Клима PDF Печати Е-пошта
Ниво на корисникот: / 8
НајлошоНајдобро 
Значајни теми - Климатски промени
Четврток, 08 Јануари 2009 19:06
Индекс на артиклот
Клима
Клима во Македонија
Сите страни

Климата е важна и специфична физичко-географска карактеристика на одредено подрачје.Од климата поточно од метеоролошко -климатските елементи и појави,како што се: температурата,врнежите,ветровите,
влажноста, сончевиот сјај,облачноста и појавата на магла
04/01/2009 Кратово

Климата е важна и специфична физичко-географска карактеристика на одредено подрачје.Од климата поточно од метеоролошко -климатските елементи и појави,како што се : температурата,врнежите,ветровите,влажноста,сончевиот сјај, облачноста и појавата на магла во голема мера зависат процесите на создавање на почвите, полноводноста на реките, богатството и разновидноста на растителниот и  животинскиот свет на одделни подрачја. Исто така климатските услови имаат разновидно дејство врз стопанството а пред се врз земјоделието.Оттука е значењето на познавањето на климатските услови за пчеларството на одредено подрачје а посебно при одредувањето на локација за пчеларникот и технологијата на пчеларење. На климата непосредно влијаат повеќе климатски фактори:

 

Географска положба
Географската положба на одредена земја ,нејзината близина до јужниот или северниот пол, близината на морињата се важни фактори од кој зависи климата во одредени земји. Од климата на оделни подрачја зависи застапеноста и видот на растителниот и животинскиот свет па оттука и застапеноста на медоносните растенија и расите на медоносните пчели .
 Релјефната структура како климатски фактор има суштинско влијание врз климата. Релјефот влијае паралелно со височината и со правецот на протегање на планините, планинските превои, речните долини и котлините.
Топлите воздушни маси на медитеранските влијанија од Егејското море навлегуваат во Р.Макеонија преку Вардарската долина, Гевгелиско – валандовската долина и Дојранската Котлина и продолжуваат како изменето медитерански кон тиквешката и Скопската котлина. Изменето медитеранските влијанија.



 

Додади го твојот коментар

Вашето име:
Наслов:
Коментар (тука може да се користат HTML tags):