Пчеларски здруженија PDF Печати Е-пошта
Ниво на корисникот: / 11
НајлошоНајдобро 
Актуелно - Пчеларски здруженија
Среда, 07 Јануари 2009 21:27

 Пчеларското здружение ,,Пчелар,, од Кратово е формирано 2005 г. Заружението во овј период имаше поголем број на активности и оствари повеќе проекти со цел да се унапреди пчеларството во регионот и пошироко. Се организираа повеќе предавања на кои учествуваа  проф.др. Мишо Христов и  Александар Узунов .

 

На 8 Април 2007 се реализира локална иницијатива за вмрежување помеѓу пчеларски здруженија од регионот кој го покрива ЦП НВО Кратово со пчеларски здруженија од Дебар. Еднодневната посета  освен за размена на искуства, сознанија и нови трендови во пчеларството, беше искористена и за потпишување на Меморандум за соработка помеѓу овие здруженија (ЗПГ „Пчелар“ и ЗП „Матица“ - Кратово, ЗОП „Пчела“ и ЗП „Рој“ - Пробиштип, ЗП „Пчела“ - Крива Паланка и ПЗ „Екоапикултура“ - Дебар). Средбата финализирана со посета на еден од пчеларниците на ПЗ „Екоапикултура“, каде што учесниците можеа да се стекнат  со практични искуства и сознанија.

 

 
Коментари (7)
7 Среда, 06 Август 2014 14:26
Ѓорѓи
Како претседател на ПЗ БРАТСТВО-Прилеп ве известуваме Вас и пчеларите членови на здружението дека
Се продаваат околу 30 + сандаци со јаки пчелини семејства, на еден, два и три спрата, имаат и хранилки.
Медот не е ваден оваа година, оставен за презимување на пчелите.
Заедно со нив одат и + рамки. Локацијата е општина Кочани

Кој е заинтересиран нека ме контактира на горе наведениот маил, или на мобилен тел 078220927

Со почит
6 Четврток, 18 Јули 2013 13:45
Jasmina
Ме интересира кој во Македонија продава опрема за пчеларство, но комплетно нова и ако меже да добијам ценовник.
5 Четврток, 17 Септември 2009 12:38
Васко
Пчеларското здружение НЕКТАР-Битола и оваа година организира посета на саемот во Белград на Ташмајдан.
Тргнувањето е на 02.10.2009 год. во вечерните часови од Битола, а враќање од Белград наредниот ден во 17 или 18 часот. Бројот е ограничен.
Цената за членови на здруженија изнесува 1900 ден, а за останати 2100 ден.
4 Четврток, 17 Септември 2009 10:14
Васко
Пчеларското здружение НЕКТАР-Битола и оваа година го организира традиционалниот саем по 13-ти пат во деновите од 09.10 до 11.10.2009 год. Истовремено од името на организаторот ве поканувам да го посетите саемот, или и да бидете излагачи.
На 10.10.2009 год. ќе се одржи предавање во големата сала на општината.Исто би сакал да ги известам П.З од Р.Македонија дека истиот ден ќе се одржи состанок во врска со работата на Пчеларскиот Сојуз на Македонија.
Васко Карадаковски секретар на ПЗ НЕКТАР-Битола
nektarbit@yahoo.com
3 Вторник, 23 Јуни 2009 21:54
emanuil
Vo Veles nisto ne funkcionira vo pcelarskoto zdruzenie-steta!
2 Вторник, 17 Март 2009 19:14
Администратор
Поздрав до Васко и до сите пчелари од НЕКТАР Битола.Се надеваме дека ќе се вклучите на иницијативата за планско пошумување со медоносни растенија и ќе ги приложите вашите потписи до Сојузот на пчелари на Македонија.Во меѓувреме Ќе се координираме со друѓите пчеларски здруженија сојузи и асоцииации.Се надеваме на успех на иницијативата и веќе во есен ќе ги добиеме првите садници и ќе ги договориме првите терени за пошумување со медоносни растенија. поздрав aco_todorovski@yahoo.com
1 Вторник, 17 Март 2009 13:32
Администратор
Пчеларското здружение НЕКТАР од Битола е формирано во 1936 год. Во последните неколку години се зголемува бројот на членовите така да сега брои над 200 членови Ова е добар начин за контактирање помеѓу здруженијата и заедничко решавање на проблемите со кои се соочува пчеларството Васко Карадаковски секретар на НЕКТАР -Битола nektarbit@yahoo.com

Додади го твојот коментар

Вашето име:
Наслов:
Коментар (тука може да се користат HTML tags):