Есенско третирање против Вароата PDF Печати Е-пошта
Ниво на корисникот: / 7
НајлошоНајдобро 
Значајни теми - Контрола на болести и штетници kaj пчелите
Сабота, 13 Ноември 2010 17:42
Сабота 13/11/2010 година Температурата над 200 Ц беше искористена да се спроведе контролно третирање против опасната Вароа деструктор. Сите друштва кои беа третирани на 17/10/2010 година само со едно третирање со Варолик покажаа висока заразеност и имаше отпаднато голем број на Варои. На 10 друштва со мрежни вароа подници беше извршено контролно третирање со задимување - амитраз - Варолик. Кај 7 друштва немаше ниту една отпадната вароа кај 2 имаше по 2 паднати варои и кај 1 три паднати варои.Беа задимени и 3 нуклеуса со класични подници.После подигањето на нуклеусите на подницата имаше 3 варои само кај еден нуклеус кај останатите немаше отпаднати варои. Сметам дека последното задимување на 17/10/2010 година ја има завршено својата работа така да во пчелините семејства има многу мала заразеност со овој опасен паразит.Останатите 90 заедници немаше потреба повторно да ги третирам. Сметам дека немањето легло во пчелините заедници на 17/10/2010 година придонесе за голем процент на ефикасност на амитразот но исто така и фактот дека амитраз против Вароата не е користен последните две години. Веке беше објавено дека овие заедници од 1/08/2010 до 5/09/2010 година беа третирани со Варозан.
 
Коментари (2)
2 Сабота, 09 Ноември 2013 20:57
trifonovhristo@abv.bg
Има ли в Р МАКЕДОНИЯ производство на восъчни основи с диаметър на килийката 4.9 мм. Има ли пчелари които работят със стандарт 4.9 мм на килийките и нека ми се обадят на мейла trifonov22@abv.bg

ВСИЧКО НАЙ-ХУБАВО НА КОЛЕГИТЕ ОТ Р МАКЕДОНИЯ

Х ТРИФОНОВ
22
1 Сабота, 09 Ноември 2013 20:49
Христо Христов Трифонов с Яворец общ Габрово БЪЛГАРИЯ
От 10 август до 15 септември третирам по нормативи с тимол, мравчена киселина, етерични масла, люти чушки, нозестат и някой билки като пелин и др.

Додади го твојот коментар

Вашето име:
Наслов:
Коментар (тука може да се користат HTML tags):