Пчеларникот во јануари PDF Печати Е-пошта
Ниво на корисникот: / 18
НајлошоНајдобро 
Актуелно - Пчеларски календар
Недела, 04 Јануари 2009 15:39

Јануари е месец со кој завршува периодот кога пчелиното семејство мирува. Јануари обично е најстудениот месец во годината со многу ниски температури кои понекогаш можат да се спуштат и до -22 0С

фотографија ,10/01/2010 Кратово - дневна температура од +170Ц

 

 

 

 

Но има години кога јануарските температури се релативно високи невообичаени за тој период од годината и можат да достигнат до 14 С0.Токму овие осцилации на температурата се вистински проблем за пчелината заедница. Пчелиното клубе при високите температури се шири а при ниските се собира притоа трошејки храна и енергија.

фотографија ,04/01/2009 Кратово

Во некои години , во фтората половинана од овој месец поради релативно топлите денови пчелината заедница може да отпочне со легло наоѓајки се во активна состојба што секако најчесто има негативни последици за пчеларската заедница. Доколку екстремно ниските температури во декеври недозволиле  да дојде до прочистен излет , пчелите веќе во своето дебело црево имаат натрупано големи количини несварливи материи. Нивниот абдоме е видно зголемен .

Тоа значи дека прочистувачки лет во некој топол јануарски ден би бил вистински ,,спасоносен лет,, на кој пчелите би се прочистиле и ослободиле од несварливите материи станувајки полесни и поотпорни на ниските температури. Овие прочистувачки летови доколку внимателно се набљудуваат можат да ни дадат ,,јасна слика,, за тоа како зимувала пчелината заедница.

фотографија, 17/01/2009 Кратово

Од 01/01 до 12/01/2009 тмпературите се движеа од -14 до +4 С0  14 и 15/01/2009 дуваше јјужен ветер, снегот во целост се стопи а дневните температури достигна над 14 С степени. пчелите излегоа на прочистен лет.

Доколку забележиме масовното иенергично излетување на пчелите без задржување на летата , значи дека пчелината заедница е здрава и добро зимува. Доколку се забележи како од кошницата изнесуваат мртви пчели или парченца восок чистејки ја подницата зборува за прочистувачки излет по кој пчелината заедница вообичаено се припрема да започне со легло.

Јануарското легло според многу теоретичари и практичари е непожелно . Се препорачува отворање на летата и зголемување на вентилацијата со цел да се спречи прераното легло кое најчесто само ја истоштува пчелината заедница. Таа треба да одржува температура од +31 С0 најмалку 30 дена за да успее да го одгледа леглото. Ова легло е непожелно бидејки Јануари е нестабилен и студент месец а задржувањето на високи температури во подолг период не е можно.
Но не само прочистувачкиот лет туку и ослушнувањето на звуците во кошницата  може да не упати на тоа како зимува пчелината заедница и дали и треба интервенција од пчеларот за да се избегнат загуби на пчели или цели заедници.
Не ретко почетниците но и сите  пчелари сакаме во периодот кога снежната покривка ги покрила сандуците а тоа трае подолго време да знаеме дали во сандуците пчелите добро зимуваат ,поточно во каква состојба тие се наогаат
Тоа можеме да го утврдиме и по шумот што го произведува пчелиното семејство:
Нема шум- семејството е мртво.
Шум на суви лисја-нема храна
Шум на интензивно зуење-нема доволно воздух
Шум на жално долго зуење заедницата е без матица
Доколку при удар во кошницата се слушне интензивно зуење кое нагло запира- пчелината заедница е во добра состојба

Но и прегледот на отпадоците на подницата може да упати на
пчели иситнети и распарчани -има глушец
пчели со проширен долен дел и непријатна миризба-ноземоза поради скиснат мед
Отпадоци од поклопци со многу кристали-зашекерен мед
Фотографија, Преглед на тестната Влошка од подницата! 10/01/2010 Кратово

Фотографија ,А.Т. Тест влошка од подница 29/12/2012 покажува дека пчелиното клубе се наоѓа во предниот дел  а медот е во останатиот дел од рамките.Ова е иделно зазимување на пчелиното клубе.Се гледа дека клубето зафака 9 улици сто значи дека е доволно јака за да ја презими зимата и да овозмози брз пролетен развој.
Се случува некои пчелини заедници да ја изгубат врската со медните рамки или пак да остане без мед .Доколку навреме се открие ваков случај пчелините заедници можат да се спасат со прихранување.
Зимското прихранување е едно од најдискутабилните прашања. Сепак повеќето теоретичари и практичари се сложуваат дека зимското прихранување е оправдано само во исклучителни ситуации кога пчелините заедници било од која причина немаат храна. Искуството покажува дека зимското прихранување предвреме ја активира пчелината заедница , што многу негативно се одразува посебно кога зимата е долга и студена и не овозможува почести прочистни излети.
Но доколку веќе прихрануваме, треба да напоменеме дека тоа во најчест случај се шекерно медни погачи кои се додаваат дирекно врз пчелиното клубе во топол сончев ден , или во специјална просторија во која топлината е околу +8 С0. Пчелината заедница со мрежа на летото се внесува во просторија  и по 20 минути се отвара поклопната штица благо се задимува и врз клубето се става шекерно медното тесто во кое нема никакви други примеси. Додатоци како што се квасец или соја не се препорачуваат во овој период.
Јануари е месец во кој пчеларите траба веќе поинтезивно да се припремаат  за активната сезона која е на прагот .Овие припреми ги опфаќаат:
-обезбедување и поправки , стерилизација и дезинфекција на целиот пчеларски прибор.
-Припремање на рамките кои ќе се жичаат напролет.
-Поправка на старите кошници дезинфекција и нивна припрема за бојадисување.
-Анализа на резултатите од минатата година и донесување на план за развој во наредната година , и т.н.
Секако дека и набавката на потребниот шеќер за стимулативно прихранување и набавката на сатни основи нетреба да се оставаат за наредниот месец во кој веќе треба да се отпочне со брзиот пролетен развој.
Незаборавјте да го проконтролирате изграденото саќе во медиштата и обновете ја заштитата од восковиот молец. Протоцерата или сумпорот.
Чувањето на изграденото саќе не е проблем само во јануар. Тоа е прашање кое си го поставуваме целата неактивна сезона.
Едно од решенијата е поделба на саќето на девичанско(саќе во кое матицата никогаш нема лежано) и саќе во кое е ведено легло .  Поктоа во спратовите со девичанско саќе се ставаат лисја од орев прекривајки го секој спрат , над него доага наредниот над кој пак ставаме ореови лисја.Вака наредените 5-6 спрата добро ги покривам со поклопна даска која добро дихтува. Тука молецот не би требало да се појави.
Но саќето во кое се ведени пчели и има мед истата постапка дава многу помали резултати и истите треба да се заштитат со некое средствао против восковиот молец како то е протоцерата ,сумпурот,хлорот и т.н.
Аскоцидинот е средство на база на хлор кое освен што дезинфецира од крчното легло делумно штити и од восковиот молец.
Ексенцијата(концентрирана оцетна киселина) која дезинфицира од евентуално присуство на спори од ноземоза во поголеми количини делумно штити и од восковиот молец.
Нивната апликација е едноставна се ставаат во пластичен сад и се ставаат над рамките на корпусите , затварајки се со поклопна штица која треба добро да дихтува.
Секако дека супорисањето со палење на сумпурните ливчиња е постапка која дава добри резултати.
И покрај сето ова саќето треба постојано да се проверува а постапката на заштита да се повторува .
Некои од корпусните кошници не ретко остануваат полупразни или празни за зимуваат со пчелините заедници. Доколку се наогаат под спратовите со пчели и мед овие спратови изложени на многу ниските зимски температури го чуваат саќето од восковиот молец. Во една прилика истакнавме дека ваквите спратови и кај дадамблат и кај лангстротрутдоколку се под спратовите со пчели служи како добар исолатор од дирикните надворешни влијанија на суровата зимска клима. Јануар е месец во кој добро треба да се припремиме за почеток на активната пчеларска сезона.
 
Коментари (17)
17 Четврток, 02 Април 2015 13:11
Marina
Zdravo sakam da gi prasam site pcelari za sovet . jas sakam da se zanimavam so pcelarstvo znaci pocetnicki ovaa godina imam kupeno 7 sandaci so pcelni semejstva no tie se seuste kaj sopstvenkot sakam da ve prasam koga e najpogodno vreme da gi prefrlam na moja lokacija dali mozebi ke pretrpat steta?? p.s sakam i da gi prasam administratorite popolnav prijava za zaclenuvanje na vasata strana no ne dobiv potvrden odgovor pa nemozam da se logiram za da gi sledam foriumite pa ve zamoluvam za pomos .. Vi Blagodaram
16 Сабота, 29 Декември 2012 17:00
kico
pozdrav
15 Сабота, 09 Април 2011 19:20
cede
Druze ima li rabota za soferi vo Danska jazum sofer pisi mi sekulovcedo@yahoo.com
14 Среда, 12 Јануари 2011 18:59
Vasko
Zdravo, Aleksandar pcelareneto kako prvo e hobi i ljubov nemas nikakva garancija deka ke zarabotis se do krajot dodeka nego dobies medot.
Jas sum pcelar hobist vo Polska i minatata godina bese katastrofalna recisi nikoj nemase med.
Za pocetnikot pcelar zavisi od kolku kosnici sakas da pocnes, ti trebat nekoj osnovni raboti np. vrcalka za medot obleka barem kapa so mreza gleto, kadilo, sandaci, kolku da pocnes.
Prvata godina i taka nema da zarabotis ili ako zarabotiś nesto treba golem broj od parite da gi zainvestiras vo ambalaz ili oprema.
Najdobro e pocni so 3-5 kośnici vidi kade mozes da go prodavas medot po kolku i lesno ke razberes dali se isplaka ili ne.
Vo pcelarstvoto barem ovde najdobar biznis imaat tie sto izrabotuvaat ambalaz.
Najdobro vreme za pocnuvane e prolet a togaś pcelite se najskapi.
Vo kolku najdes idi so nekoj pcelar sto veke pcelari oti możes da kupis bolni, bez matici ili slabi.
Poarno duvaj otkolku da se izgoriś.
Pozdrav.
13 Петок, 26 Февруари 2010 13:32
јане
здраво може ли некој да ми каже каде може да се купат рамки,спратови па и цели сандуци за пчели на пример некој што изработува и кој се цените ако некој сега брзо купувал фала...
12 Недела, 31 Јануари 2010 21:56
kiril
Zdravo na site postari majstori i na site pocetnici ama za zal jas ne sum ni pocetnik.Me interesira i se zalagam da stanam PCELAR imam nekoi idei kade da gi lociram i od kade da nabavam kosnici t.e. sandaci sakam sovet za pocetok kako i koga da pocnam.Moj mobilen e 077-550-855.ve molam javete mi se za da kontaktirame za da ne utnam nesto.poz
11 Сабота, 23 Јануари 2010 08:39
Васко-Бт
Оваа година со програмата за рурален развој ќе бидат финансирани
- набавка на рамки и сандуци за пчелни семејства
- набавка на опрема за одгледување на пчели
- набавка на опрема за производство на мед и пчелни производи
Услов мин 10 пчелни семејства.
Вредност на инвестиција до 500.000 ден
10 Сабота, 23 Јануари 2010 08:24
Васко-Бт
Незванично
Субвенциите во пчеларството за 2010 година ќе изнесуваат:
500ден/пчелно семејство за конвенционално
650ден/пчелно семејство за органско пчеларство
9 Петок, 22 Јануари 2010 11:24
diaz
ај да помуабетиме малку на оваа тема,дали има од овие пари и за нас или не? доколку некој е заинтересиран и упатен нека коментира!
8 Понеделник, 18 Јануари 2010 17:48
Zoki
Zdravo jas sum pocetnik vo pcelarstvo imam nekolku pcelni semejstva i sakam da go prosiram pcelarnikot ,no se dvoumam dali da kupam pcelni semejstva ili roevi.Ako moze da dobijam sovet od nekoj poiskusen pcelar
7 Недела, 17 Јануари 2010 14:40
toni
цитирано од Александар:излегува дека пчелариме во загуба. да пчелариме со загуби рачунај колку кошта 1 кг природен мед да се произведе . а медариве во државава продавет (мед)кој кошта 40 мкд.
6 Недела, 17 Јануари 2010 10:55
viktor
izvinete da prasam....posto sum ne iskusen pcelar sakam da prasam sto da stavam vo pogacite vo fevruari,ako ne treba da se stavi kvasec i soja?
5 Сабота, 16 Јануари 2010 22:44
Васко
Александар, не знам дали си пчелар, па затоа не би можел попрецизно да го искоментирам твоето пишување.
Тони убаво ти одговори во неколку зборови. За жал додека имаме МЕДАРИ тешко ќе просперираат пчеларите. А на веб страната која и грешно ја наведе таа гласи (www.pcela.mk)СИТЕ се млади (почетници) со по неколку години искуство и кои сакаат ПОШТЕНО да пчеларат и се уште не размислуваат за некоја голема заработка.
4 Вторник, 12 Јануари 2010 00:52
toni
александар,се сложвам дека се пчелари научници,ама се млади пчелари кои сакаат да ја кажат вистината,дека се пчелари а не медари и сакаат да ја кажат вредноста на пчелата во природата и нејзините природни производи.
3 Понеделник, 11 Јануари 2010 23:56
Petar
Dolgogodisen iselenik sum vo Danska, i pokraj sekojdnevnata rabota bi sakal da zapocnam so privaten biznis vo koj bi prodaval makedonski medni proizvodi vo Danska. Koceptot e seuste vo razvoj, megjutoa verojatno ke bide kombinacija od web shop i golemoprodazba na prodavnici so organska, zdrava hrana.
Se nadevam ke me kontaktiraat onie pcelari koi imaat ambicii za izvoz na nivnite proizvodi (na pocetokot verojatno samo med, podocna i drugo koga ke go zapoznam podobro pazarot) i mozat da ponudat kvaliteten med, fleksibilnost vo odnos na ambalazata (izrabotena prema moi specifikacii vo MK ili ispratena od ovde, moze i sopstvena ako odgovara) i ne im preci da potrosat malku vreme vo odgovorno pakuvanje za siguren transport.
Mojata email adresa e: ratep2001@yahoo.com , pa kontaktirajte me so podatoci za vasiot kapacitet, lokacijata, iskustvoto, proizvedeni kolicini, tipovi na med i nivni golemoprodazni ceni i drugi raboti koi smetate deka se relevantni.
Posdrav,
Petar
2 Понеделник, 11 Јануари 2010 23:37
Администратор
Добивката едноставно се пресметува кога од вкупниот приход(парите што сме ги добиле со продажба на пчелините призводи роеви и матици)ќе ги минусираме вкупните трошоци (парите што сме ги дале за потребите на пчеларникот но и амортизацијата и каматите на вложените средства и надомест за вложениот труд влегуваат во трошок.)Просечен принос по кошница се пресметува кога фкупното производство се подели со вкупниот број на кошници.)Кога велиме 10 кг. мед по кошница Тоа не значи дека секоја кошница дава 10 кг.Од некоја кошница мошете да извадите и 80 кг.мед но на друга може да додадете рамки со мед.Постојат и добри и многу лоши години во пчеларството.
1 Понеделник, 11 Јануари 2010 22:18
Aleksandar
za vasiov sajt sekoja cest no mnogu sum razocaran od sajtot www.pcela.com.mk sve se pojavuvaat nekoi pcelari naucnici ili neznam sto se koj objasnuvaat kako od pcelarstvoto nema zarabotka kako se vadelo godisno po 8 do 10 kg. med od drustvo so nekoi racunici sto gi prikazuvaat izleguva deka pcelarime vo zaguba na covek da mu se odmili da pcelari.

Додади го твојот коментар

Вашето име:
Наслов:
Коментар (тука може да се користат HTML tags):