Технологии на пчеларење |
![]() |
![]() |
![]() |
Значајни теми - Tехнологии на пчеларење | |
Понеделник, 26 Октомври 2009 11:22 | |
Технологиите на пчеларење се специфични бидејки се работи за производство на производи кои во најголема мера зависат од природата. Поради тоа моето мото при одгледување на пчели е - Следи ја природата ! Пчелиното семејство се развива зависно од условите во природата. Доколку во природата има полен има и интензивно лежење од матицата при што се зголемува пчелиното легло а се трошат залихите не мед. Силната нектарна паша ,создабва дебели медни венци во плодиштето и ги полни медиштата притоа намалувајки го просторот за пчелиното леглото. Тивката нектарна паша со доволно присуство на полен овозможува континуирано силна пчелина заедница но изостануваат високите приноси на мед. Денес кога се повеќе се бара производство на природна чиста и здрава храна, пчелините производи како најскапоцени дарови на природата,најсоодветно се вклопуваат во тие барања. Меѓутоа тоа подразбира чиста еколошка средина на пашните терени. Исто така и технолошките постапки при производство на пчелините производи мора да бидат според принципите на добрат производна и хигиенска пракса .
|