Ноземоза PDF Печати Е-пошта
Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 
Значајни теми - Болести кај пчелините
Понеделник, 14 Декември 2009 19:13

Болест на возрасните Пчели
Nosema
Нозема е болест на возрасните пчели , предизвикана од  едноклеточно праживотно Nosema apis Zander, е предизвикано од Спора-формирање протозоан (Носема Апис) која го напаѓа дигестивниот тракт на медоносната пчела на работничките, матицата и трутовите.

Спорите на болеста се пренесуваат со храна или вода од страна на возрасните пчели. Спорите влегуваат и се множат  во рамките на обвивката на средното црево.

Милиони на спори се создаваат во дигестивниот тракт и елиминираат со изметот. Оштетување на дигестивниот тракт може да произведе и дизентерија и да ги ослабне пчелите. Како резултат на тоа, продуктивниот живот на работничките е намален и произведуваат болни пчели  успорувајки го развојот на колонијата .

 

Кога матиците станат инфицирани, се намалува нивниот живот и бројот на залежаните јајаца, што води до неплодност и смрт. Инфицираните работнички, за разлика од здравите работнички, може да го оставаат изметот  во кошницата. Заболените колонии обично имаат зголемени зимски загуби и намалено производство на мед. Губењето на матиците  во колониите со ново почнато легло е најстариот сериозен ефект на болеста.
Иако носема е честа болест на пчели, тоа обично оди незабележано кај пчеларот бидејќи не произведува знаци или симптоми, кои се лесно препознатливи во праксата. Всушност,  присуство на болест обично не се реализира се додека повеќето од пчелите  во колонијата не  се заразени.

Единствениот позитивен начин за идентификување на болеста е преку вадење на цревото на возрасните пчели. Средното црево е  варово бело или млечно бело. Здрава пчела, од друга страна, пак, имаат килибар или проѕирен дигестивн тракт. Покрај тоа, индивидуалните кружни прстени на здравите пчели на стомакот се видливи, со оглед на тоа стомакот на инфицираните пчели може да е потечен и прстените  не се јасно видливи. Инфекциите најдобро се откриваат од страна на микроскопско испитување на абдоминалното ткиво за присуство на спори.

Носема болеста е најмногу распространети во пролетта. Сериозноста на инфекцијата варира меѓу колониите, географските региони и од година во година. Делумно инфицираните пчели можат да ја надминат заразата, доколку добро се исчистат(со ексенција) или заменат сатините  во пролетта. Заразата може да ја шират продавниците за храна загадени матични кафези и други извори на инфекција. Спорите се шират преку инфицирани пакет пчели, роеви, и контаминирана опрема. Сатините од ослабените колонии кои починале во текот на зимата често имаат нозема-контаминиран измет. Користење на рамки или поделба во други колонии во пролетта нјчесто резултира со масовно ширење зараза.

Матиците можат да станат инфицирани од разни извори.Кога болеста е тешка, колонијата може да изумре  евентуално да останат неколку пчели и матицата. Ова е често нарекувано "пролетна болест." Во колонии, кои се погодени само благо, одгледувањето на нови здрави пчели на крајот овозможува колонијата да закрепне.
Времето во пролет ги охрабрува нозема болните пчели да излезат на прочистен лет и да се ослободат од несварените материи надвор од кошницата, со што се спречува загадување со Спори во рамките на заедницата. Заболените од Ноземоза пчели често излетуваат од кошниците на маргиналните температури, веројатно затоа што се под стрес. Бидејќи тие се слаби, тие паѓаат  на земјата, се  ладат и не се во состојба да се вратат во колонијата. Болените пчели на тој начин се елиминирани од колонијата. Интензитетот на инфекција обично се смирува во април како и после прочисните летови и појавата на ново  потомство.

Пчелините семејства  имаат природна одбрана против нозема, ја зголемуваат  продукцијата на млади и здрави пчели кои ги заменуваат инфесираните. Ако ноземозта е веќе присутна во поголем обем, секој прекин во одгледување на леглото најверојатно ја  зголеми инциденцата на болеста, особено во рана пролет. Нови пакетни  пчели се многу подложни на нозема. Во текот на првите 3 недели по инсталацијата, кога колонија нема нови млади пчели, болеста може брзо да се рашири низ старото возрасно население и да го зарази што предизвикува слабеење на заедницата а понекогаш и нејзино изумирање..

Најдобра заштита против нзема е да се чуваат само силни семејства  со многу мед во соодветната позиција и со млади енергични матици. Многу различни хемикалии биле тестирани за контрола на болеста, но само Фумидил-Б ® (фумагиллин) се покажа ефикасна. Фумагилин е особено ефективен во спречување на носема во роеви и новоформираниот пакет пчели. Но, бидејќи фумагиллин не влијае на спорите на носема паразит, третман со овој лек нема  целосно да ја елиминира  болеста од колонијата.
За детални информации за користење на фумагиллин за третман носема болест, види додаток или посетете го МААРЕЦ Веб сајт: маарец.цас.псу.еду.
Ако немате пристап на Интернет, јавете се во вашата локална канцеларија за соработка.
ВНИМАНИЕ: Не треба да се хранат со лекови колонии, кога постои опасност на загадување на медот.
Бидете сигурни дека сте  престанале да ги храните пчелите со  фумагиллин најмалку 4 недели пред почетокот на медоберот.

Извор ,, Беекеепинг Басицс”
Превод од англиски : Ацо Тодоровски

 

Додади го твојот коментар

Вашето име:
Наслов:
Коментар (тука може да се користат HTML tags):