Еколошка катастрофа PDF Печати Е-пошта
Ниво на корисникот: / 1
НајлошоНајдобро 
Екологија - Еко Новости
Четврток, 07 Октомври 2010 20:35

Tоксичниот отпад од Унгарија се влева во Дунав
Александра Миновска     
07.10.2010 10:09

Отровната кал која се излеа од фабриката за алуминиум во Унгарија навлезе во Дунав, од кој со вода за пиење се снабдуваат пет земји.


Властите смируваат и тврдат дека поради превземените мерки за неутрализација, киселоста на калта е спуштена на ниво која не претставува опасност за околината.

Но токму тоа беше кобно за многу луѓе.

„Мојот пријател стапна со ногата во калта и таа почна да му гори. Го однесоа во болница, но состојбата само му се влошува“, изјави Ференц Варга, оштетен жител.

По налог на унгарската влада фабриката е затворена, а обвинителството отвори истрага за пропусти во работењето.

Постојат сомневања дека јамата во која се собирала отровната течност била преполна, но од фабриката демантираат.

Тврдат - властите пред десет дена ја провериле јамата и не нашле никакви забелешки. Сепак ќе оставеле да видат што ќе покаже истрагата.

„Неможам да ви кажам ништо, ги чекаме резултатите“, изјави Џозеф Деак, претставник од фабриката.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ги повика жителите да не јадат од локалните производи, а искажа загриженост и околу економската иднина на регионот.

Во меѓувреме, продолжува потрагата по исчезнати лица, а градот Ајка се чисти од отровната смеса. Фасадите на куќите веќе не се бели, туку црвени, а низ улиците се шири непријатна миризба, што уште долго ќе ги следи жителите на местото Деветчер.

 

 

Додади го твојот коментар

Вашето име:
Наслов:
Коментар (тука може да се користат HTML tags):