Пчелино семејство PDF Печати Е-пошта
Ниво на корисникот: / 1
НајлошоНајдобро 
Значајни теми - Пчелино семејство
Четврток, 08 Јануари 2009 19:29

Пчелиното семејство

Пчелиното семејство живее и работи инстиктивно а информациите за постапувањето по инстиктите ги добива од      природата,    климатските услови, пчелината паша, феромоните кои ги добиваат од матицата од леглото, од младите пчели од саќето, големината и формата на просторот во кој се наоѓа  и т.н.
Фотографија 06/2008пчеларник с.Филиповци Матица од тивка замена
Пчелиното семејство се приспособува на дадените услови во сите свери на нејзиното живеење .   Пчелите кои се наоѓаат во одреден  простор ќе се трудат да го изградат нивното гнездо во форма што  го наложува  тој просторот со цел инстиктивно најадекватно да се доближи до своите потреби.Доколку пчелиното семејсво својот дом го гради во неограничен простор тогаш тоа наликува на неправилна топка и содржи 8-10 сатини зависно од јачината на заедницата.
Познавањето на биологијата и физиологијата на пчелиното семејство и на секој нејзин член поединечно како и состојбата во неа, е од пресудно значење за добро пчеларење.

Различни фази на развој на пчелиното легло
Фаза на развој
Кралицата        работничка                    трут
Јајце               3 дена                    3 дена,                     3 дена
Ларва              8 дена                  10 дена                    13 дена
Личенка          4 дена                    8 дена                      8 дена
Вкупно          15 дена                   21 дена                    24 дена

Возрасните пчели поминуваат низ следниот цуклус на активности
Период
Работа активност во Денови
1-3 дена чистење на келиите за инкубација
3-6 хранење постарите ларви
6-10 дена хранење помлади ларви
8-16 дена превземање на медот од пчелите летачки
12-18 дена лачат восок  и градат ќелии
14 ден па натаму се стражари; и собираат нектар и полен
Но определени моментални состојби во пчелиното семејство можат да го попречат или изменат редоследот на работите.                              
Предвремениот развој може да доведе до несакано роевско расположение кај пчелите и до низа додатни активности за спречување на изројувањето . Касниот развој исто така бара превземање на определени работни операции за да успееме пчелиното семејство да ја доведеме во производна состојба.
Пчелиното семејство со стара или неквалитетна матица има нагон истата да ја замени. Кога пчелиното семејство одгледува  матица во присуство на старата матица врши тивка замена. Во сите овие  случаји, доколку не се интервенира благовремено, приносите изостануваат.
Во сезоната на медоберот пчелиното семејство треба да има околу 60-80 илјади пчели работнички 300 до 500 трутови и една млада селектирана матица.
Секогаш треба да ги имаме во предвид климатските услови.

 

 
Коментари (1)
1 Петок, 09 Мај 2014 14:32
мила
браво многу ми се допаѓа убаво е сработено.

Додади го твојот коментар

Вашето име:
Наслов:
Коментар (тука може да се користат HTML tags):