Физички оштетувања на младите матици PDF Печати Е-пошта
Ниво на корисникот: / 8
НајлошоНајдобро 
Значајни теми - Пчелино семејство
Четврток, 01 Септември 2011 12:31

Една од основните услови за добро зазимување на пчелината заедница е во неа да има млада оплодена селектирана матица.

За да го задоволиме овој услов во пчелините заедници кои имаат стари матици вршиме замена со нови селектирани оплодени матици кои се проверени на квалитетот на леглото и некои други особености како што е хигиенското однесување , отпорноста на болести , толеранцијата кон варота ,принос и др. За да се добие ваква матица неопходни се селективни и истаражувачки процеси кои траат повеке години.Создавање на селективни линии и одбирање на најдобрите матици за родоначалнички при производството на матици.

Сево ова бара континуирана и прецизно водена евиденција која дополнително одзема време и средства.

Вака добиените матици имаат висока цена на чинење и поради тоа не е сеедно дали истата ќе биде додадена без позначајни проблеми и без оштетувања или поради погрешно додавање истата ќе биде оштетена.

Најчестите физички оштетувања кои се нанесени од пчелите се извлекување или оштетување на нозете и крилјата на младата матица кое се случува поради влечење или уклупчување на матицата при неправилното додавање.

Понекогаш некои оштетувања доколку се мали и не ја нарушуваат функцијата на матицата пред се во залежувањето на леглото  ќе можат да бидат толерирани за извесен период по што треба задолжително да се заменат со здрави и неоштетени матици за да не се намали продуктивноста на пчелините заедници.

Ваквите матици во поволни услови често ги менуваат и пчелините заедници со самоизмена но тоа ги намалува приносите и видно го пореметува развојот на пчелините колонии.

Во конкретниот случај имавме млада селектирана оплодена матица која беше оплодена во четирирамен ЛР оплодњак.Истаа беше тестирана на правилно и квалитетно залежување на леглото и тоа беше беспрекорно. Оплодњакот со матицата  беше додаден на вештачки рој од 6 рамки кој беше издвоен без матица само 30 минути. По контолата по неколку дена матицата слободно се движеше во новиот десеторамн ЛР.

По проверката после десетина дена во заедницата навидум беше се во ред но немаше младо легло.При детално прегледување на матицата се утвди дека истата има оштетување на задната лева нога кое веке беше позабележливо при брзото движење на матицата. Можеме да заклучиме дека матицата е оштетена по спојувањето на оплодникот со 6 рамниот вештачки рој и тоа со влечење на матицата од пчелите со што и е скршрн зглобот на задната лева нога. Ваквата матица мораше итно да биде заменета со нова млада селектирана неоштетена матица поради неможноста да залежува оплодени јајца заради тешко оштетената лева задна нога.

Ова упатува на неопходно пронаогање и добро прегледување на додадените млади матици во пчелините заедници и доколку се утврдат значајни оштетувања (како во случајот) треба  навремено да се заменат со млади и нештетени матици.

 

Додади го твојот коментар

Вашето име:
Наслов:
Коментар (тука може да се користат HTML tags):