Поздрав од Кратово PDF Печати Е-пошта
Напишано од А..Тодоровски   
Петок, 27 Мај 2011 19:06

Оваа година развојот на пчелините заедници на пчеларниците во с.Филипофци и Габреш -Кратово беше нерамномерно веројатно една од најголемите причини беа ниските температури и големите температурни осцилации како и врнежите и североисточниот ветер кој скоро да не престана да дува, иако понекогаш со слаб интензитет, го спречуваше обилното медење.

Овошките прецветаа во студено и врнежливо време а ливадата стигна пред време доколку се набљудува во  однос на цветањето на багремот кој оваа година почна со цветање од 21.05.2011 годин. а денес 27.05.2011 е во ек. Слично на состојбите со развојот изненадија роеви од недоволно развиените пчелини семејства кои излегоа некаде околу 01.05.2011 год.

Иако беа мали и малубројни. На пчеларникот Филиповци првиот рој излезе на 01/05/2011 а рој имаше и на 25/05/2011г. како и денес 27/05/2011 г. Интересно е што поради променливото време роевите излегуваа рано околу 10 часот што инаку не е вообичаено.

Ланските нуклеуси со млади матици полека полнат по едно плодиште а старирте пчелини семејства полека примаат по едно медиште иако тоа уште скромно го прават.

Со градењето на сатни основи исто така имаше невообичаени осцилации првин почнаа со градење некаде околу 1/05/2011 г. за подоцна да стагнираат во градењето. Интересно што уште недостасува вистински нагон за градење и покрај редовните дождови и подобрувањето на времето обилното цветање на багремот но и на дивиот костен, белата детелина, зајчиката, мајчината душица, скоро све во едно, а недоволно развиените пчелини семејства не се во состојба да ја искористат така обилната паша која за воља на вистината многу скромно меди.

Производството на матици го започнав со задоцнување од проста причина што немав доволно јаки одгледувачки семејства званично одбраната матица ги залежа идните матици на 23/05/2011г. но имајки во предвид дека багремот и дел од раната ливадска паша се во ек сметам дека закаснетото производство на матици ќе биде оправдано со поголем квалитет.

На крајот останува да видиме како ќе се одвива понатамашниот развој на пчелините заедници и дали ќе бидат во состојба да ја искористат пашата и да ги наполнат медиштата.

Многу поздрав и ви пожелувам успешна пчеларска сезона и ве очекувам со ваши јавувања

А.Тодоровски

Последна промена на Четврток, 28 Јули 2011 14:27
 

Додади го твојот коментар

Вашето име:
Наслов:
Коментар (тука може да се користат HTML tags):