Самит за глобални климатските промени во Копенхаген - Заврши самитот во Копенхаген PDF Печати Е-пошта
Ниво на корисникот: / 2
НајлошоНајдобро 
Екологија - Еколошки проекти и акции
Петок, 04 Декември 2009 18:40
Индекс на артиклот
Самит за глобални климатските промени во Копенхаген
Неуспех во Копенхаген
ГИ УРИВАМЕ СВЕТСКИТЕ РЕКОРДИ ВО ИСПУШТАЊЕТО НА ЈАГЛЕРОД ДИОКСИД
Срамно заврши самитот во Копенхаген
Сите страни

 

Заврши самитот во копенхаген.

 СКЛУЧУВАЊЕТО СЕОПФАТЕН ДОГОВОР ЗА КЛИМАТА СЕ ОДЛОЖУВА ЗА КРАЈОТ НА 2010 ГОДИНА
Копенхаген заврши срамно
Учесниците на конференцијата на ОН за клима усвоија заклучен документ во кој изјавуваат дека го потврдуваат договорот постигнат меѓу лидерите на околу 30 најголеми економии во светот за борба против глобалното затоплување.
На овој начин е избегнат неуспех на средбата, која требаше да заврши вчера, во 18 часот по локално време, но дискусиите меѓу делегациите продолжија до денеска.
- Конференцијата на земјите го потврдува договорот од Копенхаген - се вели во заклучниот документ, усвоен од 193 земји, кои, сепак, не го одобрија со гласање.
По непроспиената ноќ исполнета со остри дебати, учесниците претпладнево се уште размислуваа дали да го прифатат договорот за борба против глобалното затоплување, кој го склучија триесетина шефови на држави. Механизмите за финансирање, предвидени во документот, можат да функционираат само ако договорот биде официјално усвоен од страна на конференцијата на земјите од Рамковната конвенција на ОН за климатски промени.
„Политичката декларација“ за „договорот од Копенхаген“ малку избрзано синоќа ја објавија претседателите на САД и на Франција, Барак Обама и Никола Саркози. Таа беше претставена во пленарната сала пред делегатите на 193 држави и предизвика многу различни реакции.
Според Обама и Саркози, документот, пред се, има само три страници и „не е доволен“. Саркози, сепак, го нарече „најдоброто можно решение“ и истакна дека како цел е поставено ограничување на глобалното затоплување до два степена во споредба со прединдустриското ниво.
Се предвидува и создавање специјален фонд под покровителство на конвенцијата за климата. За почеток, во следните три години во него, според текстот, ќе влезат 30 милијарди долари. Потоа сумата ќе се зголеми и до 2020 година ќе достигне 100 милијарди долари. Тие ќе бидат насочувани, главно, за помагање на земјите што ќе бидат најранливи во приспособувањето кон последиците од климатските промени.
- За да влезат во сила тие одлуки, сепак, ќе треба да се претворат во „одлуки на конференцијата“ - потсети денеска британскиот министер за енергетика и за климатски промени Едвард Милибанд.
Декларацијата засега обединува само триесетина држави - група што личи на една проширена Г-20, која ги вклучува САД, Европа и големите новорастечки пазарни економии како Кина, Индија, Јужна Африка и Бразил - основните земји-загадувачи на животната средина.
- Не станува збор за договор, туку за политички договор меѓу државни лидери, со кој тие се обидоа повторно да ја пуштат машината во работа - објасни во текот на ноќта францускиот министер за екологија Жан-Луи Борло.
Со текстот се повикуваат развиените земји и земјите во развој до крајот на јануари писмено да ги потврдат ангажманите за ограничување на емисиите на гасовите што предизвикуваат ефект на стаклена градина. Тој предвидува и механизми што ја гарантираат отвореноста на нивното спроведување. Со ова склучувањето сеопфатен договор се одложува за крајот на 2010 година - со сигурност за конференцијата за клима во Мексико. Мексиканскиот претседател Фелипе Калдерон ќе треба да се увери дека тоа ќе се претвори во правнообврзувачки договор.
Пред да замине од Данска, Барак Обама призна дека постигнувањето договор со правнообврзувачки карактер ќе биде многу тешко и ќе одземе многу време. Германската канцеларка Ангела Меркел предложи одржување уште една, не толку голема конференција во јуни во Бон. Британскиот премиер Гордон Браун, пак, изјави дека на Самитот во Копенхаген е постигнат напредок околу документот што треба да обезбеди заштита на светот од климатските промени, но дека е потребен договор што ќе има правна основа и обврзувачки норми. Во изјава за британските медиуми, Браун рече дека Велика Британија ќе продолжи да работи за постигнување договор што ќе биде прифатлив за сите.
Лондонските медиуми, кои на конференцијата во Копенхаген и посветуваа големо внимание, сметаат дека Самитот за климата не успеа да го заврши тоа за што беше организиран, иако американскиот претседател Барак Обама ноќеска, пред да се врати во Вашингтон, објави дека САД, заедно со Кина, Индија, Бразил и со Јужна Африка имаат постигнато договор околу климатските промени. Во изјава за медиумите тој, сепак, призна дека договорот не е правнообврзувачки.
Според медиумите во Лондон, единствено што е постигнато на овој Самит е договорот во иднина да се направи договор за климата, без некои цврсти гаранции дека тоа, навистина, ќе се случи во новата 2010 година. „Гардијан“ дури направи и второ издание на саботниот весник, откако во првото навестува успешен крај на самитот, а во второто разочарувачки констатира дека самитот завршува без никаков успех.


Фудбалот поважен од климата

.Конференцијата на ОН за климатските промени во Копенхаген заврши со повик на јужноафриканскиот делегат да не се совпаднат датумите на Светското првенство во фудбал и состанокот за климатските промени, кој се планира да се одржи во Бон, што беше проследено со бурен аплауз.
Светското првенство во фудбал ќе се одржи од 11 јуни до 11 јули во Јужна Африка.


Меркел ги отфрла критиките


Германската канцеларка Ангела Меркел ги отфрли критиките за резултатот од светскиот самит за климатските промени, јави „Дојче веле на македонски јазик“.
- Копенхаген беше првиот чекор кон нов светски климатски поредок, ништо повеќе и ништо помалку - изјави Меркел за весникот „Билд ам зонтаг“. Врз таа основа треба да се градат идните преговори и тоа Германија ќе го направи на министерската конференција, на средината на наредната година во Бон.
Шефот на Социјалдемократската партија Зигмар Габриел побара од германската влада и од Европската унија, да ги исполнат ветувањата и да ја намалат емисијата на јаглероден диоксид за 30 проценти. Само на тој начин ЕУ може да ја поврати загубената доверба, смета Габриел.

 



 

Додади го твојот коментар

Вашето име:
Наслов:
Коментар (тука може да се користат HTML tags):