Прашања и одговори PDF Печати Е-пошта
Ниво на корисникот: / 8
НајлошоНајдобро 
Актуелно - Прашања и одговори
Среда, 07 Јануари 2009 21:34

До каде е иницијативата за донесувањето на законот за пчеларство? Ова прашање е поставено и во парламентот го превземаме во огинал  прашањето и одговорот

Пратеничко прашање

од пратеникот Славица Станковска, поставено меѓу две
седници на Собранието на Република Македонија
на 16 февруари 2004 година Пратеничкото прашање гласи:
Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство ја има прифатено иницијативата од пчеларските здруженија за донесување на законска регулатива за пчеларство. До каде е дојдено со оваа законска регулатива и дали предлог зак­онот ќе коресподира со законска регулатива на ЕУ?

Образложение: Одгледувањето на пчели и користење на пчелните производи е дол­говековна традиција на граѓаните на овие простори поради добрите географски и климатски услови на ова поднебје. Пчелите имаат и голема улога во опрашувањето на дивите и питоми култури при што приносите во овоштарството, градинарството, индустриските култури, добивање на вис­о­коквалитетни семиња, како и оплеменувањето други земјоделски и нез­е­мјоделски површини, се зголемуваат за повеќе од 20%-30%. Пчелните про­изводи: медот, поленот, млечот, прополисот, пчелиниот отров, вос­о­к­от, се користат како еколошки високо квалитетни производи како и помо­шно медикаментозни средства во превенција и лекување на одредени заболувања.

 

Во Република Македонија има околу 12000 пчелари со околу 75.000 пчелни семејства, со просечен принос од по 12 килограми на мед по улиште или 900.000 кгр. мед медопродукција. Мал број од нив работат како професионални пчелари, додека останатите се хобисти.

    Во овој момент на транзиција, се поголем број на пчелари се ориентираат како пчелари, на кои ова им е дополнителна дејност (пче­ларење до 50 пчелни семејства), со тенденција на зголемување на бројот на пчеларите и улиштата со цел да се премине кон професионално пче­ларење.

    Ваков недефиниран статус на дејноста и организираноста на сто­панската гранка, под која во овој момент припаѓа пчеларството, резултира со неможност на зголемување на пчелните семејства, приноси од истите по улиште, загуба на истите поради непланска употреба на пестициди и хе­рбициди, загуби од палења на страништа како и поради неорганизиран здравствен преглед и заштита од пчелни штеточини и болести.

    За жал, сето ова погоре изнесено е од причина што не постои или делумно постои законска регулатива како за пчеларството, така и за други дејности кои го тангираат пчеларството како што се регулативите за употреба на пестицидите со каренца за храна и каренца за пче­ли­,­дозволени носители на хемискиот состав на пестицидот, мириси на истите и др. На сето ова му погодува и состијба што во овој момент одделот пчеларство е ставен во ингеренции на одделот сточарство,што доведува до минимизирање на сите потреби кои се битни за пчеларската дејност да го добие вистинскиот третман према биолошкото значење на пчелата во земјоделието (како опрашувач, производител на храна и лек).

    Врз основа на сето ова се наметнува барањето од пчеларските организации за: Предлог барање за подобрување на состојбите во пче­ларството и утврдување на истите со донесување на законска регулатива по ова прашање, кое во основа треба да ги содржи следниве елементи:

    1.Признавање на пчеларството како стопанска гранка во ово­шта­рството и истото како битен фактор за добивање на квалитетни и кван­ти­тетни производи.

    2.Донесување на Закон за пчеларство чија иницијатива е прифатена од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

    3.Вака донесената регулатива, да биде компатибилна со законска регулатива за овој домен на ЕУ а кое треба да ги опфати: пчеларството, про­изводи од пчеларството, АПИ технологија за чување на пчели со заштита и ветеринарно лекување, методи на зоотехничко пчеларење, контрола на квалитетот на пчелните производи, Правилник за квалитет и контрола на медот и останатите пчелни производи.

    4.Оформување на Центар за пчеларство кој ќе работи на селекција и хибридизација на македонската медоносна пчела.

Дали при пошумавењето се пошумуваше со медоносни растенија и дали тоа беше плански направено ?

ОДГОВОР

на пратеничко прашање од пратеникот Славица Станковска, поставено меѓу две седници на Собранието на Република Македонија
на 16 февруари 2004 година



    Знаејќи го значајот на пчеларството, Министерството за земјо­де­лство, шумарство и водостопанство во својата Годишна програма за работа во 2003 година предвиде изработка на текст на Предлог закон за пчеларство. Анализирајќи ги елементите кои во основа требаше да ги содржи овој текст, консултирајши се со надворешни експерти и проуч­ув­ајќи ја законската регулатива земјите кои аплицираат за членство во Европската Унија се дојде до нови сознанија.

    Имено, со изработка, измена донесување на закони кои се значајни за реформите во земјоделско-прехрамбениот сектор како што се законот за земјоделство, законот за земјоделска дејност (ревизија) и евентуално закон за развој на руралните подрачја би се отворило можност за реш­авање на сите битни прашања во пчеларството, односно би се дефинирал статусот на дејноста и организираноста на гранката. Значи законот за земјоделство, би претставувал правна рамка за реформите во зем­јод­елскиот сектор и со него би се дефинирале целите на земјоделската политика, развојот на дејностите, поттикнувачките марки во земјод­елс­тв­ото, квалитетот, декларациите и обележување на производите, регист­ра­ција на земјоделци, научно истражувачка дејност и т.н. Од ова произ­легува дека овој закон ќе даде можност за регулирање на сите наведени елементи од ваша страна, односно признавање на пчеларството како сто­п­анска гранка во овоштарството, донесување регулатива компатибилна со законската регулатива на ЕУ контрола на квалитет, правилници, можност за формирање центар за пчеларство и тн.

    Инаку и до сега Министерството за земјоделство, шумарство и вод­остопанство во предвидуваше мерки за унапредување на пчеларството пак во соработка со здруженујата и тоа преку Програмата за потти­кн­ување на развојот на земјоделството која секоја година ја носи Владата на Република Македонија. Тие се состоеја во финансиска поддршка за наб­авка на пчелни семејства - нуклеуси и матици и набавка на одреден број мед­оносни садници. Со овие мерки се планираше поттикнување на мас­овноста, т.е. зголемување на базата на физичкиот обем во оваа стопанска гранка, како за стартување на оваа област со нови пчелари, така и за про­ширување на постоечките пчеларници. За планираните мерки во пче­ларството, односно за негов развој Министерството во прпсек издвојува по ооколу 2.000.000,00 денари секоја година.

 
Коментари (10)
10 Четврток, 16 Октомври 2014 23:24
lidija

koga konecno ke bidat isplateni subvenciite za pcelni semejstva za 2013 godina.Znam deka na nekoi gi isplatija ama ne na site pcelari????

9 Недела, 10 Февруари 2013 23:53
aleksandar
se nadevam deka i jas ke stanam naskoro pcelar :)
8 Вторник, 22 Јануари 2013 18:47
Мирче
zdravo, imav user accaunt, ama ste me banirale ne znam zoshto. E sega bi te zamolil da mi kazes kako mozam nov da napravam ili da mi dadete nekoj shto funkcionira, za da mozam da go pratam forumot. Mojot e mail e mirce101@yahoo.com . Odnapred vi blagodaram pozdrav...
7 Среда, 11 Јануари 2012 06:55
zlate
koga ke bidat isplateni subvenciite za 2011g.
6 Вторник, 10 Јануари 2012 10:05
milos
zasto kasni objavata na ovoj portal deka bese na javna rasprava pred pcelarskite zdruzenija pravilnicite za pcelini proizvodi i za odgleduvalista na pceli-pcelarnici,kako bi bile dadeni blagovremeno komentari
5 Среда, 25 Мај 2011 20:52
kiril od Kicevo
Dokolku nas pcelarite ne odanocat po pcelni zaednici ne sakam da vidam nieden medar po javnite patista koi prodavaat glikoza i seker namesto med, da ima vo UJP i nas prestavnik za kontrola na site onie koi se zanimavaat so istoto a bogami gi ima i vo samite pazari niz RM koi najcesto svojata roba ja prodavaat vo drugi gradovi.Znaci specijalna inspekcija so momentalni analizi za kvalitet i ogromni globi za istite.Jas neznam sto pravi UJP od edna strana saka da go polni buzetot a od druga strana gi stiti partiski ili inaku site gore navedeni.zatoa gi podrzuvam site onie koi se za donesuvanje na ZAKON ZA PCELARSTVO .pozdrav
4 Петок, 28 Мај 2010 16:25
Зоран2010
Слуснав на некоја од насите ТВ дека викендов ке се прска против комарци.Дали знаете несто за тоа.
3 Петок, 09 Април 2010 14:59
Љупче
Во кој град во западна Македонија може да се набави мравја киселина и маркер за бележење на матици? Ви благодарам.
2 Сабота, 19 Декември 2009 13:36
toni
УПРАВАТА ЗА ЈАВНИ ПРИХОДИ ;Т.Е. ДРЖАВАТА НИ СКРОЈА И НА НАС ПЧЕЛАРИТЕ ГУНЧЕ МИСЛЕЈКИ СМЕ ЕДНАКВИ СО МЕДАРИТЕ И НЕ ОДАНОЧИЈА,НЕЗНАЕЈКИ ГИ НАШИТЕ ПРОБЛЕМИ СО КОЈ СЕ СООЧУВАМЕ ВО ПЧЕЛАРСТВОТО, ПА ЕВО ДАНОК ,НО ЈА ИСКОРИСТИЈА ШАНСАТА НЕМАЈКИ КОЈ ДА НЕ ЗАШТИТИ НАС ПЧЕЛАРИТЕ КОЈ ДА ЈА КАЖИ ВИСТИНАТА ЗА ПОСТОЕЊЕТО НА ПЧЕЛАТА И НЕЈЗИНАТА ВАЖНОС ВО ЧОВЕШТВОТО.


поздрав од ОХРИДСКО с. КУРАТИЦА
1 Четврток, 30 Јули 2009 13:52
Bobby
Do koga bre so bezvezni dreamatiziranja so odlaganja i prefrlanje na topkata od eden na drug? Nas vo Makedonija ITNO ni treba zakon za pcelarstvo koj e kompatibilen so regulativite na EU i soodvetstvuva so klimatskite,ekonomskite tradicionalnite uslovi vo Makedonija.Kako i nekoj vid na karta na medonosni rastenija i katastar(ili sl.)na pcelarnici kade ce bide uredno regulirano i sedisteto na stacionarnite pcelari,seleckite i tn. kako i zemjisteto koe go koristat nacinot na vladeenje so istoto i nacinot na prodazbata polenizacijata i drugite dobra od pcelite(po primerot na Hrvatska- "Na vrata").Apeliram do p.zdruzenija,ministerstva i do site nadlezni resori za hitno i precizno donesuvanje na ovoj zakon.
Blagodaram.

Додади го твојот коментар

Вашето име:
Наслов:
Коментар (тука може да се користат HTML tags):