На пчеларникот во ноември PDF Печати Е-пошта
Ниво на корисникот: / 19
НајлошоНајдобро 
Актуелно - Пчеларски календар
Понеделник, 02 Ноември 2009 18:38

Ноември е првиот месец од периодот(ноември,декември ,јануари) кога пчелината заедница е во состојба на мирување.
Во ноември времето веќе е сосема студено и пчелите се во клубе трошејки сосема малку енергија и храна,штедејки ја за пролетниот развој.

Природата во некои години е под снежна покривка а мразот може да изненади замрзнувајки го растопенит снаг на летата и затварајки ги.
Пчелината заедница е во мирување,има само пчели и матица трутовите одамна се исфрлени и секое нивно забележување најчесто значи дека со таа заедница нешто не е во ред.Преглед и померување на рамовите во овој месец не се препорачува.

Пчеларот во овој месец нема некои обемни работи доколку се придржувал на упатствата и сите позначајни работи ги завршил во октомври.
Но сепак присуството на пчеларот на пчеларникот во овој месец е од голема важност.
Треба да се внимава на тоа како се поставени кошниците .Тие треба да бидат благо сведнати на напред како би се спречило влегување на вода во внатрешноста на кошницата.Постојките треба да бидат стабилни бидејки пообилни дождови ја омекнуваат земјата и кошниците што стојат нестабилно можат да се сведнат настрана па дури и да паднат.Вакви потреси доколку времето е многу студено би значеле сигурна смрт на пчелината заедница бидејки пчелите неможат да се вратат во растуреното клубе и за само неколку секунди се вкочанувват и умираат.
Заштитата од ветрот не е актуелна само во овој месец туку во целиот зимски период.Всушност вистинската опасност од проладување на кошницата не се ниските температури туку влагата и ветерот кој доколку дува во подолг период со поголем интензитет може да ја симне температурута во кошницата и до -100С.  па и пониско што секако негативно се одразува на пчелиното клубе а зимските губитоци се големи.Тоа значи дека треба добро да се внимава пчеларникот да не биде изложен директно на ветер туку да се наоѓа во завет.Изборот на местото за зимување е условен од тоа колку тоа е заштитено од ветер и влага.Исцедно и заветрено место свртено кон југ е вистинско решение да се избегнат големи зимски загуби на пчели во одредени заедници и губитоци на  цели пчелини заедници..
Секако треба да се внимава на летата треба да бидат добро затворени со чешли за да се избегнат штетите што глувците и кртовите кои доколку влезат во кошницта освен што ги вознимируваат пчелите прават големи штети јадејки од медот и сатините.Пчелини семејства во кои влегувале глувци многу често се ноземозни со намален имунитет , излегуват ослабени од зимата и често угинуваат.Летата треба да бидат слободни и навремено да се чистат од мразот,бидејки во некои случаи може да дојде до загушување на пчелината заедница.

Вентилацијата секогаш треба да се има “на око” и треба добро да функционира тоа е предуслов за добро зимување.

На сликата се гледа дека пчелината заедица сама оставила отвор кај хранилката.Тоа значи дека и е потребен венталационен отвор на горниот дел од кошницата.

 

Оградениот пчеларник секогаш е во предност бидејки многу мали се вознемирувањата од ситен , крупен добиток но и од диви животни.Со еден збор во ноември пчеларот треба постојано да го набљудува пчеларникот обезбедувајки целосен мир.

 
Коментари (1)
1 Петок, 29 Ноември 2013 17:52
petar popovski
neznam sto se slucuva so pcelite bidejki ne sesposobni da go pratat klubeto nekoi pceli
stojat na gazerot a nekoi gore na ramkite kade ima hrana . dali nekoj ja znae ovaa problematika so pcelite i znae sto trba da se napravi
Ako znae nekoj navreme da me posovetuva za da
nema golema steta ve molam napisete mi

Додади го твојот коментар

Вашето име:
Наслов:
Коментар (тука може да се користат HTML tags):