Преогање на пчелите во медиште - одговор.
Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 
Коментари - Сите коментари
Среда, 16 Јуни 2010 20:46
Ако вие пчеларите со кошници ДБ 10, тогаш е пополезно е медишните наставци да бидат ЛР - прилагодени да се додадат како медишта на ДБ 10. Во таков случај, може 2-3 рамки ЛР да се преместат во плодиштето и тоа пред да отпчне главната пашња. Откога матицата ќе пронесе на тие ЛР рамки, истите се истресуваат од пчели и се префрлаат во медиште, а во плодиштето се враќаат старите ДБ рамки. На тој начин голем број пчели ќе преминат во медиште. Потребно е помеѓу плодиштето и медиштето да се стави ханеманова решетка, која ќе оневозможи матицата да несе во медиштето.
 
Ова е коментар на "Матица на поклопната даска"

Додади го твојот коментар

Вашето име:
Наслов:
Коментар (тука може да се користат HTML tags):