Масовната смрт на пчелите ќе доведе до глад во целиот свет PDF Печати Е-пошта
Ниво на корисникот: / 2
НајлошоНајдобро 
Екологија - Еко Новости
Сабота, 04 Мај 2013 19:29

Низ целиот свет се забележува масовно изумирање на пчелите, а како главна причина е човековата активност. Научниците се на мислење дека масовната смрт на пчелите ќе доведе до неизбежна катастрофа за целото човештво. Овој проблем влијае на сите луѓе и затоа треба да се загрижат најмногу владетели.

Потребни се посебни мерки во законите за решавање на овој глобален проблем. Претседателот на Меѓународниот конгрес на Меѓународната федерација на пчеларството и здруженија Apimondia, Gilles Rаtia истакна дека нивото на смртноста кај пчелите веќе достигна до 40%.

Најважно за човекот е дека пчелите се потребни за опрашување на растенијата од цвет на цвет, освен и нивната способност да произведуваат мед. Околу 80% од сите растенија на земјата се зависни од пчелите за опрашување. Ако тие изумрат и не се опрашат овие растенија ќе погодат 1/3 од населението во светот.

Исчезнувањето на пчелите ќе предизвика такви проблеми како недостиг на овошје, зеленчук, млеко и месо. Научниците истакнуваат дека главните причини за умирање на пчелите се одгледувањето на монокултурите, употребата на разни хемикалии во земјоделството како пестициди и друго, неправилно одгледување на пчелите, садењето со ГМО култури.

Еден од главните непријатели на пчелите се паразитски крлежи - Varroa Oudemans. Од хемикалиите користи во земјоделството освен пчелите изумрат и бубамарите и мравките, кои се исто така корисни и потребни за опстанок на другите растителни видови.

Алберт Ајнштајн рекол дека кога ќе исчезнат пчелите на светот му остануваат четири години живот.

Извор: мојата убава градина

 

 
Коментари (1)
1 Недела, 05 Мај 2013 21:36
Администратор
Пчелите треба да се заштитат со закон како загрозен вид

Додади го твојот коментар

Вашето име:
Наслов:
Коментар (тука може да се користат HTML tags):