Менаџмент во пчеларството Печати
Ниво на корисникот: / 3
НајлошоНајдобро 
Економија и пчеларство - Менаџмент во пчеларството
Среда, 07 Јануари 2009 22:21

Пчеларството во Македонија најчесто е хоби и се смета за дополнителна дејност. Многу е мал бројот на пчелари кои со пчеларство се занимаваат професионално. Целта на нашиот ангажман не е да го афирмираме пчеларството на ови простори како инцидентно вложување или хоби,туку како гранка на земјоделието која може да даде солидна основа за трајна егзистенција и професионална орентација. Во овој контекст сметаме дека проблемот на менаџирањето во пчеларството има посебно значање.

 Менаџментот опфаќа повеќе активности и тоа од  планирањето, организацијата, управување и раководење до контрола на извршените активности и нивните економски ефекти.

Современиот пчелар кој со пчеларство се бави професионално мора да ги познава основните активности при менаџирањето.

Во системот во кој капиталот е основниот регулатор на сите процеси во општеството  најзначајни ќе бидат економскиите ефекти од пчеларењето, количините на производите од пчели и трошоците при нивно производство .
Доколку се определиме професионално да се бавиме со пчеларство неопходно е најпрвин да   изработиме план (економско-инвестициона студија) која ќе ги опфати сите значајни аспекти при формирае на пчеларник со оптимален број на пчелини заедници.
Студијата треба да ги содржи сите споменати аспекти што се значајни за пчеларникот и пчелините производи:
изборот на локацијата -  најповолните климатски услови, еколошки чистата средина, медоносна флора која не се загадува со прскање и употреба на инсектициди и пестициди и други хемиски средства и близина на чисата вода за пиње,
пристапни непрометни патишта,
избор на раса на пчели,
избор на содветни пчелини сандуци и опрема која на никој начин нема да влијае врз квалитетот на пчелините производи,
соодветна амбалажа во кој ќе се чуваат дадените производи ,
начинот и средствата со кои ќе се спротивставуваме на пчелините болести  паразити и штетници,
транспортот и  чувањето на пчелините производи
продажба на пчелините производи или пчеларскиот маркетинг.
Економско инвестиционата  студија треба да ја опфати и технолошката постапка која ќе се применува во производството на пчелините производи. Студијата  терба да ја потврди економска оправданост на примената на соодветната технолошка постапка .Освен тоа технолошката постапка мора да ги задоволи и веќе споменатите практиќи за производство на здарва храна како и принципите на органското пчеларење.
Тоа значи дека соодветната технолошка постапка треба да биде
  • етички прифатлива,
  • еколошко чиста,
  • социјално праведна и
  • стопански исплатлива.
Некои пчелари имаат погрешна технологија на пчеларење затоа што не ја прилагодуваат на условите во кои пчеларат. Само технолошка постапка која е прилагодена на конкретните услови на пчеларење може да даде добри резултати. 
Економско инвестиционата студија треба да ја содржи и вердноста на инвестицијата , цената на чинење на годишното производство, и вкупните годишни приходи.
Економско инвестиционата студија треба да  содржи и план за справување со ризици кој план кај пчеларството е од особена важност порадивисоките ризици кои ги намалуват приносите и бројот на продуктивните заедници.

-Основните средста во инвистицијата завземаат значајно место. Тука пред се спагаат
·    Земјиштето за локација на пчеларникот кое треба да се адаптира за сместување на пчелините семејства.
·    Столбови и мрежа за оградување на пчеларникот.
·    Постојки(палети) за поставување на пчелините сандуци
·    Пчеларска кукичка која може да биде монтажна од дрвен и лесен матријал.
·    Трнспортно возило
·    Центрифуга за мед
·    Топилник за восок
·    Трајна амбалажа
·    Пчеларска вага
-Потребни средства за работа
·    Пчелини сандуци -со потребната опрема
·    Вароа подници
·    Преградни подници
·    Чистачи на подниците
·    Ханеманова решетка
·    Хранилки
·    Поленофаќачи

-Деловен инвентар
-Алат и прибор за работа со пчели
    Дималка
    Пчеларско одело
    Пчеларска капа
    Пчеларски нож
    
   -Алат и прибор за поставување на сатните основи
    Електричен жврк
    Нож за сечење на сатните основи
    -Алат и прибор за одземање на медот
    четка за отстранување на пчелите
    вилушка за отклапање на медот
    електричен нож за отстранување на медните поклопки
    сита за цедење на медот
-Алат за производство на матици нивен транспорт и чување
   Јентеров апарат за производство на матици
    Факач на матици
    Прибор за одбележување на матиците
    Игли за пресадување на ларвита
    Матични кафези
    Епрувети за манипулација со матиците
    Ројофаќачи
-Алат и прибор за одржување на пчеините сандуци
    Класичен алат (чук,клешти,тесла ,струг идр.)
    четки за бојадисување
-Пчелини семејства - набавката на пчелините семејстава е една од најзначајните  работи .  При набавката на пчелините семејства  терба да се посвети големо внимани на :
Расата на пчелите
Здравствената состојба на пчелините семејства
Староста на матицата
Набавката треба да се направи во рана пролет(април,мај а најдобро е тоа да бидат голи роеви.) за да има можност пчелината заедница добро да се развие и да се припреми за зимување.
При набавката на Пчелини заедници најдобро е да се консултира напреден пчелар . Средствата вложени во роевите доколку тие добро се избрани можат да се вратат уште првата година.
Рекапитулација на вложувањата во основни средства
Материјални трошоци

·   
Енергија
Гориво за транспорните средства
Електрична енергија
·    Услуги
Лабораториска анализа и испитување на квалитетот
Сертифицирање
Етикетирање

·    Останато
Трошоци за списанија и литературе
Посета на саеми и изложби
Посета на семинари, предавања
·    Трошоци на продажбата и маркетингот.

Рекапитулација на вкупните трошоци:
Плата за вработените
Даноци и придонеси
Цена на чинење на годишното производство
Материјални и други трошоци
Амортизација


Вкупна реализација од годишното производство
Мед
Восок
Полен
Прополис
Млеч
Пчелин отров
Роеви
Матици

    Вкупна реализација Приходи
   -Цена на чинење Расходи
    Остварен профи
 
 
Коментари (1)
1 Понеделник, 14 Јуни 2010 12:18
Џоко
Здраво ,каде може да најдам да купам сентрифуга за мед
со 4 или 6 рамки рачен погон ,поздрав
yvComment v.1.19.3