За уредникот Печати
Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 
За ПЧЕЛАР.мк - Општи работи
Недела, 20 Декември 2009 16:26

За Уредникот

Тодоровски Ацо дипломирал  на Економскиот факултет во Скопје 1983 год.
Од 1986 година почнува со пчеларство како хоби. Посетува семинари, саеми и предавања од еминентни пчелари ( Наум Банџов,Јован Кулинчевич и Иван Венер и др. )
Како економист води детална евиденција на економските параметри во пчеларството и работи на анализа на трошоците и нивно намалување со цел да се произведе мед со ниска цена на чинење.
Како комерцијалист големо внимание посветува на маркетингот и промоцијата на пчелите и пчелините производи како и отварање и оддржување на пазарите на пчелини производи.

Од 1995 година користи копјутер и интернет а за евиденција на пчелините семејства матиците трошоците и другите парамерти користи компјутерски програми.

Од 1998 година соработува со Управата за Хидрометеролошки работи  во Скопје вршејки фенолошки набљудувања , пред се на голем дел од медоносните билки, но и на активностите на пчелините семејства кои се опфатени со овие набљудувања. Од оваа активност произлегува и големиот интерес кон фенологијата,екологијата, климата и климатските промени.
Во 1998 доаѓа како раководител  во Фондот за здравствено осигурување на Македониаја подрачна служба Кратово.Во 2008 година Успешно го завршува курсот за менаџери во Јавно здравство каде се третираат многу значајни теми од епдемиологија и здравството на Светско ниво.
Поврзувајки го здравјето и пчелите и нивните производи ја  актуелизира темата  ,,Здравјето пчелите и апитерапијата ,, .

Поседува околу 100 пчелини семејства 50 ЛР и 50 ДБ распоредени на три локации. Има користено повеќе технологии на пчеларење од кои и технологијата на пчеларње со двојни друштва. Произведува матици повеќе од 20 години со двојно пресадување а има искуство и со примена на Јентеровиот апарат.

Од Мај 1998 година до Април 1999 година во Списанието за Пчеларство и Апикултура ,,Мелитагора - преку рубриката Пчеларски календар   ѓи опиша практичните искуства во областа на технологијата на  пчеларењето притоа користејки ги и најновите  теоретски сознанија  од оваа област.
Одржува неколку предавања ширум републиката на различни актуелни теми од пчеларството.(,, Производство на матици со Јентеровиот апарат,,/,,Пчеларење со ЛР кошница,,/ ,,Пчеларството во Македонија и неговиот развој,,).


Од 01/01/2009  го  уредува сајтот  www.pcelar.mk