Клима - Клима во Македонија PDF Печати Е-пошта
Ниво на корисникот: / 8
НајлошоНајдобро 
Значајни теми - Климатски промени
Четврток, 08 Јануари 2009 19:06
Индекс на артиклот
Клима
Клима во Македонија
Сите страни

Македонија е земја која се  наога во јужниот потоплиот дел на Европа и е поблиску до екваторот отколку до северниот пол. Добива околу 250 кг калории, што приближно одговара на годижно количество сончев сјај кој се движи во границите од 2100 до 2450 часови годишно. Ова има големо влијание на медењето на растенијата. Близината на морињата е важен фактор од кој зависи климата. Егејското море во воздушна линија од Р.Македонија е оддалечено 60 км. А Јадранското 80 км. Од овие мориња навлегуваат топлите влијанија на медитеранската клима. Според тоа, на поголемиот дел од Влијанијата од Атланскиот Океан   во Македонија дога со влажните  воздушните маси и ветрови  од запад, особено во пролет и есен кога  носат и  обилни дождови .
  Интересно е да се напомене дека во Македонија се пробиваат и тропски  но и поларни воздушни маси. Воздушните маси  од тропска  Африка носта топло, суво и жешко време со температуирни вредности од 40-45 0Ц. Додека студените сибирски воздуишни струи предизвикуваат студено, ведро и ветровито време со температури од –25о до –30 о С.

Македонија треба да преовладува средоземноморска клима, но поради високите планини на запад и југ климата е модифицирана во изменето медитеранска.
Високите планински масиви на југ –Кожув, Ниџе, Беласица и на запад Кораб, Стогово, Дешат и Јабланица ги задржуваат топлите влијанија на медитеранската клима од југ и од запад.  Шар Планина, Скопска Црна Гора делумно Козјак и Герман го спречуваат навлегувањето на студените воздушни маси од север и североисток.Малешевските планини, Осоговките планини и другите планини во источнит дел на Македонија исто така не дозволуваат навлегување на воздушни маси од север и североисток. Влијанието на континенталната клима од север навлегува преку Кумановско - прешевскиот превој( 450м.), Качаничката клисура, Руен (776м.) и клисурите на Кумановска Река и Пчиња.

Како последица на климатските и другите природни фактори за кои поконкретно пишувавме на територијата на република    Македонија се застапени три основни климатски типа:
Изменето- средоземноморска за кои е карактеристично топлото влијание од Егејското Море кое навлегува по речното корито на реката Вардар кон север. Се карактеризира со топли суви лета и благи врнежливи зими, есента е подолга и потопла од пролетта која е попокуса и посвежа.Ветровите кои дуваат во овој климатски тип е Вардарецот и Југото.
Умерено континенталната клима  се карактеризира со струење на  студени воздушни маси од север во зимата и топлите воздушни маси кои навлегуват од југ во летото.
Ова клима е застапена во Пелагонија ,Преспа,Кичевско,Овче Поле,Кумановско,Славиште и во Малешевијата.
Во котлините со умерено-континентална клима кои се заштитени од студрните воздушни струења се карактеризираат со топли лета и поблаги зими.Ова клима е позната како Жупска клима и е застапена во Полошката и во Дебарската Котлина.
Есента вообичаено е подолга и потопла од пролетта.
Планинска клима е застапена на оние планини во македонија кои имаат над 1000 м надморска височина.На планините температурата се намалува во зависност од висината, а врнежите на поголемите надморски висини се зголемуваат.
Пласнинската клима се карактеризира со долги студени и снежни зими и кратки и свежи лета а пролетта е пократка и посвежа од есента.



 

Додади го твојот коментар

Вашето име:
Наслов:
Коментар (тука може да се користат HTML tags):