На пчеларникот во Декември PDF Печати Е-пошта
Ниво на корисникот: / 27
НајлошоНајдобро 
Актуелно - Пчеларски календар
Вторник, 17 Ноември 2009 23:18

На пчеларникот во месец декември

Декември е месец со кој почнува зимата , обилните снегови и ниските температури .

Најголемиот дел од природата мирува, мирува и пчелината заедница собрана во клубе , положба во која лесно ги совладува ниските температури.

Ова е фториот месец од периодот на мирување на пчелината заедница.На пчеларникот нема интезнивни работи но тоа воопшто не значи дека и пчеларот во потполност е ослободен од обврската, тој треба постојано да го наблјудува пчеларникот и да интервенира во случај кога тоа е потребно.

Секако дека постојано мораме да внимаваме на:
-Прочисните летови кои ги имаат пчелите во потоплите сончеви и мирни зимски денови,доколку пчелите масовно излегуваат и се враќаат во кошницата незадржувајки се на полеталката а на ѕидовите на кошницата нема дамки од пчелин измет зборува дека во ваквите заедници е се во ред
-положбата на кошниците и нивната стабилност,тие треба да бидат благо наведнати нанапред за да се спречи влегување на влага во кошницата
а постојките треба да се цврсто и стабилно поставени .
-отвореноста на летата и нивната заштитеност од влегување на глувци и ровки ,
-вентилацијата која секогаш треба да се контролира
-заштитата од студените ветрови  треба да се има во предвид бидејки влиае на потрошокот на храна во кошницата.
Познато е дека доколку горенаведените услови се задоволени при тремператури од 00до -50 С при обезбеден потполен мир пчелиното семејство во овој месец троши незнатни количини на храна.
Мегутоа пчелината заедница може да се најде во ситуација
-да ја изгуби врската со залихата на храна или да дојде во состојба
-да троши медлика или скиснат мед
во двата случаи пчелиното семејство или дел од него угинува.
Потребно е да се знае дека пчелината заедница за да се помести во кошницата од едно во друго улиште потребна е надворешна температура од минимум +80Ц на ваква температура клубето привремено се распушта заземајки ја новата положба .Но доколку студената зима е со ниски температури а тоа трае неколку недели лесно доѓа до тоа пчелината заедница да неможе да се префрли на рамките со мед и да угине независно од тоа што во кошницата има доволна количина мед.
Скиснатиот мед е честа појава во зимскиот период. Тоа обично е незаклопен есенски внес кој со својата хидроскопнос ја собира зимската влага а при затоплувањето овозможува процес на укиснување.
Исто така при лошо поставена вентилација кондензираната водена пареа може во вид на капки да пага над пчелиното клубе и да ги вознемирува пчелите значително влошувајки го зимувањето.

За најголем дел од она што горе го наведовме поопширно го опфативме во претходните месеци.
Не ретко почетниците но и сите  пчелари сакаме во периодот кога снежната покривка ги покрила сандуците а тоа трае подолго време да знаеме дали во сандуците пчелите добро зимуваат ,поточно во каква состојба тие се наогаат
Тоа можеме да го утврдиме и по шумот што го произведува пчелиното семејство:
Нема шум- семејството е мртво.
Шум на суви лисја-нема храна
Шум на интензивно зуење-нема доволно воздух
Шум на жално долго зуење заедницата е без матица
Доколку при удар во кошницата се слушне интензивно зуење кое нагло запира- пчелината заедница е во добра состојба
Но и прегледот на отпадоците на подницата може да упати на
пчели иситнети и распарчани -има глушец
пчели со проширен долен дел и непријатна миризба-ноземоза поради скиснат мед
Отпадоци од поклопци со многу кристали-зашекерен мед

Декеври е месец во кој се сумират резултатите од претходната година
и се изработуваат планови за развој на пчеларникот во наредната година.
Сега кога веќе активната сезона е зад нас имаме доволно време да ги погледнеме податоците од пчеларскиот дневник и да направиме анализа на најважните проблеми со донесување на план за брз пролетен развој зголемување на пчелините семејства евентуално селење и т.н.
Приносите нетреба да се гледаат само во мед туку и во сите други пчелини производи но и прирастот во роеви.
Гледано од економска страна пчелините семејства се сметаат како основно стадо,Сандуците и опремата како основни средства а шекерот лековите сатовите како обртни средства.Доколку сакаме реално согледување на приходите од пчеларењето треба да изработиме вистински биланс на средстав и извори.На приходи и расходи,земајки ги во предвид отписите од основните средства трошокот на обртните средства и загубите во пчелини семејства од една и остварените приноси од мед,полен,прополис,восок,млеч, како и прирастот во роеви од друга страна.
Во овој контекст треба  да се напомене дека пчеларството како стопанска гранка е ниско акомулативна со просечна стапка од околу 17% на годишно ниво во период од 10г,имајки во предвид големи осцилации на годишно ниво така да во одредени неповолни години може да биде помала и од 7% а во екстремно поволни години  до 30%.Ова зборува дека ивестициите во пчеларството се долгорочни неизвесни и со мала акумулативнос и големи осцилации.Инвестирање на кратки рокови се економски неоправдани и  неисплатливи.

 
Коментари (1)
1 Петок, 06 Јануари 2012 21:07
Orce
Zdravo Srekna Nova godina i od mene.

Додади го твојот коментар

Вашето име:
Наслов:
Коментар (тука може да се користат HTML tags):