Субвенциите за 2012 |
![]() |
![]() |
![]() |
Напишано од Администратор |
Вторник, 14 Февруари 2012 19:18 |
За регистрирано пчелно семејство поддршката се зголемува за 20 отсто, односно од 500 на 600 денари, а набавката на матици максимум до 10 пчелни семејства, годинава е зголемена за 43 проценти, односно од 350 на 500 денари. Владата ја донесе годинашната Програма за финансиска поддршка на земјоделството вредна 6,23 милјарди денари или 113 милиони евра. Како што соопшти денеска на прес-конференција вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, направени се измени во дизајнирањето на субвенциите кои се поголеми од лани за 12 отсто, при што поголем акцент е ставен на сточарството и градинарството. Програмата содржи вкупно 37 мерки, но секаде се следи стратегискиот правец, да им се посочи на земјоделците кон кои култури повеќе да се фокусираат. Од проектираните средства, 3,49 милијарди денари се за растително производство, 2,3 милијарди се наменети за сточарството, а 130 милиони денари се за органско производство.
|
Последна промена на Понеделник, 19 Март 2012 21:45 |