Трут PDF Печати Е-пошта
Ниво на корисникот: / 23
НајлошоНајдобро 
Пчеларење - Почетници
Недела, 14 Февруари 2010 12:16
Трут

Трутови (машки пчели) се најголемите пчели во колонија. Тие обично се присутни само во доцна пролет и лето. Трутот има  главата која е многу поголема од онаа на матицата и работничката, и неговите очи се соединети на врвот на неговата глава. Трутовите немаат осило, поленови кошеви, ниту восочни жлезди. Нивната главна функција е да ја опладуваат матицата  девица за време на нејзиниот свадбен  лет, но само мал број на трутови ја извршуваат оваа функција. Трутовите стануваат  сексуално зрели за една недела откако се појавуваат и умираат веднаш по парењето. Иако трутовите не вршат корисна работа во кошарата, нивното присуство се верува дека е важено за нормално функционирање на  колонијата.
Додека трутовите нормално се хранети од работничките , тие можат да се хранат во рамките на заедницата откако ќе наполнат 4 дена. Трутовите јадат три пати повеќе храна отколку работничките, преголем број на трутови може да претставува  дополнителен стрес за колонијата за  снабдувањето со храна. Трутовите престојуваат во кошницата 8 дрна, по што почнуваат да прават ориентациони летови. Излетуваат  од кошницата обично меѓу пладне и 4:00 часот попладне. Трутовите никогаш не биле забележани да земат храна од цвеќињата.
Во есен со намалувањето на внесот на полен и нектар во косницата , трутовите обично се принудени да умрат од глад бидејки пчелите работнички престануваат да ги хранат и ги исфрлаат од кодницата.. Пчелини семејстава со слаби матици, сепак, ќе им дозволат да останат во кошницата бесконечно.
 

Додади го твојот коментар

Вашето име:
Наслов:
Коментар (тука може да се користат HTML tags):