Пчелите работнички Печати
Ниво на корисникот: / 57
НајлошоНајдобро 
Пчеларење - Почетници
Вторник, 16 Февруари 2010 19:19
Работничките
Работничките се најмалите работноспособни возрасни пчели и го сочинуваат мнозинството од пчелината заедница. Тие се сексуално неразвиени женки и при нормални услови работничките не положуваат  јајца. Работничките имаат специјализирани структури, како што се жлезди за преработка на нектарот, мирисни жлезди, восочни жлезди, поленови корпи, што им овозможува да ги вршат сите работи во заедницата. Тие ги чистат и полираат келиите, во кој се веде потомство, се грижат за матицата, ги отстрануваат остатоците, се справуваат со внесениот нектар, градат восочни сатини, стражарат на влезот, ја одрзуваат микроклимата во заедницата. Подоцна како како возрасни пчели внесуваат нектар, полен, вода и прополис.Животот на работничката за време на летото е околу 6 недели. Работничките  одгледани како зимски пчели може да се живеат долго и до  6 месеци, овозможувајки и на  на колонијата да ја преживе зимата и да помогнат во одгледувањето на новите генерации во пролетта пред да умрат.
Работнички како матици
Во колониите во  кои нема матица од било кои причини ,а нема можност да се произведе итна (присилна) матица ,  јајниците на неколку работници се развиваат и работничките почнуваат да положуваат  неоплодени јајца. Во нормално семејство, развојот  на јајниците кај работничките се спречува од присуството на легло и матицата и нејзините хемикалии. Присуството на работнички кои носат трутови јајца (трутуши) во  колонијата обично значи дека колонијата е без матица  неколку недели. Меѓутоа, трутуши, исто така, може да се најдат и  во нормални колонии кои се  преполни со пчели и имаат нагон за роење, колонии во текот на сезоната на роење ,и кога колонијата е предводена од лошата матица(кралица). Колонии во врска со работничките кои превземаат улога на матици и несат неоплодени јајца можат лесно да се познаат: може да има било каде од петнаесетдо пет јајца на ќелија а се одгледуваати мали работнонеспособни трутови  во работничките келии. Покрај тоа, трутушите ги расфрлаат своите јајца повеќе случајно во работничкото легло, и јајцата се наоѓаат на ѕидовите на ќелијата, наместо во подножјето, каде што се поставени од страна на матицата. Некои од тие јајца се на  отворот на келиите , и многу од тие ларвите не преживуваат.