница доколку ги има оптималните услови во кошницата најчесто ќе се зазими во средината во вид на клубе од првата шема.Но низа неисправности на сатините ,нивната старост (знаеме дека во касна есен матицата залежува стари сати а новите ги полни со мед),нееднаква топлина и влага во кошниците ,болести на леглото ,јачина на заедницата и т.н.би предизвикале многу голем број форми и положби на пчелиното клубе кое секако дека не е адекватно и го влошува презимувањето.

Колку пчеларот може да интервенира во создавањето на формата и местоположбата на пчелиното клубе во кошницата ?

Секако дека може со интервенции во текот на  август  септеври и октоври ставајки ги полните рамки со мед од страните а рамките со легло во центарот на сандукот.Октоври е последен месец во кој може да се интервенира во кошницата .Рамките во кои може да се забележи кречно легло треба да се отстранат а  во средината на кошницата несмее да има сатини во кои не е лежано најмалку три четири генерации пчели.

Октоври е месец кога регулирањето на вентилацијата е најзначајно.

Вентилацијата во зимскиот период е од пресудно значење за добро презимување и брз пролетен развој.Има повеќе начини да се обезбеди можност кошницата да “дише”.Не ретко во пролет забележувајки дека на некоја кошница сме го заборавиле отворот за харанилка да го затвориме или поклопната даска добро не дихтувала ќе помислиме дека пчелината заедница е угинат или ослабена .Но секогаш сме пријатно изненадени утврдувајки дека тие заедници напротив многу добро презимувале.

Причината секако лежи
во отстранувањето на влагата која се создава во кошницата во голема мера, при трошењето на медот.Доколку кошницата има отвор на горната страна низ кој како низ оџак излегува влагата сме решиле еден многу значаен проблем при зазимувањето.
Задржувањето на топлината во кошницата се постигнува со ставање на материјал за затоплување во збегот на кошницата.Тоа можат да бидат јастучиња кои се полни со слама,но и обични стари топли алишта или хартија од весници кои добро би ја изолирале поклопната даска од надворешните ниски температури.


Со правилната вентилација и затоплување е исполнет и последниот од петте услови  за добро презимување и брз пролетен развој за кои говоревме во август.
Но да не заборавиме во пчеларскиот дневник да забележиме
под кои услови се зазимени пчелините заедници:

- со која јачина и во каква здравствена состојба
- староста на матицата
- каков квалитет и колкава количина на храна имаме во кошниците
- каков е квалитетот и страоста на саќето
- каква е вентилацијата и затоплувањето


Водењето пчеларски дневник е многу важна задача на пчеларот бидејки податоците од него служат за понатамошни анализи ,планирања и интервенции на пчеларникот.


Кога сме кај здравствената состојба на пчелината заедница се чувствувам должен  да истакнам дека борбата со вароата во овој месец е пресудна .Нема повеќе легло и нема каде таа да најде засолниште од хемиските третмани.

Задимувањето сега има свое значајно место.Лековите на база на амитраза  секако даваат најдобри резултати но и Фолбеџ ВА (призвод на Швајцарската фирма ЦИБА-ГЕИГЅ АГ од Базел.

Борбата со вароата не е инцидентна, туку планска континуирана и постојана.
Таа не е смо хемиска туку и биолошка и селективна.
Тоа се комбинирани методи и постапки со кои вароата постојано се држи под контрола.
- мрежните подници кои овозможуваат постојано прегледување на отпадот во кој секогаш може да се забележи отпаднатата вароа по презимувањето,
- раното пролетно хемиско третирање,
- летните биолошки методи со трутовкото саќе
- третирање на голите роеви,
- одземање на сатините со висока заразеност на поклопеното легло,
- есенското третирање и касно есенско третирање,


сето тоа со планска и навремена примена на биолошките методите и хемиските лекови спага во борба против овој опасен паразит.
Но и селекцијата, постојано одбирање, селектирање,ширење на матици со познато потекло од заедници кои имаат генетска отпорност спрема овој паразит.

10/2010

 

Додади го твојот коментар

Вашето име:
Наслов:
Коментар (тука може да се користат HTML tags):