Sun Microsystems и предизвиците на денешницата PDF Печати Е-пошта
Ниво на корисникот: / 3
НајлошоНајдобро 
Информатичкo Комуникациски Технологии - Во ПЧЕЛАР.мк
Понеделник, 22 Декември 2008 19:17
Според светската листа на Fortune 500 најголеми компании, Sun Microsystems се наоѓа на 184-тата ранг позиција.  Визијата на Sun како една од водечките компании во Информатичката индустрија, е секогаш да е во врвот на иновациите Според светската листа на Fortune 500 најголеми компании, Sun Microsystems се наоѓа на 184-тата ранг позиција.  Визијата на Sun како една од водечките компании во Информатичката индустрија, е секогаш да е во врвот на иновациите, а со тоа и воведување на нови технологии кај своите партнери. Како нова титула која ја носи сега Sun е и титулата за “најзелена“ компанија во светот. Главен визионер уште при самото основање бил и Скот МекНили , сегашен претседател на бордот на директори во Sun Microsystems  и Sun Federal. Тој од својата позиција сеуште е активно вклучен во сите процеси и одлуки на Sun, како и тоа што посветува големо внимание на клиентите и развојот на продукти од светска класа.

Во моменти кога светот се соочува со финансиската и економската криза,  Sun како ИТ компанија немаше скоро никакви последици. Скот МекНили немаше потреба да донесува некакви одлуки за реорганизација ниту пак посериозно да се соочи со проблемите кои ја зафатија целата индустрија. Напротив, Скот сега се соочува со одлуки и можности за зголемена продажба и нови партнери, кои преку купување на информатичка опрема гледаат можност за намалување на трошоците за работна сила, односно автоматизирање на голем дел од нивните процеси. Од особена важност се и одлуките за започнување на нови иновативни технологии, како и што поуспешна презентација на организираните саеми и RoadShow-а.

Од особена важност се технологиите за виртуелизација, складирање (storage), готов и развој на софтвер, каде клиентите и партнерите можат да добијат големо намалување на трошоците со нивно користење, особено финансиските институции. Готовите продукти од софтверската сфера која веќе може да почне да се мери и со пазарот на Microsoft од аспектот на алатките за развој и алатките за канцелариско работење, иако се бесплатни и под лиценца на отворен софтвер, на Sun му даваа многу поголеми можности за напредок и развој.

Сепак Скот МекНилс треба да остане на визијата која Sun Microsystems долго ја негува и да се соочи со новите предизвици и закани од останатите ИТ мега компании, кои иако сега почуваат се повеќе да склучуваат партнерства и заеднички организации и проекти. Од особена важност се и одлуките Sun да се вклучи и во пазарот на мобилни технологии, каде реално има најголеми шанси во иднина да стане водич во светот, поради големата палета на хардверски и софтверски платформи и продукти кои самата компанија ги негува, како и отворената заедница. Со што може да наметне прилагодлива мобилна архитектура која би била широко прифатена од постоечките но и многу нови деловни корисници.

Со фактот дека Sun се труди да пренесе дел од производството како и услугите на источниот пазар на трудот, каде има многу поефтина работна сила, Sun може во блиска иднина да се концентира на големо проширување на  светскиот пазар како и можни коренити структурни промени и поместување на светските ИТ и Интернет центри.

 

Додади го твојот коментар

Вашето име:
Наслов:
Коментар (тука може да се користат HTML tags):