Пчеларска опрема PDF Печати Е-пошта
Ниво на корисникот: / 27
НајлошоНајдобро 
Значајни теми - Пчеларска опрема
Четврток, 08 Јануари 2009 19:45

Пчеларската опрема условува дали ќе работиме со рам како кај ДБ ( Дадан-Блат ) или со спрат како кај ЛР  (Ланстрот-Рут) кошници, дали ќе употребуваме обична или радијална центрифуга на моторен погон, дали рамките ќе ги отклопуваме рачно со вилушка или со автоматски отклопувач, дали пчелите ќе ги отстрануваме со четка или со апарат за издувување, или бегалка и т.н.

Фотографија, Двојно друштво ЛР со две полумедишта.
Пчеларник с.Филиповци Кратово

 

Пчелините сандуци

Пчелиното семејство во природата најчесто како место за свое живеалиште ги одбирала шуплините  во дрвјата или карпите каде го граделе своето саќе. Кога човекот ги пронаогал овие места ги сечел стеблата и ги носел близу до свото живеалиште. Тука се наогаат и зачетоците на Современта пчелина кошница.
Имитирајки ја цилиндричната  форма на дрвенита шуплина пчеларот почнал да плете кошари во вид на цилиндер или конус и истите да ги обложува со кал или измет од крави. Кошарите ги покривал со слама која многу добаро ги заштитува  од врнежите, сонцето и ветерот и на тој начин создале извонредни услови за развој на пчелината заедница. Подоцна се направени обиди за ставање на сатоноси во цилиндричните кошници со што се успеало да се манипулира со сатините и овие кошници всушност преставуваат основа  за развојот на новите современи кошници. Современите  повеќеделни  кошници се еден од битните фактори во технологијата на пчеларењето.Без современи повеќеделни кошници нема продуктивно и современо пчеларање.Денес такви кошници се,Ланстрот-Рутовата Дадант-Блатовата и АЖ кошницата. Има и други типови но овие се најзначајни во современото пчеларство.
Прашања кои се поставуваат  во врска со една кошница
·    висината на рамката и спратот,
·    бројот на рамките во еден - спрат(ширината на спратот)
·    бројот на спратови (еднакви тела или комбинации на плодишни и медишни спаратови,со различна големина). Овие прашања имаат одговор во прашањето колкави се потребите на пчелината заедница на простор за:
  • пчелино легло во активната пчеларска сезона но и
  • прифаќање на новоиспилените  пчели и (нагон за градење)
  • простор за сместување на интезивно внесениот полени и нектар (медишен простор)т.н.

Лангстрот - Роот - Кошница

Пчелиниот ЛР сандук е составен од :подница,вароа мрежа,три тела еднакви по големина, поклопна даска, збег, хранилки, мрежа на збегот и покрив. Во секој спрат има по десет подвижни рамки со висина 202 мм должина 432мм и ширина која е определена и изнесува 20 мм на сатоношата (раб. легло 21,5-25,5 мм мед 27-35 мм.) Саќе со простор доволен матицата да го задоволи својот нагон за несење.
 
Коментари (2)
2 Среда, 02 Ноември 2011 20:57
sasa petkoski
jas mislam deka za naseto podnebje DB se najdobri kosnici
zamajci vo predvid planinskite podracja ladnite i dolgi zimi nadmorskata visina i pasata od medlika koja trae somo 15 dena
vo kicevskit region najkoristeni se DB
1 Четврток, 10 Јуни 2010 14:32
Славчо
Еве и од мене нешто.Лангстрот ја конструирал кошницата далечната 1852 година(и ја патентирал)со растојание од 6 мм помеѓу оквирите и ѕидот на кошницата.А рут како вешт и деловен човек,го пратил синот со патувачки театар низ Америка кој со две кошници Лангстрот ја демонстрирал работата со нив и примал нарачки.Благодарение на Рутовата деловност и упорност,Лангстротовата кошница се расширила низ цела Америка а подоцна и во Европа.

Додади го твојот коментар

Вашето име:
Наслов:
Коментар (тука може да се користат HTML tags):