Маркетинг во пчеларството PDF Печати Е-пошта
Ниво на корисникот: / 6
НајлошоНајдобро 
Економија и пчеларство - Маркетинг во пчеларството
Четврток, 08 Јануари 2009 18:26

Пчелар кој со пчеларство почнува да се занимава професионално или пак приходите од него претставуваат значаен дел од буџетот на пчеларот, открива дека развивањето и оддржувањето на пазарите е исто толку важно и одзема исто толку време како и самото производство.Согледува дека во пчеларството нема лесна заработувачка како што мислел по продажбата на медот кога имал две-три кошници.

Поради тоа современиот пчелар треба  добро да ги познава методите на маркетингот, можностите и начините на пласман на пчелините производи. Маркетингот во себе ги опфака следните елементи и тоа производот, цената , дистрибуцијата и промоцијата.Производоите од пчеларството се:

Медот кој е ризница на најдрагоцените дарови на природата на се што е најквалитетно во една билка со додаток на бројни корисни состојки од организмот на пчелата.

Поленот за кој научниците тврдат дека ниту во растителниот ниту во животинскиот свет постои производ во кој се содржани сите природни состојки така потполни и уравнотежени , како што се во поленот кој уште го нарекуваат искра на животот.
Матичната млеч е мултивитамински производ со многу компликуван хемиски соства и по своето делување е сличен на хормоните. Во природата не е пронајдена ниту ена материја која содржи така голем број на различни витамини и во толкава количина како што ги има матижниот млеч.

Матичниот млеч е совршен производ од природата. Тој е корисен за зачувување на здравјето, за зголемување на апетитот и за закрепнување на организмот.

Уште од времето на Хипократ познато е корисното дејство на матичниот млеч. За неговата лековитост знаеле и старите Кинези кои не го користеле во чиста форма, туку на болните и старите лица им давале ларви од матичњак, бидејќи верувале дека тие го продолжуваат животот, ги обновуваат (регенерираат) клетките и помагаат при оздравувањето.

Млечот има бела до бледожолта боја, во зависност од примесите на цветниот прав, но тоа не му влијае на неговиот квалитет и на неговите фармаколошки својства. Има карактеристичен киселкаст вкус и мирис и се со помала или поголема густина.

Матичниот млеч има незаменливо место во јакнењето и одбраната на имунолошкиот систем. Тој содржи разновидни соединенија, протеински комбинации, имуноглобулини, незаситени масни киселини. Сите овие состојки на матичниот млеч вршат детоксикација (чистење) на организмот, ги ревитализираат и регенерираат клетките, доведуваат до јакнење и подобро функционирање на природниот имунолошки систем на човекот. Благодарение на присутните незаситени есенцијални масни киселини, како и на витамините Е и А, матичниот млеч помага во елиминирањето на слободните радикали, кои се предизвикувачи на тешки заболувања.

Пчелично млеко

Матичниот млеч е производ од секрецијата на жлездите на младите пчели и претставува за нив исто што и мајчиното млеко за децата, односно тоа е нивна храна. Ларвите се хранат во првите три дена од својот живот исклучиво со матичниот млеч, а матицата постојано се храни со него. Благодарение на таа храна, матицата е во состојба, да за еден ден, снесе и до 2000 јајца, кои се два пати потешки од неа. Ваквата импресивна биолошка репродукција поттикнала бројни клинички истражувања. Сите тие испитувања го потврдиле благотворното дејство на овој природен биостимулатор и врз човечкиот организам.

Состав на матичниот млеч

До сега, во природата не е пронајдена ниедна материја која содржи толку голем број на разновидни витамини и во толкава количина, како матичниот млеч.

Фармацевтите и хемичарите тврдат дека матичниот млеч е мултивитамински производ со многу сложен и комплициран состав.

Современите анализи покажуваат дека матичниот млеч е биолошки високоактивна и многу комплексна супстанција која, покрај белковини, аминокиселини, јагленохидрати, масти и минерални материи, содржи и многу витамини (анеурин B1, рибофлавин B2, придоксин B6, цијанокобаламин B12, биотин витамин H, инозитол, фолна киселина, витамин B9, токоферол, витамин E), како и некои супстанции кои се слични на хормоните.

Научниците тврдат дека матичниот млеч содржи повеќе пантотенска киселина (витамин B5), важен за продолжување на животот, отколку било која друга супстанција од растително или животинско потекло. Во 1 грам матичен млеч најдени се 89 милиграми на витамин B5. Овој витамин (пантотенската киселина - витамин B5) го забрзува растењето и е составен дел на многу коферменти, со што влијае на функцијата на ендокриниот (хормонскиот) систем кај човекот.

Лековитото дејство на матичниот млеч

Матичниот млеч ги регенерира (обновува) клетките на организмот. Тој ја намалува вознемиреноста, го враќа мирниот сон, помага при сенилноста, при Паркинсоновата болест, при астеничните неурози...

Посебно се постигнати добри резултати кај децата заболени од хипертрофија, а корисен е и за зголемување на телесната тежина, подобрување на општта здравствена состојба, за подобрување на апетитот, за еластичноста на кожата и поткожното масно ткиво.

Во бројни клинички студии е докажан позитивниот ефект на матичниот млеч и како природен антибиотик.

Кај спортистите, матичниот млеч ја зголемува нивната физичката издржливост.

Познато е дека зголеменото ниво на триглицеридите и мастите е причина за појава на кардиоваскуларните болести. Во болницата Сент Мери, во Њујорк, при крајот на 80–тите години од минатиот век, било спроведено клиничко испитување кое опфатило голем број пациенти. Клиничката студија имала за цел да ја докаже ефикасноста на матичниот млеч во намалувањето на нивото на мастите во крвта. Оваа клиничка судија открила значителен пад на мастите во крвта, па затоа млечот бил препорачан како корисна дополнителна терапија во лекувањето на кардиоваскуларните заболувања.

Битно е матичниот млеч да се користи најдоцна 48 часа по вадењето од кошницата, бидејќи после тоа време, неговата биоактивност опаѓа.

Руските научници успеале, со постапка наречена лиофилизација, да го одржат млечот во активна состојба година дена, но важно е тој да се чува во фрижидер.

Во комбинација со медот

Се препорачува матичниот млеч да се зема помешан со мед, бидејќи тогаш му се зголемува дејството, или растворен во 20 или 40% алкохол и да се накапе на јазикот, бидејќи на тој начин влегува директно во крвта, бидејќи алкхолот ги шири порите на слузницата.

Испитувањата покажале

Испитувањата покажале и дека во природна форма, матичниот млеч дава многу добри резултати, а се препорачуваат една до две лажички дневно. еден час пред доручекот.

Млечот чессто се користи кај пореметувања во исхраната кај децата, за обновување на општите белковини и за зголемувањето на нивото на албуминот и алфа-глобулинот, против слабокрвност, за лекување на бронхијална астма, за комбинирано лекување на нервниот систем, па дури се користи и во козметиката.

Кај жените, матичниот млеч позитивно делува во периодот на менопаузата. Тој ги ублажува симптомите на менопаузата, како што се: раздразливост, депресија, го намалува потењето, топлотните бранови и друго.

Млечот е корисен и за мажите. Тој ја зголемува прокрвеноста на простатата, а со тоа и го намалува отокот на простатата и притисокот врз мочниот канал. На тој начин и го олеснува мочањето.


Прополисот е составен дури од 70 различни компоненти, голем број од тие состојки не се доволно истражени. Прополисот се смета и како природен антибиотик.
Восокот е исклучиво пчелин производ кој го лачат воштаните жлезди на пчелите.
Пчелиниот отров кој се повеќе се бара во медицината .
Горе кажаното важи доколку пчелините производи се произведени во еколошки чиста средина  и во согласност со добрата производна пракса и хигиенотехничка исправност во сите фази на нивното производство и процесуирање до амбалажирање етикетирање и продажба .
 
Коментари (10)
10 Среда, 22 Октомври 2014 13:42
Viki Simova
Prodavam 6-7 pcelni sandaci (polovna cena po dogovor)
9 Вторник, 10 Септември 2013 12:59
ivica
registrirani sme kako pcelari imame 130sandaci ,godinava ima okolu 1500kg med ,mize lu nekoj da objasni koja e procedurata za etiketiranje i prodazba.voedno go prodavam i toptan ako ima zainteresirani
8 Вторник, 05 Јуни 2012 19:25
petar popovski
vo pcelno semejstvo bez matica se stavaat presadeni jajca i na tretiot
den se vadat keliite so mlec mladite pceli imaat zlezdi za lacenje na mlec
7 Недела, 05 Февруари 2012 22:40
Zoran
Poradi nemoznost za da gi srbotam pcelnite drustva,prodavem 30 pcelni drustva!tel.078/266-163.
6 Среда, 24 Август 2011 00:58
dusan maric
izvestuvanje
pocituvani pcelari ve izvestuvam deka za 2o12 god. ce vrsime OTKUP komplet na pcelni proizvodi :
pcelinji otrov
mlec
propolis
vosok
polen
perga
med
sekoj ponuduvac da dostavi predlog ponuda so priblizna kolicina na odreden proizvod so relna prodazna cena na golemo
sekoj proizvod ce podlezi na kompletna kontrola za kvalitet.
mustra so min.kolicina za potrebite na ispituvanje

ve molam dokolku ima zainteresirani ponuducaci da stapot vo kontakt najdocna do 15 februari 2o12 god.
kontakt : dusan maric
e-mail : grimiko_duki@yahoo.com
tel : 02.2435.814 / mob.070.260.363 i 071 220547 begin_of_the_skype_highlighting              071 220547      end_of_the_skype_highlighting
5 Понеделник, 25 Јули 2011 11:30
dusan maric
pocituvan
mozete da dobiete kompletno predavanje i nacin na vadanje ma maticna mlec na DVD cenata e 100 den + ptt trosoci
istovremeno raspolagame so kompletno postaveni prasanja so odgovori vo pcelarstvo
za sekoja informacija
obratete se na moj e-mail:grimiko_duki@yahoo.com
pozdrav,
pcelar dusan maric
4 Петок, 17 Април 2009 14:27
spasov predrag
pofalba za sajtot(administracija) i prodolzete.
3 Четврток, 16 Април 2009 22:14
ВИКТОР
Голема пофалба за сајтот конечно и кај нас да се направи нешто вакво крајно време беше на некој да му текне.Јас сум почетник и многу заинтересиран па ако може да објавувате за секој месец што работа има во пчеларникот.Ви благодарам поздрав до сите пчелари и одлична паша оваа година
2 Понеделник, 16 Март 2009 12:30
Администратор
Јован ви благодариме за јавувањето.За добивање на матична млеч објавивме почетна статија.
За да пристапите до статијата користете го копчето Пред.Или побарај во рубликата Маркетинг во пчеларството.
Статијата за добивање матичен млеч ќе биде доплнувана со практични искуства и оргинални фотографии.Очекуваме да се вклучите со вашите коментари, забелешки и дополнувања.
Поздрав,
Од Уредникот
1 Сабота, 14 Март 2009 19:40
Јован
Почитувани колеги пчелари здраво.Сајтот ви е многу убав и интересен.Јас би ве замолил ако можете да напишете нешто повеќе за вадење млеч.
Благодарам и голем поздрав од Охрид

Додади го твојот коментар

Вашето име:
Наслов:
Коментар (тука може да се користат HTML tags):