Еколошка свест PDF Печати Е-пошта
Ниво на корисникот: / 8
НајлошоНајдобро 
Екологија - Еколошка свест
Недела, 18 Октомври 2009 18:36

Третирајки теми од пчеларството спонтано  се наметнаа темите на здравјето и здравата исхрана  и темите за медоносни лековити растенија , климатските промени,зачувување на животната средина,природата и општествената правда.Сето ова е тема на една посебна наука која ги сублимира сите овие теми а тоа е Екологијата.

Foto:Високиот индекс на УВ зрачењето упатува на намалена озонска обвивка.

Поради тоа се наметна потребата да издвоиме посебна рублика која ќе ги третира темите од екологијта ,кои непосредно се врзани со биодиверзитетот во кој се наоѓа и пчелината заедница како значајна дел од играта во одржување на рамнотежата во природата.

Ќе навлеземе подлабоко во еколошките проблеми што се актуелни во  светот и кај нас а кои посредно или непосредно делуваат врз пчелините заедници ,пчелините производи и пчеларството во целина како и врз квалитетот на нашето живеење.

Основна и прва наша задача и цел е да се вклучиме во кампањите за будење на еколошката свест кај целокупната нашата популација вклучувајки ги и пчеларите кои имаат посебен интерес во овие кампањи.И покрај постоењето на голем број невладини организации кои се занимаваат со проблемите на екологијата (неформално постојат околу 300 невладини организации)Македонија сеуште е недоволно информирана и организирана во борбата за загарантираните права на живеење во здава,чиста незагадена еколошка средина, дека нашите граѓани имаат загарантирани права на здрава органска исхрана, дишење на чист воздух,пиење чиста здрава вода ,живеење без прекумерна бучава и т.н.

Од горе изложеното произлегува дека ќе се залагаме за органско земјоделско производство ,со што ќе ја утврдиме нашата следна заложба.

Имајки ја во предвид интерактивноста на нашиот сајт ќе се обидеме да ги вмрежиме сите еколошки пчеларски и други здруженија заинтересирани за здрава животна средина и здрав живот, со единствена цел да создадеме цврст зелен фронт, кој ќе успева да се справи со огромниот број проблеми од областа на екологијата во Македонија и пошироко.

Воедно ќедадеме можност на поединци обични граѓани со свои статии коментари и прашања да ги изложат воочените еколошки проблеми од нивните непосредни животни средини и да  дадат предлози за ублажување на негативното влијание на еколошките проблеми , нивното надминување и решавање.

Ќе ги објавуваме сите еко - проекти и акци кои се значајни за нас .

Редовно ќе ги објавуваме и сите  еко-новости во Македонија и странство.

 

 

Додади го твојот коментар

Вашето име:
Наслов:
Коментар (тука може да се користат HTML tags):